Свет
Некој ќе се збогати ако Зоолошката стане градежна зона
Градските власти немаат идеја за што ќе се искористи просторот каде што сега се наоѓа Зоолошката градина ако се остварат најавите на градоначалникот Трифун Костовски таа да се премести на Водно или на некоја друга локација.
Градските власти немаат идеја за што ќе се искористи просторот каде што сега се наоѓа Зоолошката градина ако се остварат најавите на градоначалникот Трифун Костовски таа да се премести на Водно или на некоја друга локација.
Веќе почнаа шпекулациите дека ако овој простор од речиси десет хектари се претвори во градежна зона, некои луѓе ќе заработат огромни пари од изградбата и од продажбата на станови. Како што е познато, Зоолошката градина се наоѓа на мошне атрактивна локација, веднаш до Градскиот парк.
Според податоците од агенциите за недвижности, еден квадратен метар градежно земјиште на тоа место би се продавал за најмалку 200 евра, а таа цена би можела да биде и трипати повисока, ако се знае дека „Веро“ го купи плацот наспроти Народната банка за 510 евра по квадрат. Тоа значи дека за оваа зона од над 96.000 квадратни метри би се инкасирале од 19 до 48 милиони евра. Цената на становите во оваа зона, пак, според огласниците, би била околу 1.000 евра за обичните, а над 1.500 евра од квадрат за поексклузивните апартмани.
За да се премести Зоолошката градина, треба да се промени Генералниот урбанистички план. Постапката за промена почна, но се очекува да трае две до три години. Градските власти најавија дека ќе го испитуваат пулсот на јавноста за оваа идеја.
– Се уште не сме размислувале за тоа што би било со просторот каде што се наоѓа Зоолошката градина, затоа што сакаме да видиме какви ќе бидат реакциите на граѓаните по најавите на градоначалникот дека таа треба да се премести. Ако увидиме дека нема расположение за нова локација, воопшто нема да го осмислуваме тој простор – велат од градската управа.
Оттаму додаваат и дека државата на градот му ги пренела само културните институции, меѓу кои и Зоолошката градина, но не и земјиштето на кое тие се наоѓаат. Затоа, ако се премести Зоолошката, и централната власт ќе одлучува како да се искористи просторот, затоа што тој останува во нејзина сопственост.
Виолета Аларова, градоначалничката на општината Центар, смета дека треба да се искористи шансата да се прошири Градскиот парк.
– Треба да се поддржи идејата на градоначалникот Костовски да се премести Зоолошката на место каде што би имало подобри услови за животните. Но јас сум против овој простор да се направи градежна зона. Градскиот парк со години се стеснуваше, а со евентуалното преместување на Зоолошката, конечно би добиле шанса да го прошириме. Тоа би било одлично место за рекреација, а во него може да се направи и мала зоолошка градина, со птици и со мали животни – смета Аларова.
Г. Т.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Столтенберг свика кризен состанок на Советот НАТО
На барање на Украина, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, за овој петок закажа состанок на Советот НАТО-Украина.
Главна тема на вонредниот состанок ќе биде потребата на Украина од повеќе системи за противвоздушна одбрана и артилериски гранати, изјави Столтенберг во Брисел.
На состанокот треба да присуствува и украинскиот претседател Володимир Зеленски, како и министрите за одбрана на земјите-членки на НАТО. Дали средбата ќе биде организирана преку видео конференција или со физичко присуство, првично не се знае.
Свет
Русија ги повлекува војниците од Нагорно Карабах
Руските воени мировни трупи се повлекуваат од Нагорно-Карабах, потврдија официјални лица од двете земји.
Руските мировници се таму од крајот на ерменско-азербејџанската војна во 2020 година.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, ги потврди извештаите за повлекувањето пред новинарите, но не даде детали.
Веста за повлекувањето ја потврди и азербејџанскиот министер за надворешни работи Хикмет Хаџиев, додавајќи дека двете земји се договориле за тоа.
Хаџиев не објасни зошто војниците се повлекуваат, но се чини дека нивното присуство е излишно откако Азербејџан ја врати целосната контрола врз регионот минатата година.
Во првата половина на 1990-тите, Нагорно-Карабах беше во фокусот на меѓуетничката војна по распадот на Советскиот Сојуз, во која и Ерменија и Азербејџан беа федерални единици.
Тој регион тогаш беше под целосна контрола на бунтовничките Ерменци до војната во 2020 година, кога Азербејџан ја врати контролата врз некои од неговите делови. Таа војна заврши со прекин на огнот и распоредување на 2.000 руски војници во деловите на Нагорно-Карабах кои останаа под ерменска контрола.
Свет
Стопирани сите летови на „Алјаска ерлајнс“ во САД
Американската федерална управа за авијација (ФАА) денеска издаде препорака за стопирање на летовите на „Алјаска ерлајнс“, пишува „Ројтерс“.
Не е наведена причината за приземјувањето.
„Си-ен-би-ес“ објави дека системот на авиокомпанијата што се користи за сметање на тежината и рамнотежата за летови не работи правилно.
Алјаска ерлајнс и ФАА не одговорија веднаш на барањата за коментар.
Како одговор на поплаките од патниците на социјалната мрежа „Икс“, авиокомпанијата соопшти дека работи на тоа што поскоро да ги внесе патниците во авионот.