Свет
Брачен пар „за влакно“ ја избегнал трагедијата на „Ербасот“
Француски брачен пар „за влакно“ ја избегнал трагедијата на урнатиот „Ербас“,
Француски брачен пар „за влакно“ ја избегнал трагедијата на урнатиот „Ербас“, бидејќи не успеале да обезбедат карта за летот на релација Рио де Женеиро-Париз.
„Тоа е чудо. Требаше да се качиме во авионот. Бевме во Бразилија и одлучивме да го скратиме патот, за што побрзо да се вратиме во Монтпеље“, изјавија за локалните медиуми на аеродромот во Рио Де Женеиро, универзитетскиот професор Клод Жафиол и неговата сопруга Аминда.
Професорот дошол во Бразил за да учествува на медицински семинар и планирал со сопругата неколку дена туристички да остане во Јужна Америка, но на крајот тие решиле порано да се вратат.
„Го превртевме и небото и земјата за да го фатиме летот. Не можам да верувам каква среќа имавме. Кога чувме што се случило најпрво се исплашивме, а потоа ни падна жал за патниците“, изјави Амина, додавајќи дека по трагедијата не и е сеедно да се качи во авион и да се врати во Франција.
Меѓу 228-те патници на летот има и хрватски морнар, кој задоцнил на првиот лет, по што се качил на „ербасот“, кој исчезна над Атлантикот. /крај/мс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Нов силен земјотрес ја погоди Грција: се стресе на Крит
Нов земјотрес со јачина од 3,7 степени според Рихтеровата скала ја погоди Грција, соопшти ЕМСЦ.
Земјотресот е регистриран на Крит, на 62 километра од Ираклион, на длабочина од 16 километри.
Земјотресот е регистриран во 12.37 часот по локално време.
Засега нема информации за повредени или материјална штета.
Грција утрово ја погоди силен земјотрес со јачина од 5,7 степени според Рихтеровата скала по што следеа афтершокови.
Регион
Мајката на двегодишната Илиќ донесена во полиција: распитувањето за исчезнувањето на ќерката продолжува
Ивана Илиќ, мајката на двегодишната Данка, е донесена во полиција во Бор, потврдија од полицијата за „Телеграф.рс“.
Нејзиното сослушување продолжува и денеска.
Таа, неофицијално, не е осомничена.
Ќе одговара на прашања за детето, навиките, односот со сопругот, семејството, роднините, пријателите, пренесува медиумот.
Исчезнувањето на детото го пријавила на 26 март годинава во 13.45 часот.
Свет
Полицијата уапси маж во Хемпшир: фрлил 50 мртви животни пред продавница
37-годишен маж е уапсен во Хемпшир откако повеќе од 50 мртви животни биле фрлени пред продавница.
Еден од вработените ја отворал продавницата кога наишол на „ужасна“ сцена, пренесува „Sky News“. Била повикана полиција која пред продавницата пронашла околу 50 мртви зајаци и други животни.
Полицајците на Хемпшир и вооружениот тим истражувале и откриле дека животните биле застрелани со огнено оружје. Дел од животните се заштитени со закон.
Полицијата синоќа соопшти дека тој се уште е во притвор.