Свет
Запленети 1,4 тона кокаин во Костарика
Околу 1,4 тона кокаин запленија денеска властите во Костарика, соопшти полицијата
Околу 1,4 тона кокаин запленија денеска властите во Костарика, соопшти полицијата.
Дрогата била откриена во камион што ја превезувал од пацифичкото крајбрежје кон главниот град на државата. Во операцијата се уапсени двајца осомничени, еден граѓанин на Доминиканската Република, додека другиот е од Костарика.
Дрогата била спакувана во вреќи, кои што се уште биле влажни, поради што полицијата насетува дека пристигнале по поморски пат.
Костарика, како и останатите држави од централна Америка се транзитен пат за дрогата наменета за американскиот пазар, што е првиот на скалата светски потрошувачи на кокаин.
Крајбрежните стражи на Костарика и американската морнарица пред две недели запленија товар од 1,3 тона кокаин на еден брод и уапсија четворица Колумбијци кои се наоѓале на бродот./крај/хи/амп
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Туск: Европа е во предвоена состојба, следните две години ќе решат се
Полскиот премиер Доналд Туск оцени дека ситуацијата во Европа е најлоша од крајот на Втората светска војна и апелираше до Европејците да сфатат дека војната не е концепт од минатото, туку дека живеат во предвоена состојба во која секое сценарио е можно и дека во следните две години се ќе се реши.
„Не сакам никого да исплашам, но војната повеќе не е концепт од минатото. Реално е, почна пред две години. Знам како звучи за луѓето од помладата генерација, но мораме ментално да прифатиме дека доаѓа нова ера. Предвоена ера. Не претерувам“, изјави Туск во интервју за неколку европски медиуми, меѓу кои и полскиот весник „Газета Виборча“.
Тој рече дека шпанскиот премиер Педро Санчез побарал на самитот на Европската унија зборот војна повеќе да не се користи во документите на ЕУ бидејќи луѓето не сакаат да се плашат на тој начин, а во Шпанија тоа им звучи апстрактно.
„Она што предизвикува најголем немир денес е тоа што буквално секое сценарио е можно. Ваква ситуација не сме имале од 1945 година. Јас одговорив дека во мојот дел од Европа војната повеќе не е апстрактна и дека наша обврска не е да разговараме, туку да дејствуваме и да се подготвуваме за одбрана“, рече Туск.
Полскиот премиер во интервју за „Газета Виборча“ апелираше да го отфрли размислувањето „што ако“, бидејќи главната задача на Западот е да ја брани Украина да остане независна држава со територијален интегритет.
„Иднината на Украина е главно во наши раце. Не се работи само за Полска и ЕУ, туку за целиот Запад. Од нас зависи дали Украина ќе успее да ги избегне песимистичките сценарија. Денес ситуацијата е многу потешка отколку пред една година, но многу подобра отколку на почетокот на војната, кога војниците на Путин стоеја на периферијата на Киев“, изјави полскиот премиер, пренесува Бета.
Без разлика кој ќе биде во Белата куќа во следниот мандат, Туск смета дека Европа мора поактивно да ги негува трансатлантските врски и дека е погрешно да се мисли дека е лојална само ако се откаже од воените амбиции или, напротив, дека поради политиката на поранешниот американски претседател Доналд Трамп и антиамериканските чувства во некои европски земји, тие треба целосно да го прекинат сојузот со САД.
„Потребен ни е силен сојуз со САД и во исто време мора да бидеме независни и самодоволни кога станува збор за одбраната. Наша задача е да ги негуваме односите без разлика кој ќе биде претседател на САД. Нема причина Европејците да не го почитуваат основниот принцип и да не издвојуваат најмалку два отсто од БДП за одбрана“, рече Туск.
Полскиот премиер рече дека разбира оти Шпанија или Италија не сакаат да издвојуваат четири отсто од БДП годишно, по примерот на неговата земја.
„Но, два отсто од БДП едноставно мора. Не разбирам како некој може да го оспори тоа. Треба да издвоиме што е можно повеќе за набавка на оружје и муниција за Украина бидејќи живееме во најкритичниот момент од крајот на Втората светска војна. Следните две години ќе одлучат се. Ако Украина биде поразена, никој во Европа нема да може да се чувствува безбеден“, рече Туск.
Полскиот премиер предупреди дека рускиот претседател Владимир Путин ја обвинува Украина за терористички напад на концертот во Красногорск и дека, како што наведе, тоа го прави без никакви докази.
„Од историјата знаеме дека Путин користи ваков тип на трагедии за свои цели. Се сеќаваме што се случи по нападот на театарот во Дубровка или училиштето во Беслан. Путин веќе почна да ја обвинува Украина иако не покажа никакви докази. Очигледно е дека треба да оправда уште побрутални напади врз цивилни објекти во Украина“, изјави Туск во интервју за европските медиуми.
Свет
Зеленски побара помош од Америка: „Руските воздушни напади драстично се зголемуваат“
Украинскиот претседател Володимир Зеленски му рекол на претседателот на Претставничкиот дом на САД за време на телефонскиот разговор дека е од витално значење Конгресот брзо да одобри нов пакет воена помош за Киев, пренесува Ројтерс.
Претседателот Мајк Џонсон (републиканците) со месеци го одложуваше со својата партија предлог-законот со кој на Украина ќе и се обезбеди воена и финансиска помош во износ од 60 милијарди долари.
„Одлуката на американскиот Конгрес да и помогне на Украина е од витално значење. Ние признаваме дека постојат различни ставови во Претседателскиот дом за тоа како да се продолжи, но од клучно значење е да се задржи прашањето за помошта на Украина како важно прашање“, напиша Зеленски на „Икс“.
Украинските војници се во сè понезавидна ситуација на бојното поле, соочени со недостаток на муниција и оружје. Американската помош сè уште чека, а Европската унија не ја достави навреме муницијата што претходно ја вети.
Зеленски рече дека го информирал Џонсон за ситуацијата на бојното поле и „драматичното зголемување на руските воздушни напади“, што тој го нарече „терор“.
Москва ги опиша своите неодамнешни напади како „одмазда“ за украинските напади врз руските региони. Русија ја зголеми употребата на балистички ракети, кои потешко се запираат. Тие негираат дека нивни цели биле цивили, но во тие напади биле убиени многу невини луѓе.
Свет
Интервјуто што предизвика тектонски земјотрес во Латинска Америка: „Што да се очекува од убиец и терорист“
Колумбиската влада нареди протерување на сите аргентински дипломати од нивните амбасади по интервјуто во кое аргентинскиот претседател го нарече својот колумбиски колега терористички убиец.
„Изјавите на аргентинскиот претседател ја нарушија довербата на нашата нација и го навредуваа достоинството на претседателот Густаво Петро, кој беше избран на демократски начин“, соопшти во средата колумбиското Министерство за надворешни работи. Во разговор со новинарот Андрес Опенхајмер, новиот аргентински екстремно десничарски претседател Хавиер Милај го коментирал закочениот план за економско штедење и цврстата поддршка за Израел за Газа, пренесува Јутарњи лист.
„Не можете да очекувате многу од некој кој бил терористички убиец“, рече Милај за првиот левичарски претседател на Колумбија.
Покрај него, во интервјуто го навреди и мексиканскиот претседател Андрес Мануел Лопез Обрадор, нарекувајќи го „неук“. Причината за ова веројатно беше тоа што Лопез Обрадор претходно ја критикуваше политиката на Мајли и го спореди со диктатор. Во објава на социјалните мрежи во четвртокот, Лопез Обрадор возврати, прашувајќи се зошто Аргентинците гласаа за некој кој не е во право и го презира народот.
Во интервјуто кое траеше речиси еден час, Мајли го бранеше и одговорот на Израел на терористичкиот напад на Хамас, велејќи дека војната во Газа е во рамките на владеењето на правото.
„Израел беше цел на брутален напад, таквите работи бараат соодветен одговор. Израел не направи никаков вишок“, рече Мајли.
Мајли, кој е роден како католик, ја изрази својата желба да премине во јудаизам бидејќи верува дека неговата средба со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху била една од најтоплите што ги одржал откако ја презеде функцијата. Тој призна дека се надева дека поранешниот претседател Доналд Трамп ќе победи на американските избори во ноември, но дека имаат намера да останат сојузници со кој и да ја преземе функцијата.
САД и Израел се сојузници на Аргентина, па не е тајна дека моите идеи се повеќе слични на оние на Републиканската партија, но имаме одлични односи и со демократите, тврди Мајли.
Тој, исто така, ја повтори својата намера да ја затвори централната банка на земјата, нарекувајќи го механизам на измама, но не прецизираше кој ќе биде одговорен за фискалната политика во земјата доколку ја спроведе таа идеја. Милај призна дека неговата реформска кандидатура заглавила во Конгресот на Аргентина во последните неколку недели, но дека неговата влада останува посветена на затворање на централната банка во рок од три години.