Свет
Русија бара гаранции од Тимошенко за поддршка на изборите
Средба на премиерите на Украина и Русија, Јулија Тимошенко и Владимир Путин, на која ќе се разгледуваат повеќе отворени прашања меѓу двете земји
Средба на премиерите на Украина и Русија, Јулија Тимошенко и Владимир Путин, на која ќе се разгледуваат повеќе отворени прашања меѓу двете земји, ќе се одржи денеска во Москва.
Русија очекува украинската премиерка Јулија Тимошенко, за време на денешната средба, да го намали гневот на Москва во врска со модернизацијата на украинскиот гасоводот од страна на Европската унија(ЕУ), а со тоа да обезбеди руска поддршка за кандидатурата на следните претседателски избори во Украина.
Тимошенко ќе се сретне со Путин за првпат од зимската гасна криза меѓу двете земји, што доведе до прекин на испораката на руски гас до Европа во текот на јануари. Украинската премиерка помогна за изготвување договор кој стави крај на кризата, но ја разочара Москва во март со поддршката за зделката со ЕУ за модернизирање на украинската гасоводна мрежа.
Тоа предизвика губење на довербата на Путин кон неа и ги одложи преговорите за заем од пет милијарди долари за помош на украинската економија да ги исплати заостанатите долгови за гас.
Аналитичарите исто ги разгледуваат и можните закани за енергетската безбедност на Европа од бурните односи меѓу двете бивши советски републики.
Какви и да било позитивни сигнали може да навести идното приближување на Москва кон Тимошенко, во случај таа да победи на претседателските избори во Украина по четири и пол години затегнати односи со прозападното раководство на земјата. /крај/бг/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Блинкен остро ја обвини Кина
Американскиот државен секретар Ентони Блинкен ја критикуваше поддршката на Кина за руската одбранбена индустрија на италијанскиот остров Капри, велејќи дека Пекинг во моментов е главен снабдувач на Москва со клучни компоненти за оружје за војната во Украина.
Тој рече дека акциите додаваат масло на „најголемата закана за европската безбедност од крајот на Студената војна“.
Говорејќи на прес-конференцијата по повод крајот на состанокот на министрите за надворешни работи на Г7 на италијанскиот остров Капри, Блинкен рече дека Вашингтон многу јасно им ставил до знаење на Пекинг и на другите дека не треба да им помагаат на руските воени напори во Украина.
„Кога станува збор за основите на руската одбранбена индустрија, главниот придонесувач во моментов е Кина. Имаме индикации дека Кина испраќа машински алати, полупроводници и други предмети со двојна употреба за да и помогне на Русија да ги обнови своите одбранбени индустриски залихи“, рече Блинкен.
„Кина не може да ги има и двете. Не може да си го дозволи тоа. Сакате да имате позитивни и пријателски односи со земјите во Европа, а во исто време ја поттикнувате најголемата закана за европската безбедност од крајот на Студената војна“, рече Блинкен.
САД ја предупредуваат Кина да не ги помага воените напори на Москва по руската инвазија на Украина во февруари 2022 година, која дојде само неколку недели откако Русија и Кина прогласија „партнерство без ограничувања“.
Самата германска министерка за надворешни работи Аналена Баербок изрази загриженост за прашањата што ги покрена Блинкен.
„Ако Кина отворено води сè посилно партнерство со Русија, која води нелегална војна против Украина, ние нема да можеме да го прифатиме тоа“, рече Баербок по состанокот со колегите од Г7 во Капри.
Американските власти минатата недела ги информираа новинарите за материјалите што Кина и ги доставува на Русија, вклучувајќи беспилотни летала и ракетна технологија, сателитски снимки и машински алати, кои не се смртоносни оружја, но и помагаат на Русија да ја обнови воената опрема за да ја одржи својата двегодишна војна во Украина.
Свет
Во Индија почнаа изборите, кои ќе траат шест недели, а ќе гласаат речиси 970 милиони
Денеска, почнаа најобемните избори во светот, а речиси 970 милиони регистрирани гласачи во Индија учествуваат во овој огромен процес, кој ќе се одвива во седум фази и ќе трае дури шест недели.
Премиерот Нарендра Моди се надева дека ќе освои трет последователен мандат во земјата со 1,4 милијарда жители. Гласачите, всушност, не го избираат директно премиерот, туку 543-те пратеници на Лок Сабха, долниот дом на парламентот на најнаселената земја во светот, објави „Дојче веле“.
На натпреварот учествуваат шест национални партии, 57 партии од индиските сојузни држави и 2.597 помали партии. Сепак, главната трка ќе биде меѓу двете најголеми политички партии во Индија: владејачката Индиска народна партија (БЈП) и опозицискиот Индиски национален конгрес (ИНЦ) или скратено Конгресната партија.
За да се спротивстави на владејачката БЈП и премиерот Моди, Конгресната партија формира сојуз од 28 партии, наречен Индиски национален развој – инклузивен сојуз.
Според анкетите, премиерот Моди и неговата хинду-националистичка БЈП се очекува да победат на изборите оваа година.
Моди е популарен лидер, делумно благодарение на агендата насочена кон хинду-мнозинството во Индија, кое сочинува 80 отсто од населението.
Свет
Русија повика на воздржаност помеѓу Израел и Иран
Русија повика на воздржаност по информациите за напад на Израел врз Иран.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави денеска за новинарите дека Русија ги проучува деталите за нападот и дека ќе го коментира кога ќе се разјасни неговата природа.
„Во секој случај, без разлика на сѐ, продолжуваме да се залагаме за воздржаност од двете страни за да нема дејства што би предизвикале натамошна ескалација на тензиите во регионот“, рече Песков.
Русија и Иран имаат блиско партнерство. За време на инвазијата на Украина, Москва користи беспилотни летала „Шахед“ од иранско производство.