Свет
СЗО-Досега починале 20 луѓе од грипот А, заболени 787
Новиот грип А (H1N1) досега одзеде 20 животи, а регистрирани се 787 заболени
Новиот грип А (H1N1) досега одзеде 20 животи, а регистрирани се 787 заболени.
Според најновите податоци на Светската здравствена организација (СЗО) во жариштето на болеста Мексико се регистрирани 506 заболени и 19 починати. Во САД се регистрирани 160 заболени и едно починато лице.
Заболени досега се потврдени во Канада (85), Шпанија (20), велика Британија (15), Германија (6), Нов Зеланд (4), Израел (3) и по двајца заболени во Франција и во Италија.
По еден случај е регистриран во Ирска, Костарика, Швајцарија, Австрија, Хонг Конг, Данска, Холандија и Јужна Кореја.
Според агенциите кинеските власти затвориле педесетина здрави Мексиканци во карантин стравувајќи од ширење на новиот вирус. Мексиканците, кои во најголем број се деловни луѓе и биле во Кина како транзит, се задржани во хотелите и другите установи во неколку кинески области, меѓу кои е и Хонг Конг.
На другата страна на светот во Канада еден работник, кој се вратил од Мексико, ги заразил со новиот вирус свињите на фармата на која работи. Според канадските власти работникот закрепнува, исто како и животните.
Можноста животните да ја пренеле заразата на човекот е многу мала, изјави претставник на канадската агенција за инспекција на храната, а СЗО претходно нагласуваше дека нема доказ ото грипот од свињите преминува на луѓето и дека консумирањето свинско месо не претставува опасност./крај/бт/хи/мп
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Двајцата осомничени за убиството на малата Данка испратени во Специјалната затворска болница
Двајцата осомничени Срѓан Јанковиќ и Дејан Драгијевиќ денеска се испратени во Специјалната затворска болница во Белград на психијатриско вештачење, пишува „Телеграф“.
Во написот медиумот пишува дека осомничениот Дејан Драгијевиќ (50) деталите за убиството на детето ги изнесе во Вишото јавно обвинителство во Заечар. Сепак, тој не сакаше да открие каде го оставил телото на Данка.
Срѓан Јанковиќ (50) не зборувал за делото.
Во Вишото јавно обвинителство во Заечар биле сослушани и родителите на Данка, Ивана и Милош, кои, како што се наведува, опишале како течел денот кога исчезнала ќерка им.
Додека давале исказ, во иста просторија седеле и осомничените за убиството на детето.
Пред рочиштето исказ за „Телеграф“ дал таткото на убиената Данка.
„Смртната казна не им е доволна, треба да бидат во затвор до крајот на животот. Тоа се чудовишта, она што постојано го доживуваме не се опишува. Тоа може да го разбере само родител. Неколкупати ни дојде полиција, ѝ зедоа разни работи на Данка, ништо не знаеме, ниту за крвта на патот ниту во автомоблилот, ништо. Не ни е јасно зошто не се јавиле во итната помош, зошто не помогнале, но го направиле ова што го направиле. Тоа што јас и Ивана постојано страдаме е страшно, разни луѓе ни се јавуваат, нѐ навредуваат, ни ја префрлаат вината. Морав да побарам да го сменам бројот, не можеме повеќе. Кога сѐ ќе заврши, ќе кажеме сѐ“, рече тој.
Свет
Израел ја бобмардира Рафа, најмалку пет лица загинаа, меѓу кои и две деца
Здравствените власти соопштија дека најмалку пет лица загинале во израелските воздушни напади врз јужниот град Рафах во Појасот Газа.
Две деца, идентификувани во болничката евиденција како Шам Наџар (6) и Џамал Набахан (8), се меѓу убиените во нападите извршени во текот на ноќта и денеска, објави АП.
Членовите на семејството за американската агенција изјавиле дека биле убиени додека се обидувале да се преселат во северниот дел на Газа и дека израелската армија ги спречува луѓето да се вратат во своите домови.
Свет
Емануел Макрон: Постои ризик Европа да умре
Францускиот претседател Емануел Макрон за време на говорот на Универзитетот „Сорбона“ во Париз изјави дека постои ризик Европа да умре.
Макрон истакна дека битката за изградба на силна Европа е далеку од завршена и ризикува да заостане зад светските ривали во наредната деценија, пренесува „Ројтерс“.
Европа, како што оцени Макрон, е на пресвртна точка и мора да стори повеќе за да се натпреварува со забрзаното вооружување на своите глобални ривали.