Свет
Пендовска го смени мислењето
Менаџерскиот тим М6 законски си ги купи акциите на винарската визба „Тиквеш“, реагираа вчера од брокерската куќа „Инвестброкер“, откако Комисијата за хартии од вредност (КХВ) обелодени дека преземањето на визбата било незаконско и оспори три блок-трансакции што ги реализирала токму таа брокерска куќа
Менаџерскиот тим М6 законски си ги купи акциите на винарската визба „Тиквеш“, реагираа вчера од брокерската куќа „Инвестброкер“, откако Комисијата за хартии од вредност (КХВ) обелодени дека преземањето на визбата било незаконско и оспори три блок-трансакции што ги реализирала токму таа брокерска куќа. Од „Инвестброкер“ се зачудени зошто комисијата сега ја оспорува понудата на акциите, кога пред три месеци соопшти оти М6 успешно го купил „Тиквеш“. Според КХВ, пак, брокерите од „Инвестброкер“, куќа во сопственост на М6, за нив купиле акции без да има понуда за тоа.
Од КХВ вчера не го коментираа решението со кое „Инвестброкер“ заработи јавна опомена за спорните трансакции. Весна Пендовска, претседателка на Комисијата, не сака да објасни зошто оспорува трансакции за кои пред три месеци категорично тврдеше дека се во согласност со истиот закон, според кој сега ги товари.
Нерасположени за коментар беа и другите членови на комисијата што се потпишани на решението. Нејасно е дали покрај јавната опомена „Инвестброкер“ ќе заработи и парична казна, како што тоа го предвидува членот 69 од истиот закон. Според него, казната за правни лица што не постапиле законски е околу 300.000 денари. Незаконски стекната акција веднаш ги губи правото на глас, правото на управување и на дивиденда. Според нашите информации, станува збор за 42.000 акции или вкупно 22 отсто од акциите со право на глас. На таков начин Свето Јаневски и неговите партнери од М6 го загубија правото да управуваат со нив. Од „Инвестброкер“ вчера соопштија дека издаденото решение не значи дека тие акции се поништени или загубени.
– Независно од последното решение на Комисијата за хартии од вредност, во капиталната структура на „Тиквеш“ не се менува ништо – велат од „Инвестброкер“.
Повредата на правилата за работа со долгорочни хартии од вредност, за што ги обвини комисијата, не било незаконско дејство, тврдат во таа брокерска куќа.
Антонио Коцевски, поранешен директор на М6, се уште тврди дека групацијата го презела комбинатот шест месеци откако покренала постапка за преземање. Коцевски смета дека со тоа е обезбедена двојно пониска цена за акциите. Тој тврди дека во документите биле наведени лажни наводи за преземањето, бидејќи пишувало дека целта е М6 да се стекне со мнозинскиот пакет акции, а групата веќе поседувала 62 отсто од капиталот.
А. К. М.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Авион со 200 луѓе слета во Јапонија, по слетувањето, почна да чади
Јапонскиот државен радиодифузен сервис NHK објави дека се издигнал чад од авионот на All Nippon Airways, кој денеска слета на аеродромот „Шин Читозе“ во Јапонија.
Летот 71 полета од аеродромот „Ханеда“ во Токио со 200 луѓе. Нема извештаи за повредени.
NHK јавува дека чадот, кој се гледал од пределот на крилата по слетувањето, исчезнал кога моторот престанал да работи. Причината за чадот може да биде истекување нафта, според NHK. Индикаторот во пилотската кабина покажа губење на притисокот на маслото во системот што го контролира авионот.
Една од двете писти на аеродромот „Читосе“ беше затворена по инцидентот.
Во јануари, авион на „Јапонија ерлајнс“ и авион на крајбрежната стража се судрија на аеродромот „Ханеда“ и се запалија. Сите 379 патници и членови на екипажот на JAL се евакуирани, но загинаа пет члена од авионот на крајбрежната стража.
Свет
Путин: Сите вмешани во терористичкиот напад во „Крокус сити хол“ кај Москва мора да бидат казнети
Сите поттикнувачи, спонзори и организатори на терористичкиот напад на концертната сала „Крокус“, во предградието на Москва, мора да бидат идентификувани и казнети, изјави рускиот претседател, Владимир Путин.
„Руските разузнавачки и агенциите за спроведување на законот го истражуваат и испитуваат секој детаљ од овој грозоморен терористички чин во ‘Крокус’ идентификувајќи ги сите инволвирани страни, вклучително и поттикнувачите, спонзорите и организаторите. Никој од нив не смее да избега од праведна казна“, нагласи Путин.
Зад терористичките напади во разни делови на светот стојат и радикални групи и разузнавачки служби на одделни земји, рече рускиот лидер, пренесен од руските медиуми.
„Несомнено, меѓународниот тероризам останува една од најголемите закани на 21 век“, истакна Путин.
.
Регион
Милорад Додик: Република Српска е под постојани санкции предводени од САД
Република Српска е под постојани санкции предводени од САД, изјави на Меѓународниот состанок на високите претставници задолжени за безбедносни прашања во Санкт Петербург, претседателот на Српска Милорад Додик.
Во својот говор Додик укажа на глобалниот проблем поради политички мотивирани санкции.
„Република Српска е директно изложена на овој вид ризик и е под постојани санкции предводени од САД. Ние правиме се што можеме за да ја заштитиме “, рече Додик, кој беше првиот што зборуваше на Состанокот за безбедност како дел од првата пленарна сесија „Обезбедување информациска безбедност во услови на формирање на полицентричен светски поредок: предизвици и можности“.