Свет
Муратовски бара 160.000 евра од Владата
Синдикалниот лидер Ванчо Муратовски годинава бара Владата да даде 10 милиони денари (над 160.000 евра) за поддршка за Сојузот на синдикатите на Македонија, дознава “Дневник”.
ССМ годинава САКА повеЌе ПАРИ ОД државата
Синдикалниот лидер Ванчо Муратовски годинава бара Владата да даде 10 милиони денари (над 160.000 евра) за поддршка за Сојузот на синдикатите на Македонија, дознава “Дневник”.
ССМ бара пари за седум проекти за едукација на членството, за што во изминатите две години веќе доби седум милиони денари од државниот буџет. Овие пари се одобруваат во рамките на програмата на Владата за финансиско помагање на невладиниот сектор.
Во ССМ сакаат Владата годинава да им даде двојно повеќе пари од побараните. Синдикатот лани за оваа намена доби 4,5 милиони денари, а во 2003 година – 2,5 милиони денари.
– Нашето членство е големо и постојано има потреба да се одржуваат семинари и работилници за негова едукација. Дел од парите се потребни и за едукација на женската и на младинската организација во ССМ. Добро би било годинава да добиеме повеќе пари бидејќи аплициравме со повеќе проекти – вели Илија Рајчановски, раководител на секторот за финансирање во ССМ.
Од другите независни синдикати жестоко реагираат на тоа што Владата му дава пари на Сојузот на синдикатите и сметаат дека на тој начин на ССМ му се врзани рацете за да ги застапува интересите на членството.
– Како Ванчо Муратовски ќе и се спротивстави на Владата кога добива пари од буџетот. Каде воопшто се трошат тие пари. Прашајте некој од членовите дали присуствувале на работилници и каква едукација добиле од ССМ. Ќе заклучите дека парите се трошат само за одреден круг луѓе – тврдат синдикалци.
Во ССМ демантираат дека парите ги трошат ненаменски бидејќи имале обврска во рок од 30 дена по реализацијата на проектот да му дадат отчет на Министерството за финансии.
– Секоја година подготвуваме извештаи за тоа како се потрошени парите. Ако не дадеме отчет за претходната, немаме право во тековната година да учествуваме на јавниот конкурс што го објавува Владата – дециден е Рајчановски. Распределбата на парите од буџетот за финансирање на невладиниот сектор годинава доцни веќе два месеца. Владиниот портпарол Сашо Чолаковски вчера го потврди тоа, но од Владата нема официјални информации зошто Комисијата, со која раководи министерот за труд Стевчо Јакимовски, се уште не одлучила за распределба на парите.
– Комисијата веќе заседаваше и сега се утврдува која невладина организација колку пари ќе добие. Сега се разгледуваат проектите и се оценува дали се издржани и практично применливи. Во наредната недела се очекува да се донесе одлука за распределба на парите – соопштуваат од Министерството за труд. Министерот Јакимовски поради присуство на владината седница вчера беше недостапен да објасни зошто Комисијата доцни два месеца.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шолц: Војната во Украина може да трае уште неколку години
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека верува оти војната во Украина може да се пролонгира уште неколку години.
„Никој не може да каже дали оваа војна ќе трае можеби пет години“, рече Шолц вечерва во источниот германски град Кемниц.
Тој ја бранеше германската воена помош за Украина и додаде дека заедно со неа мора да се негува и дипломатијата.
„Меѓутоа, од почетокот на војната, рускиот претседател Владимир Путин не покажа знаци на движење напред“, рече тој.
„Диктиран мир е неприфатлив. Не смее да се дозволи да се извлече со ова“, додаде германскиот канцелар.
Свет
Шефот на НАТО: Никој нема корист од војната на Блискиот Исток
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изрази загриженост за ситуацијата на Блискиот Исток по израелскиот напад врз Иран.
„Клучно е конфликтот да не излезе од контрола и затоа ги повикуваме сите страни на воздржаност“, изјави Столтенберг денеска во Брисел. „Никој нема корист од војната на Блискиот Исток“, рече тој.
Израел го нападна иранскиот Исфахан
Според извештаите на медиумите, Израел ја нападнал иранската провинција Исфахан рано во петокот како одговор на големиот ирански напад со беспилотни летала и ракети минатиот викенд.
Според израелскиот весник Jerusalem Post, нападот бил насочен кон воздушна база во Исфахан, недалеку од иранските нуклеарни постројки. Сепак, според Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), нуклеарните капацитети не биле погодени.
Свет
Шефот на МААЕ: Не ги напаѓајте иранските нуклеарни постројки
Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, ги предупреди земјите да не ги напаѓаат иранските нуклеарни постројки.
Во Исфахан, каде што беше извршен нападот, има неколку нуклеарни постројки во земјата. Гроси за програмата на Би-би-си Радио 4 изјави дека му олеснало кога слушнал дека ниту една нуклеарна постројка не била погодена во нападот.
„Нападот врз иранските нуклеарни постројки би бил страшна работа“, вели Гроси.
Тој смета дека во светот деновиве се појавува прашањето за таргетирање на нуклеарни постројки и дека МААЕ го смета за жално.