Контакт

Свет

Шестмина загинати во сообраќајна несреќа во Шпанија

Објавено пред

Шест лица загинаа, а 39 патници се полесно и потешко повредени во сообраќајна несреќа на патнички автобус во близина на шпанскиот град Барселона

Шест лица загинаа, а 39 патници се полесно и потешко повредени во сообраќајна несреќа на патнички автобус во близина на шпанскиот град Барселона.

Локалните власти соопштија дека несреќата се случила минатата ноќ, во близина на летувалиштето Сан Пол де Мар. Во автобусот имало 65 патници, повеќето од Холандија кои престојувале во летувалиштето, а синоќа со автобус тргнале во посета на Барселона.

Иако сè уште нема официјални информации за причините за несреќата, шпанските медиуми јавуваат дека автобусот во кривина слетал од патот и се превртел.

Локалните власти соопштија дека повредените патници веднаш биле префрлени во блиските болници, и оти неколкумина од нив се во тешка состојба./крај/бе/амп



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Паника од коронавирусот, Италијанците ги испразнија супермаркетите

Објавено пред

Во напад на паника поради коронавирусот Италијанците ги испразнија супермаркетите, а фотографиите на празни полици што ги објавија медиумите се опишуваат како напад на продавниците.

Во земјата се пријавени повеќе од 200 случаи на зараза со коронавирус и седум смртни случаи. Премиерот на Италија, Џузепе Конте, изјави дека 50.000 жители во 12 града во северна Италија би можеле да поминат неколку недели целосно отцепени.

Локалното население, како што пишуваат медиумите, веднаш почнало со купување резерви храна. Голем број луѓе се појавија пред супермаркетите носејќи маски, а се формираа и долги редици за купување. Се очекува дека набргу би можело да има недостиг и на пакувана вода.

Прикажи повеќе...

Свет

Вајнштајн прогласен за виновен за сексуални напади

Објавено пред

Поранешниот филмски продуцент Харви Вајнштајн е прогласен за виновен за две точки од обвиненијата за сексуален напад. Според Би-би-си, тој е осуден за помалите обвиненија што се однесуваат на силување од трет степен и сексуален напад од прв степен, а е ослободен од најсериозните обвиненија против него: предаторски сексуален напад и силување од прв степен.

Тој сè уште се соочува со обвиненија за силување и сексуален напад на две жени во 2013 година во Лос Анџелес. Вајнштајн се изјасни дека не е виновен за сексуален напад врз поранешната асистентка за продукција Мими Халеј и за силување на актерката Џесика Ман.
Поротата од седум мажи и пет жени ја донесе пресудата на петтиот ден од сослушувањето.

Прикажи повеќе...

Свет

Комеморација за Коби Брајант во Лос Анџелес

Објавено пред

По речиси еден месец од трагичната смрт на легендата на „Лос Анџелес лејкерс“, денеска се одржува комеморацијата во чест на кошаркарот Коби Брајант, а илјадници фанови се собраат пред „Стејплс центарот“ во Лос Анџелес.

Коби Брајант и неговата 13-годишна ќерка Џијана беа меѓу жртвите што го загубија животот во трагичната хеликоптерска несреќа на 26 јануари годинава. Легендарниот кошаркар на „Лос Анџелес лејкерс“ и Џиџи беа тајно погребани, а денеска во „Стејплс центарот“ во тек е комеморација за трагично загинатите.

24 февруари беше избран за ден за сеќавање на Коби и Џиџи бидејќи во еден период од кариерата Брајант го носеше дресот со број 24, а за Џиџи беше резервиран дресот со бројот 2.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет9 часа

Паника од коронавирусот, Италијанците ги испразнија супермаркетите

Во напад на паника поради коронавирусот Италијанците ги испразнија супермаркетите, а фотографиите на празни полици што ги објавија медиумите се...

Македонија12 часа

Поради ужасните услови за живеење во Битола, Лука се враќа во Скопската зоолошка градина

Социјалните мрежи денеска беа преплавени од фотографии од тажното мајмунче Лука, сместено во валкан кафез во битолската Зоолошка градина, без...

Свет14 часа

Автомобил удри во карневалска поворка – 15 лица повредени во Германија

Полицијата уапси возач кој со сребрен караван се забил во карневалска поворка во Германија, пpи што се повредени 15 лица....

Европа15 часа

Бројот на починати од коронавирус во Италија се зголеми на седум лица

Во Италија почина и седмото лице од коронавирус. Станува збор за 80-годишен маж, кој претходно бил хоспитализиран, пренесоа локалните медиуми....

Македонија16 часа

(Видео) Мицкоски: Заев бил премиер, судија и обвинител, утре протест против главата на Рекетот

Вчера бевме сведоци на болната вистина како Зоран Заев владее со Македонија и зошто државата е на дното, а тоа...

Македонија17 часа

Филипче апелира граѓаните да ги откажат патувањата во Италија

По петте смртни случаи од коронавирус во Италија, министерот за здравство, Венко Филипче, апелира граѓаните да ги одложат сите патувања...

Свет19 часа

Шведска – земја во која пратениците немаат привилегии, дури и кафето го плаќаат од својот џеб

Народните избраници во Шведска имаат право на канцелариски простор од седум квадратни метри, мали станови за службени лица и строги...

Македонија19 часа

Филипче најави засилени контроли на аеродромите и границите поради ширење на коронавирусот во Италија

Поради новонастаната состојба со коронавирусот и проширувањето на вирусот во областите Ломбардија, Венето и Емилија-Ромања во Италија, утрово министерот за...

Економија19 часа

Поскапуваат горивата

Горивата од ноќеска на полноќ ќе поскапат за половина, односно за еден денар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика. Цените на...

Македонија19 часа

Притвореничка од истражниот затвор каде што е Ангела ќе сведочи за убиството на Пино

На денешното рочиште за убиството на Пино Секондо сведочеше жената на која обвинетите првично ѝ признале дека сториле убиство. Адвокатката...

Топ20 часа

Двајца скопјани повредени од огнено оружје во Бутел

Доцна синоќа во 00:21 часот во СВР Скопје било пријавено дека на улицата Ферид Бајрам во Бутел биле слушнати истрели...

Европа20 часа

(Видео) Полиците во повеќе италијански маркети се целосно празни, луѓето се подготвуваат за епидемија

Во неколку помали места во италијанските региони Ломбардија и Венето, со население од околу 50.000 луѓе, од вчера на сила...

Европа21 час

Четврта жртва на коронавирусот во Италија

Бројот на жртви од коронавирусот во Италија се искачи на четири, а бројот на заразени надмина 150. Според статистиката, во...

Свет22 часа

Сандерс: Ако треба би ја нападнал Кина

Фаворитот на партиските избори на американската Демократска партија за кандидат за претседател на САД, Берни Сандерс, воено би интервенирал против...

Свет22 часа

Нови 150 починати од коронавирусот во Кина

Кина денеска соопшти дека има нови 150 нови смртни случаи во епидемијата на коронавирусот, што е нов дневен рекорд откако...

Европа1 ден

Италија е трета земја во светот по бројот на заразени од коронавирус

Бројот на заразени со коронавирус во Италија значително се зголеми во последните три дена. До денеска се потврдени 152 случаи,...

Свет2 дена

Трет патник од бродот во Јапонија почина од коронавирус

Трет патник од крузерот „Дајмонд принцес“ во Јапонија почина од коронавирусот, објави денеска јапонското Министерство за здравство. 80-годишниот јапонски државјанин...

Европа2 дена

Десет градови во Италија во изолација поради коронавирусот

Десет италијански градови, претежно во Ломбардија, се ставени во изолација откако вчера беа потврдени два смртни случаи и речиси 80...

Македонија2 дена

Четворица пациенти по инцидентот во Романовце се во животна опасност

Во текот на денешниот ден во Клиничкиот центар во Скопје примени се седум пациенти со изгореници, повредени од експлозија на...

Топ2 дена

Три деца загинаа а шест луѓе се повредени во експлозија на плинска боца во куќа во Романовце

Три малолетни деца на возраст од 8, 9 и 11 години утрово загинаа во експлозија на плинска боца во семејна...

Досие