Контакт

Свет

Над 150.000 порачки за албумите на Џексон за половина ден

Објавено пред

Повеќе од 150.000 нарачки за дискови и продукција на починатиот Мајкл Џексон пристигнале само за половина ден до Sony Music Japan International

Повеќе од 150.000 нарачки за дискови и продукција на починатиот Мајкл Џексон пристигнале само за половина ден до Sony Music Japan International, пренесува Макфакс.

Компанијата уверува дека плановите за објавување на албумите на пејачот на 8. јули, во предвечерјето на концертите што требаше да се одржат во Лондон, остануваат.

Во моментот не се предвидува издавање на посмртен албум на Мајкл Џексон. /крај/бг/ст



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион

Хрватска воведува национална пензија од 100 евра месечно за лица над 65 години без приходи

Објавено пред

Во Хрватска, лица над 65-годишна возраст, кои немаат никаков приход, а можеби ни имот, треба да добијат 800 куни (околу 107 евра) национална пензија месечно од 2021 година. Хрватското Министерство за труд и пензискиот систем забрзано работат на донесување на нов закон за националните пензии, за што во текот на оваа недела треба да се изјасни работна група составена од експерти, социјални партнери и здруженија на пензионери.

За време на последната парламентарна изборна кампања, ХДЗ вети воведување национална пензија, а според државниот секретар Мајда Буриќ, предлог-законот треба да биде во владина процедура уште во јануари или февруари.

За да добие право на државна пензија на Хрватска, лицето на возраст од 65 години мора да живее во земјата од 45-годишна возраст. Националната пензија би изнесувала 800 куни месечно, и во зависност од критериумите, на неа може да сметаат помеѓу 8 000 и 22000 граѓани во Хрватска кои немаат друг приход.

Прикажи повеќе...

Свет

Пекинг до САД: Повлечете ја одлуката и поправете ја грешката

Објавено пред

Кина остро реагира по објавувањето на весникот „Њујорк тајмс“ дека САД тајно протерале двајца кинески дипломати. Весникот пишува дека кинеските дипломати биле протерани во септември, бидејќи наводно се обиделе да влезат во воената база во американската држава Вирџинија и така да шпионираат.

„Обвиненијата на САД против кинеските дипломати сериозно ја занемаруваат стварноста“ рекол портпаролот на кинеското министерство за надворешнии работи, Генг Шуанг.

Тој додал дека Кина апелира до САД, да ја исправат грешката, да ја повлечат одлуката и да го заштитат кинескиот персонал во амбасадата, со соодветни права загарантирани со Виенската конвенција за дипломатски односи.

Прикажи повеќе...

Свет

(Видео) Обама: Жените се несомнено подобри од мажите

Објавено пред

Ако жени ги управуваат сите држави во светот, тогаш ќе има генерално подобрување во животниот стандард и исходите, порача поранешниот американски претседател Барак Обама, зборувајќи на приватен настан за лидерство во Сингапур.

„Жени, сакам да знаете дека не сте совршени, но тоа што можам да кажам е дека сте несомнено подобри од нас (мажите). Апсолутно сум уверен дека за две години ако секоја нација ја предводи жена, ќе видите значително подобрување насекаде и тоа во се….животниот стандард и исходите“ нагласи тој.

Според Обама, проблемите во светот вообичаено доаѓаат од стари луѓе, претежно мажи, кои се држат на позиција на моќ. Тој исто така зборуваше за политичка поларизација и за употребата на социјалните медиуми за ширење лаги.

На прашањето дали некогаш ќе размисли да се врати во политичко лидерство, тој рече дека верува оти лидерите се издвојуваат кога ќе дојде време.

„Ако го погледнете светот и ги погледнете проблемите, обично тоа се стари луѓе, стари мажи, кои не се тргаат од патот. Важно е политичките лидери да се обидат и да се потсетат дека се таму за да завршат некоја работа, но не се таму доживотно, не се таму за да го поткрепат сопственото чувство за важност на сопствената моќ“ истакна Обама.

Обама беше претседател на САД од 2009 до 2017 година. Откако ја напушти Белата куќа, тој и неговата прва дама, Мишел, формираа фондација за менторство на млади лидери низ целиот свет.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија4 минути

(Видео) Јасна Мандиќ од куќен притвор донесена на распит во Обвинителството

Јасна Ерцеговиќ-Мандиќ, соработничката на Бојан Јовановски, од куќен притвор со полициска придружба беше спроведена во Обвинителството за организиран криминал и...

Македонија1 час

Жителите на Трнодол најавуваат протести и тужба против градоначалникот

Жителите на Трнодол најавуваат протести ако Општина Карпош не го повлече детално урбанистичкиот план кој, како што велат, може да...

Свет2 часа

„Њујорк тајмс“: САД тајно протерале двајца кинески дипломати осомничени за шпионажа

Американската влада тајно протерала двајца официјални претставници на кинеската амбасада по нивниот упад во воената база во Вирџинија, објави „Њујорк...

Свет2 часа

Британски турист убиен пред луксузен хотел во Аргентина

Педесетгодишен британски турист е убиен пред луксузен хотел во Буенос Ариес. Како што пренесуваат светските медиуми, автобус со туристи патувал...

Свет3 часа

Во Виена уапсени двајца Чеченци, планирале терористички напад за Божиќ

Австриската полиција уапси двајца мажи осомничени дека планирале терористички напад во Виена меѓу Божиќ и Нова Година, пренесе Индекс.хр. Од...

Македонија15 часа

Aлфите го пронајдоа детето што се изгуби на кејот на Вардар

Единицата Алфа го пронајде 12 годишниот Мартин кој денеска се загуби во близина на кејот на реката Вардар. Од МВР информираа...

Топ18 часа

Тетовец го пријавил чичко му оти му се заканувал со секира

Шеест и двегодишен маж од Тетово, со иницијали И.И. синоќа бил приведен од страна на полицијата. Како што јави МВР,...

Македонија20 часа

Мицкоски за ексамбасадорот кој репетираше пушка: Го знам од детството, но ќе предложам негово разрешување

На следната седница на Извршниот Комитет, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски ќе предложи разрешување на ексамбасадорот, Томислав Димитровски, кој е...

Македонија20 часа

(Видео) Заев: Судскиот совет да провери зошто се чувале предмети во фиока

Премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев, во воведот од неговиот говор рече дека го радува глетката од преполната сала...

Свет22 часа

(Видео) Најмалку четири лица загинаа во земјотресот на Филипините

Најмалку четири лица загинаа во земјотресот со јачина од 6,9 степени кој го погоди островот Минданао во јужниот дел на...

Спорт1 ден

Македонец е светски првак во УФЦ–Александар „The Great“ Волкановски

Македонецот Александар „The Great“ Волкановски (31) е новиот шампион во УФЦ, во перо категорија. Волкановски утринава во Лас Вегас го...

Економија1 ден

Почна наградната игра „Мој ДДВ #MojaНаграда“

Од денес со скенирање на секоја фискална сметка преку апликацијата МојДДВ, секој полнолетен граѓанин е потенцијален добитник на една од...

Свет2 дена

Уништувањето на шумите во Амазонија достигна највисоко ниво за месец ноември

Уништувањето на шумите во бразилската Амазонија го достигна своето највисоко ниво за месец ноември, откако почна да се бележи неславни...

Македонија2 дена

Заев за ДУИ ќе се консултира во СДСМ и со малите партии

Премиерот Зоран Заев најави внатрепартиски консултации како и разговори со помалите партии на кои ќе се одлучува за поднесувањето на...

Топ2 дена

Пожар во стан во Тетово – еден тешко повреден, десетина затруени

Еден маж е потешко повреден со изгореници, а 10 лица се затруени од чад, во пожарот што се случи денеска...

Македонија2 дена

Врховните судии потврдија дека Јован Врaнишковски перел пари

Врховниот суд го отфрли како неосновано барањето за вонредно преиспитување на пресудата против расчинетиот владика на МПЦ-ОА, Јован Вранишковски. Тројцата...

Македонија2 дена

(Видео) Русковска: На почетокот на јануари се надевам на второ обвинение за „Рекет“

Шефицата на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, Вилма Русковска рече дека втората истрага за случајот „Рекет“ е при...

Македонија2 дена

Николоски тврди дека со СДСМ имале договор: За изборниот модел требаше да преговараме по изборите

Преговорите за Изборниот законик практично влегоа во ќор сокак, по вина на власта којашто на подмолен и недемократски начин, сака...

Македонија2 дена

(Видео) Дескоска, Здравев и Џолев на примопредавање на златната метла

Министерката за правда, пред почетокот на денешната акција за чистење на претседателот на Судскиот совет, Киро Здравев му ја подари...

Македонија2 дена

Коце Трајановски нема да биде гонет за конкурсот за Водовод, застарело делото

Ексградоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски и уште три други лица нема кривично да одговараат за злоупотреба на службената положба...

Досие