Контакт

Свет

Околу 3,5 мил.деца во САД на прагот од глад

Објавено пред

Околу 3,5 милиони деца во САД помлади од пет години, постои ризик да гладуваат поради сиромаштија, проценуваат американските организации

Околу 3,5 милиони деца во САД помлади од пет години, постои ризик да гладуваат поради сиромаштија, проценуваат американските организации за борба против гладот.

Податоците покажуваат дека околу 17 проценти од децата би можеле да стекнат ментални или пореметувања на развојот поради недоволна или исхрана со лош квалитет.

Студијата покажува и дека опасноста од гладување загрозува над 20 проценти од петгодишниците во 11 сојузни држави.

Најлоша е состојбата, како што се наведува, во Луизијана, а потоа следат Северна Каролина, Охајо, Кентаки, Тексас, Канзас, Јужна Каролина, Тенеси, Ајдахо и Арканзас.

Според податоците на Министерството за земјоделство, 11 проценти од жителите на овие држави, и пред економската криза, “немале доволно храна за здрав и активен живот“./крај/ме/ис



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Чешкиот министер за внатрешни работи одби да го коментира случајот на Сафронов

Објавено пред

Првиот вицепремиер и министер за внатрешни работи на Чешката Република, Јан Хамачек, одби да ги коментира извештаите дека Иван Сафронов, советник на шефот на „Роскосмос“ и поранешен дописник на весниците „Комерсант“ и „Ведомости“, им доставувал информации на специјалните служби на Чешка, објави „ Деник Н.“.

„Немам коментар“, изјави Хамачек.

Адвокатот на Сафронов, Иван Павлов, претходно изјави за ТАСС дека во досието за случајот на неговиот клиент, САД се споменуваат како земја што добила тајни информации преку чешките специјални служби.

Сафронов беше приведен на 7 јули утрото додека го напуштил станот. Службата за односи со јавност на Федералната служба за безбедност на Русија (ФСБ) информираше дека Сафронов е осомничен дека му предал доверливи државни тајни на претставник на една од разузнавачките служби на НАТО и бил уапсен од агенти на ФСБ.

Обвинителството започна кривична постапка по обвинението за државно предавство против Сафронов, кој сега се соочува со 20 години затвор. ФСБ додаде дека истрагата продолжува. Претходно, „Роскосмос“ информираше дека Сафронов е уапсен, но нагласи дека апсењето не е поврзано со неговите тековни должности како советник на компанијата.

Адвокатот Евгениј Смирнов подоцна изјави дека ФСБ се сомнева во Сафронов за пренесување на информации на чешките специјални служби за испорака на оружје од Русија кон Блискиот Исток и Африка. Сафронов се изјасни за невин пред судот. Според извор на ТАСС, тој одбил да соработува за време на сослушувањето.

Генералниот директор на „Роскосмос“, Дмитриј Рогозин, во вторникот изјави дека Сафронов, кој претходно работел за „Комерсант“ и „Ведомости“, бил поканет да ги покрива активностите на „Роскосмос“ пред месец и половина и немал пристап до класифицирани информации.

„Не се сомневав во неговиот висок професионализам и лична пристојност“, додаде Рогозин.

Рускиот весник „Комерсант дејли“, каде Сафронов работел помеѓу 2010 и 2019 година, издаде изјава за поддршка на Сафронов, нарекувајќи го вистински руски патриот. Руските весници „Ведомости“ и „Новаја газета“, медиумската група РБК и ТВ каналот „Дожд“, исто така, ја објавија својата поддршка за Сафронов.

Дел од поранешните колеги на Сафронов се собраа пред седиштето на ФСБ во центарот на Москва во вторникот попладне за да покажат солидарност. Неколку новинари, вклучително и од „Комерсант“, беа приведени во текот на протестите.

Прикажи повеќе...

Свет

Мнозинството Швеѓани сакаат помалку баратели на азил

Објавено пред

Мнозинството Швеѓани велат дека сакаат да видат помалку апликации за азил отколку што земјата добила во 2019 година, при што процентот на тоа мислење е зголемено во однос на резултатите од слична анкета спроведена минатата година, пренесува СВТ.

Анкетарската агенција „Новус“ открива  дека 63 отсто од Швеѓаните сакаат помалку баратели на азил од минатата година, кога земјата прифати околу 22.000 нови барања. Резултатите се за седум отсто повисоки од анкетата „Новус“ спроведена минатата година, на која 56 отсто од испитаниците рекле дека сакаат помалку барања за азил.

Бројот на оние што сметаат дека треба да има повеќе барања за азил, исто така, се намали во однос на анкетата од минатата година. Само осум отсто изјавиле дека сакаат да повеќе баратели на азил да пристигнат во Шведска. Во меѓувреме, 19 отсто изјавиле дека би прифатиле ист број на баратели на азил како минатата година.

„Новус“ исто така ги праша Швеѓаните дали мислат дека земјата треба да има ограничување на апликациите за азил годишно и за кој број сметаат дека е соодветен.

Најголемата група, 29 отсто, изјавиле дека не знаат, додека 28 отсто рекле дека би прифатиле под 10.000 бањара, 16 отсто не би прифатиле барања за азил, а 11 отсто рекле дека не треба да има ограничување.

Резултатите доаѓаат само неколку дена откако шведскиот премиер Стефан Лофвен ја отфрли идејата за горна граница за барања за азил, велејќи дека границата ќе биде во спротивност со идејата за азил. Сепак, тој рече дека Шведска би ја играла својата улога како членка на Европската Унија, но не и кога станува неодржлива.

Во моментов Шведска расправа за сопствените политики за азил додека многумина од десницата бараат повеќе ограничувања, а оние во Зелената партија се заканија дека ќе ја напуштат владата ако се воведат остри ограничувања.

Помеѓу 2010 и 2019 година, Шведска им издала дозволи за престој на околу 1,2 милиони мигранти, стотици илјади од нив баратели на азил, и дозволи за повторно обединување на семејството.

Прикажи повеќе...

Регион

(Видео) Вучиќ ги осуди протестите: Сведоци сме на брутално политичко насилство

Објавено пред

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ ги осуди синоќешните протести организирани пред Националното собрание, оценувајќи ги како „акт на политичко насилство“.

„Синоќа во Белград бевме сведоци на најбрутално политичко насилство во последните неколку години. Во изминатите осум години, Република Србија целосно ја почитуваше слободата на собирање и демонстрација, како и различно мислење“, рече тој.

„Синоќа, иако некои се обидоа да го оправдаат тоа со коронавирусот, бевме сведоци на политички протест којшто не беше пријавен, се случи луѓето што се со десничарска ориентација да ја нападнат зградата на Националното собрание и да влезат во неа, што значи да се извршат најмалку две кривични дела“, рече тој.

Вучиќ додаде дека полицијата реагирала дури кога собраните лица почнале да ја вандализираат зградата на Националното собрание.

„Соочени со сето ова, полицијата презеде законски мерки. Пристојни и мирни луѓе можеа да видат како тие луѓе се однесуваа меѓусебно и како малтретираа полициски службеници. Пет полициски возила беа запалени, 43 полицајци беа повредени, а едниот има фрактура на черепот“,рече Вучиќ, а потоа покажа и фотографии од полицајци, од кои некои биле нападнати со нож.

Вучиќ истакна дека е нанесена голема материјална штета, како и штета на угледот на Србија.

„Ги разбирам политичките фрустрации, но нема да дозволиме никој да го уништи мирот во Србија. Тоа е пораката до оние внатре и оние што се надвор“, рече Вучиќ.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион24 минути

(Видео) Вучиќ ги осуди протестите: Сведоци сме на брутално политичко насилство

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ ги осуди синоќешните протести организирани пред Националното собрание, оценувајќи ги како „акт на политичко насилство“....

Македонија26 минути

За гласање на изборите се пријавиле 137 заболени со коронавирус

Вкупно 137 лица позитивни на коронавирус се пријавиле за гласање на предвремените парламентарни избори, а Државната изборна комисија добила пријави...

Македонија46 минути

163 новозаболени од Ковид-19 во земјата, починаа осум лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.794 тестирања, а регистрирани се 163 нови случаи на...

Македонија3 часа

Владата итно ќе одлучува за ПЦР-тестот за патници од регионот

Премиерот Оливер Спасовски информира дека Комисијата за заразни болести ѝ препорачала на Владата од утре при влез во нашата земја...

Регион3 часа

Белград по синоќешниот хаос – запалени автомобили, смет, скршени стакла

Заменик-градоначалникот на Белград, Горан Весиќ, објави на „Фејсбук“ фотографии од хаосот што остана на улиците на Белград по синоќешните немири....

Регион4 часа

(Видео) Демонстрант во Белград: Тато, ова е за тебе затоа што почина бидејќи немаше респиратор

Новинарка на телевизијата „Н1“ пред српскиот парламент ја сними шокантната исповед на Петар Ѓуриќ, син на познатиот уметник Љубиша Ѓуриќ,...

Регион4 часа

(Видео) Полицијата со палка тепа момчиња што мирно седат на клупа во Белград

Полицијата во Белград, по неколкучасовни масовни протести, почна да ги тепа луѓето, дури и оние што седат мирно. Како што...

Македонија5 часа

ИЈЗ: Намалување на бројот на новозаболени и починати, зголемување на бројот на оздравени

Неделниот извештај на Институтот за јавно здравје за периодот од 29 јуни до 5 јули 2020 година бележи намалување на...

Свет6 часа

Мистериозен синдром поврзан со коронавирусот предизвикува оштетување на мозокот кај децата

Коронавирусот може да предизвика големи невролошки проблеми кај некои деца, откриле научниците. Иако на младите им е полесно да се...

Свет6 часа

(Видео) Автобус полн со матуранти во Кина падна од мост во езеро, најмалку 21 загинат и 15 повредени

Најмалку 21 човек загина, а 15 се повредени кога автобус излета од патот и падна во езеро во Кина. Автобусот...

Свет7 часа

Во САД над 3 милиони заразени со Ковид-19

Бројот на заразени со коронавирус во САД надмина три милиони, сè повеќе сојузни држави бележат рекорден број нови случаи, а...

Македонија7 часа

Задолжителен тест за граѓаните на Србија, Косово, БиХ и на Црна Гора при влез во земјата, препорача Комисијата за заразни болести

Комисијата за заразни болести утрово одржа состанок, на кој донесе одлука да достави предлог до Владата од утре при влез...

Регион7 часа

(Видео) Солзавец и оклопни возила на протестите во Белград по најавата за нов полициски час

Полицијата во Белград утрово успеа да ги растера демонстрантите што од синоќа протестираа по најавата на претседателот на Србија, Александар...

Свет19 часа

СЗО: Епидемијата се забрзува, се појавуваат докази дека вирусот се пренесува преку воздух

Светската здравствена организација (СЗО) предупреди дека епидемијата на коронавирус се забрзува и дека се појавуваат докази за пренесување на Kовид-19...

Регион22 часа

Србија го враќа полицискиот час, забрана за движење од петок до понеделник

Од утре во Србија ќе биде забрането собирање на повеќе од пет луѓе во отворен и затворен простор, а од...

Македонија22 часа

ДИК ќе прави симулација на изборниот ден во услови на пандемија

Државната изборна комисија утре ќе спроведе симулација на процесот на гласање под посебните протоколи поради пандемијата на коронавирус. Симулацијата ќе...

Регион1 ден

Грчки медиуми: Повеќето од туристите од Србија се позитивни на Ковид-19

Грчките медиуми пренесуваат дека повеќето од туристите од Србија се позитивни на Ковид-19, а тоа е и половина од новите...

Македонија1 ден

Нови 120 заболени и петмина починати од коронавирус во земјата

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.367 тестирања, а регистрирани се 120 нови случаи на...

Македонија1 ден

(Видео) Со цитати од Конески и Мартиновски, Ципрас упати поддршка до Заев

Претседателот на грчката партија СИРИЗА и поранешен премиер на Грција, Алексис Ципрас, упати видеопорака со поддршка на претседателот Зоран Заев,...

Македонија1 ден

Јово Вангеловски обвинет за злоупотреба на службената положба

Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје поднесе обвинителен предлог против поранешниот претседател на Врховниот суд, Јово Вангеловски,...

Досие