Свет
Мајкл Џексон 1958 – 2009 , живот и кариера на кралот на поп музиката
„Кралот на поп музиката“ Мајкл Џексон (50), кој почина во четвртокот во болницата УКЛА во Лос Ангелес, каде беше донесен поради проблеми со срцето,
„Кралот на поп музиката“ Мајкл Џексон (50), кој почина во четвртокот во болницата УКЛА во Лос Ангелес, каде беше донесен поради проблеми со срцето, е роден како Џозеф Џексон на 29 август 1958 во гратчето Гери, во американската сојузна држава Индијана, како седмо од деветте деца на Џоe и Катарина Џексон.
Тој имаше пет браќа – Сигмунд „Џеки“, Тириано „Тито“, Марлон и Стивен „Ренди“ и три сестри – Реби, Џенет и Ла Тоја Џексон.
Мајкл ја почна музичката кариера на петгодишна возраст, како фронтмен и вокал на групата „Jackson five”,, формирана во 1984 година.
Првите години „Jackson five”, – Џеки, Џејмајн, Тито, Марлон и Мајкл настапуваа во локалните клубови и барови во Гери, Индијана и се подготвуваа за поголеми музички настапи и аудиции.
Во 1968 Боби Тејлор и групата The Vancouvers ги откриваат The Jackson five и добиваат аудиција кај издавачот Motown Records. The Jackson 5 потпишуваат договор и се селат во Калифорнија.
Нивните први четири синглови – “I Want You Back”, “ABC”, “The Love You Save”, i “I’ll Be There” завршуваат како хитови бр 1 во САД. The Jackson 5 снимаат 14 албуми, а Мајкл четири соло албуми за издавачот Motown.
The Jackson 5 остануваат со Motown до 1976., кога преминуваат во Epic Records, каде групата го задржува името The Jacksons и снима шест албуми од 1976. do 1984., со голем број хитови.
Во 1977, Мајкл дебитира во филмскиот мјузикл “The Wiz” со Дајана Рос и почнува соработка со Quincy Jonesom, кој работи филмска музика.
Quincey Jones е продуцент на првиот соло албум на Мајкл за Epic Records, под името “Off The Wall”,, кој забележа голем успех и рекордни четири синглови бр.1 на американската топ листа.
Во 1982.Мајкл Џексон го објавува најпродаваниот албум во светот на сите времиња ‘Thriller’. Овој албум му носи седум хит синглови на листата ‘Billboard Hot 100 top 10 singles’, повторно уривајќи го рекордот, а продаден е во повеќе од 50 милиони примероци.
Мајкл соработува со најдобрите режисери и продуценти и користи најнова технологија и специјални ефекти, при снимањето на спотот за хитот ‘Billie Jean’. Краткиот 14- минутен филм ‘Thriller’ станува светски хит.
Во 1983, Мајкл за прв пат го изведува легендарниот ‘moonwalk’ , во време кога е светска суперѕвезда.
Во 1984 освојува рекордни осум Grammy награди за албумот ‘Thriller’.
Истата година на последната турнеја на The Jacksona five, Мајкл објавува соло кариера.
Во 1987 го објавува третиот албум ‘Bad’ и започнува светска соло турнеја. Идната година Мајкл ја објавува првата автобиографија во која говори за детството и кариерата. На крајот од 80-те години е прогласен за „Уметник на деценијата“.
Во 1991 го потпишува за Sony Music најголемиот договор за снимање на сите времиња и го објавува четвртиот албум “’Dangerous’. На светска турнеја повторно е во 1992.
Во 1995 го објавува петиот соло албум ‘HIStory’,првиот двоен албум, од кои еден со најголемите хитови.
Во 1996 стапува во брак со Debbie Rowe, медицинска сестра, која се грижеше за неговата депигментација на кожата.
На 13 февруари 1987 им се раѓа синот Prince Michael Joseph и ќерката Paris Michael Katherine Jackson на 3 април 1998.
Истата година, Мајкл го издава ремикс албумот „Blood On The Dance Floor’, со пет нови песни од 38 минутниот филм “Ghosts”, во кој Мајкл игра пет улоги.
Во 2001, Мајкл Џексон го објавува албумот „’Invincible’,со хитот “You Rock My World”.
Смртта на Мајкл Џексон се случи во време додека се подготвуваше за големото враќање со 50 концерти во лондонската О2 арена,идниот месец.
Распоредот на овие концерти се уште стои на неговата интернет страничка www.michaeljackson.com.
Последните години од животот, Мајкл Џексон со следеа правни и финансиски потешкотии, вклучувајќи и распродажба на личните работи со цел да го зачува својот калифорниски Neverland ранч.
Кон средината на 90-те години од минатиот век, Мајкл беше обвинет за сексуално злоставување на 13 годишно момче.Спорот беше решен со спогодба од 22 милиони долари. Наскоро беше обвинет за злоставување на уште едно момче, а подоцна беше ослободен од обвинението од девет точки.
Освен неговото семејство, вклучувајќи ги родителите Џое и Катарина, Мајк остави три деца /крај/ег/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Принцот Вилијам проговори за Кејт Мидлтон: „Жал ми е што не е тука со нас“
При посетата на едно училиште во Велика Британија, принцот Вилијам се извини што неговата сопруга Кејт Мидлтон не била со него.
Конечно се врати на обврските откако извесно време беше на пауза поради приватни причини.
Во разговор со член на персоналот, Вилијам накратко ја спомна сопругата Кејт.
„Жал ми е што Кејт не може да биде тука со нас. Таа сакала”, рекол Вилијам.
Медиумите потсетуваат дека минатиот месец принцезата Кејт Мидлтон објави дека се бори со рак, но во видеото кое го објави не прецизираше за каков вид на рак се работи.
По Божиќ се повлече од јавноста, а во јануари имаше операција на абдоменот.
Европа
(Видео) 19-годишна девојка во Украина се обидела да го продаде синот, барала 23.500 евра
Во украинскиот град Днипро, 19-годишна девојка се обидела да го продаде сопствениот двегодишен син, соопшти локалната полиција, пренесоа украинските медиуми.
Девојката наводно побарала еден милион гривни, што е околу 23.500 евра за своето дете. 19-годишната девојка наводно му го понудила детето на својот познаник и договорила средба со него. Во вторникот полицијата приведе маж додека носел пари на договорена локација.
Девојката наводно рекла дека не сака да се грижи за својот син, па решила да го продаде. Со парите што ги добила планирала да отвори сопствен бизнис.
Детето е земено во полиција и предадено на надлежните органи. Против неговата мајка е подигнато обвинение за трговија со луѓе.
Свет
Русија со најава: Ги преместуваме системите „Искандер“ на границата со Финска
Русија најави дека ќе ги премести ракетните системи способни да носат нуклеарно оружје на границата со Финска. Прокремљскиот весник „Известија“ минатата недела објави дека руското Министерство за одбрана формирало посебна ракетна бригада во руската република Карелија со системи „Искандер-М“, кои можат да лансираат конвенционални и нуклеарни ракети.
Русија ја нарече провокативна, одлуката на Финска за влез во НАТО, а потоа и приемот на Шведска. Искандерите се сметаат за централен дел на новоформираниот руски воен округ Ленинград (ЛМД), кој беше создаден како одговор на пристапувањето на Хелсинки во НАТО.
Генерал-мајор Хари Ора-ахо, поранешен директор на финската воена разузнавачка агенција, го коментираше овој потег.
„Ако ова се оствари, нема да промени ништо“, напиша тој на X. „Во секој случај, ние треба да се браниме од ракетите Искандер“, рече тој, додавајќи дека такви проектили веќе се распоредени јужно од Санкт Петербург.
„Оперативно изгледа апсурдно да се приближуваат вакви ракетни системи со долг дострел до нашата граница, тие се лесни цели за нас“, додаде тој.