Свет
Папата ја одржа првата миса во Ерусалим
Римокатоличкиот поглавар папата Бенедикт XVI денеска изјави дека во Ерусалим нема место за “насилство“ и “одмазда“
Римокатоличкиот поглавар папата Бенедикт XVI денеска изјави дека во Ерусалим нема место за “насилство“ и “одмазда“, на богослужбата на првата миса одржана во Маслиновата гора пред неколку илјади лица.
“Овој град, како микрокосмосот на нашиот глобализиран свет, мора да биде место каде се изучува универзалност, почитување на другите, дијалог и заемно разбирање“, изјави папата, во обраќањето на насобраните кои ги благослови веднаш по пристигнувањето.
Верниците носеа национални знамиња на бројни држави, меѓу кои на Мексико, Филипини, Колумбија, Израел и Полска.
Ватикан, претходно, соопшти дека местото на кое папата ја одржа мисата може да прими околу шест илјади верници.
Папата ги повика евреите, христијаните и муслиманите да “бидат први кои ќе ја поддржат културата на помирување и мир, и оти нема да бидат обесхрабрени од бавноста со која се напредува, ниту оптоварени со тешкото бреме на минатото“./крај/бе/ис
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Драма во Америка: во куќа пронајдени тела на пет лица, меѓу нив и деца
Телата на пет лица, меѓу кои и две деца, се пронајдени во куќа во Оклахома Сити, соопшти денеска американската полиција.
Получникот Гери Најт од полицијата на државата Оклахома изјави дека загинатите биле семејство и дека починале од насилна смрт, пренесува „Ен-би-си њуз“.
Најт додаде дека полицијата сè уште не може да открие што точно откриле инспекторите.
Полицијата беше испратена во дом на 20-ина милји западно од центарот на Оклахома Сити под сомнение дека таму се наоѓаат телата, рече Најт.
Според него, на сите тела имало повреди, кои изгледале како да се работи за убиство.
Свет
Швајцарија ги замрзна руските средства во вредност од 5,8 милијарди франци
Швајцарија го замрзна рускиот имот во вредност од 5,8 милијарди швајцарски франци или 5,95 милијарди евра, објави денеска Државниот секретаријат за економски прашања на земјата (SECO).
Оваа бројка се однесува на вкупната вредност на руските средства замрзнати од Швајцарија од почетокот на војната во Украина до крајот на 2023 година.
Вредноста на замрзнатите руски средства во Швајцарија е значително помала отколку на крајот на 2022 година кога изнесуваше 7,5 милијарди швајцарски франци, пренесува „Ројтерс“.
Регион
(Видео) Во Хрватска падна снег
На подрачјето на Горски Котар во Хрватска синоќа падна снег, а на места имаше и вистинска снежна покривка.
Снег ја зафати и горанската делница на автопатот А6 Риека – Загреб, но работниците на зимската служба минаа низ снегот и до утрово нема ограничувања во сообраќајот, јавува Н1.