Свет
Со економскиот план – вработување на 4,700 полицајци
Близу 4,700 нови полицајци ќе бидат примени на работа во САД, во следните три години, во рамки на планот за стимулирање на економијата
Близу 4,700 нови полицајци ќе бидат примени на работа во САД, во следните три години, во рамки на планот за стимулирање на економијата, вреден една милијарда долари.
Ова синоќа го соопштија американскиот потпретседател Џозеф Бајден и министерот за правда Ерик Холдер, пренесува Макфакс.
Сумата ќе биде наменета за 1,046 структури на силите на редот во 50 американски сојузни држави и ќе финансира 100 отсто од платите и премиите на 4,699 полицајци во следните три години, прецизираше Холдер./крај/афп/бгнес/ег/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
ХДЗ слави победа на изборите во Хрватска по првите официјални резултати
Објавени се првите официјални резултати од изборите одржани денеска во Хрватска.
Според првите официјални информации, по 25 отсто преброени гласови, ХДЗ слави победа. ХДЗ води убедливо, а резултатите во штабот беа дочекани со ентузијазам и скандирања „победа“.
ХДЗ 65, „Реке правде“ (СДП) со 41, ДП 14, Мост 9, ИДС 4, Можемо 3, Фокус 3, НП Север 2.
Од друга страна, во штабот на СДП владееше молк.
Регион
Три сантиметри снег на Копаоник
На Копаоник се измерени три сантиметри снег, соопштија вечерва за агенцијата Бета во локалната метеоролошка станица.
Врне снег со слаб интензитет и со повремени прекини.
Температурата е минус три Целзиусови степени, а во моментов дува северен ветер со брзина и до три метри во секунда.
Свет
Столтенберг свика кризен состанок на Советот НАТО
На барање на Украина, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, за овој петок закажа состанок на Советот НАТО-Украина.
Главна тема на вонредниот состанок ќе биде потребата на Украина од повеќе системи за противвоздушна одбрана и артилериски гранати, изјави Столтенберг во Брисел.
На состанокот треба да присуствува и украинскиот претседател Володимир Зеленски, како и министрите за одбрана на земјите-членки на НАТО. Дали средбата ќе биде организирана преку видео конференција или со физичко присуство, првично не се знае.