Свет
Илјадници обожаватели се простија од Мајкл Џексон
Илјадници обожаватели на кралот на поп- музиката Мајкл Џексон доцна синоќа му ја оддадоа последната почит во спортската арена „Стејплс центар
Илјадници обожаватели на кралот на поп- музиката Мајкл Џексон доцна синоќа му ја оддадоа последната почит во спортската арена „Стејплс центар“, во Лос Анџелес.
Златниот ковчег со телото на Џексон беше поставен пред сцената во Стејплс центарот .
Последен пат од Мајкл Џексон со песна се простија музичката легенди Мараја Кери, Стиви Вондер, Смоки Робинсон, Лајанел Ричи, Џенифер Надсон и други.
На церемонијата присуствуваа и многу познати личности од шоу бизнисот, спортот и јавниот живот.
Почит на Мајкл Џексон меѓу многубројните познати личности, му оддаде и Квин Латифа, нарекувајќи го „најголемата ѕвезда на Земјата“ и човек со глобално влијание.
Бери Горди, основачот на „Мотаун рекордс“, изјави дека Џексон „едноставно беше досега најголемиот уметник“.
На лотаријата преку Интернет за добивање на речиси 9.000 бесплатни влезници за комеморацијата се пријавиле дури 1,6 милиони обожаватели.
Оние кои не добија билети, можеа да ја проследат церемонијата однадвор, на големи платна, инаку пренесувана во живо на десетици ТВ-мрежи и Интернет, како и во 50 кино-сали ширум САД. Во меѓувреме, пред арената се собраа стотици илјади лица за последна почит кон популарниот Мајкл.
Претходно, семејството Џексон одржа приватна церемонија на гробиштата во Холивуд, каде се погребани бројни славни личности. /крај/воа/ап
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Писториус: Русија произведува повеќе оружје отколку што и е потребно за војната во Украина
Германскиот министер за одбрана Борис Писториус тврди дека Русија произведува повеќе оружје отколку што и е потребно за да ја продолжи својата специјална воена операција во Украина.
Во интервју за телевизијата „АРД“, тој беше прашан дали го дели стравот на балтичките земји дека Русија ќе може да ја нападне територијата на НАТО за неколку години, тој одговори дека нема кристална топка за да ја предвиди иднината, пренесе ТАСС.
„Но, она што го велат воените експерти и специјалистите за оружје е дека Русија го зголемува производството на оружје“, рече тој.
Писториус истакна дека поголемиот дел од произведеното не се испраќа на фронт, туку оди во магацини. Според германскиот министер за одбрана, во случај на ескалација ќе биде вклучено целото НАТО.
„Во тој случај треба да можеме да се одбраниме, да водиме војна која ќе ни биде наметната. Затоа не штедиме напори за соодветно опремување на вооружените сили во Европа, во НАТО“, додаде тој.
Европа
Повеќе од сто килограми кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија
Вработени во неколку германски супермаркети во Берлин и Бранденбург откриле повеќе од 100 килограми кокаин во пакувања со банани, пренесува „Билд“ повикувајќи се на полициски извори.
Во Бранденбург, како што се наведува, во најмалку четири продавници биле пронајдени меѓу 20 и 100 килограми кокаин, пренесува „Танјуг“.
Полицијата во моментот спроведува истрага со проверка на стоката во продавниците поради што сѐ уште не се знае конечната количина дрога во нив, но не и информацијата во колку продавници има.
Регион
Двајцата осомничени за убиството на малата Данка испратени во Специјалната затворска болница
Двајцата осомничени Срѓан Јанковиќ и Дејан Драгијевиќ денеска се испратени во Специјалната затворска болница во Белград на психијатриско вештачење, пишува „Телеграф“.
Во написот медиумот пишува дека осомничениот Дејан Драгијевиќ (50) деталите за убиството на детето ги изнесе во Вишото јавно обвинителство во Заечар. Сепак, тој не сакаше да открие каде го оставил телото на Данка.
Срѓан Јанковиќ (50) не зборувал за делото.
Во Вишото јавно обвинителство во Заечар биле сослушани и родителите на Данка, Ивана и Милош, кои, како што се наведува, опишале како течел денот кога исчезнала ќерка им.
Додека давале исказ, во иста просторија седеле и осомничените за убиството на детето.
Пред рочиштето исказ за „Телеграф“ дал таткото на убиената Данка.
„Смртната казна не им е доволна, треба да бидат во затвор до крајот на животот. Тоа се чудовишта, она што постојано го доживуваме не се опишува. Тоа може да го разбере само родител. Неколкупати ни дојде полиција, ѝ зедоа разни работи на Данка, ништо не знаеме, ниту за крвта на патот ниту во автомоблилот, ништо. Не ни е јасно зошто не се јавиле во итната помош, зошто не помогнале, но го направиле ова што го направиле. Тоа што јас и Ивана постојано страдаме е страшно, разни луѓе ни се јавуваат, нѐ навредуваат, ни ја префрлаат вината. Морав да побарам да го сменам бројот, не можеме повеќе. Кога сѐ ќе заврши, ќе кажеме сѐ“, рече тој.