Свет
Кина стравува од зголемување на невработеноста

Невработеноста во Кина е „многу сериозна“ и може да се зголеми и покрај последните подобрувања во националната економија
Невработеноста во Кина е „многу сериозна“ и може да се зголеми и покрај последните подобрувања во националната економија, соопшти денеска кинеската влада.
Пекинг се обидува да создаде работни места за отпуштените работници, новите дипломци, мигрантите и останатото население, изјави на прес конференција, претставник на министерството за социјална сигурност.
Кинеската влада не ги соопштува официјалните податоци за вкупниот број на невработени, ниту пак колку нови работни места евентуално се отворени.
Се претпоставува дека најмалку 30 милиони работници мигранти останале без работа поради затворањето на фабриките, во време на
намалена светска побарувачка.
Истовремено околу три милиони дипломирани студенти не се во состојба да пронајдат вработување.
Кина во вториот квартал забележа раст од 7,9 отсто, а во претходниот квартал имаше раст од 6,1 отсто. /крај/б/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Уапсен е експотпретседател на владата во Хрватска

Томислав Толушиќ – ексхрватски владин потпретседател е уапсен поради сомнеж за измама во врска со конкурс за субвенции во винскиот сектор, кои се добиени од европските фондови, соопштено е денеска од Загреб. Полицијата утринава упаднала во куќата на Толушиќ во Вировитица.
Тамошното МВР соопшти дека по налог на Канцеларијата на европскиот јавен обвинител е спроведена криминалистичка истрага поради сомнеж за сторени кривични дела, односно субвенциски измами, злоупотреба на позицијата и поттик на злоупотреба.
Хрватското МВР не го наведува името на вториот осомничен во истиот случај, ексдржавен службеник, вработен во телата на државна управа. Во тек е спроведување на доказен материјал.
Толушиќ беше потпретседател на владата на Пленковиќ од мај 2018 до јули 2019 година.
Свет
Лавров пристигна на самитот Г20, денеска ќе разговара со колегите од Турција и Кина

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска ќе разговара со турските и кинеските колеги на маргините на состанокот на министрите за надворешни работи на Г-20 во Индонезија, се наведува во соопштението на МНР.
Лавров утре треба да одржи и серија средби со колегите од другите земји од Г20.
Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, претходно изјави дека страните ќе разговараат за итните прашања поврзани со зајакнувањето на основите на мултилатерализмот во полицентричен свет, обезбедувањето храна и енергетска безбедност.
„Се очекува посебно внимание да се посвети на враќањето на економскиот раст, решавањето на последиците од пандемијата на коронавирусот и спроведувањето на целите за одржлив развој во светлината на енергетската транзиција и дигиталната трансформација“, наведе таа, пренесе ТАСС.
Свет
Русија: Убивме Украинци кои го кренаа знамето на Змискиот Остров

Руското Министерство за одбрана денеска соопшти дека убиле украински војници кои го подигнале украинското знаме на Змискиот Остров, стратешки важен остров на Црното Море од кој неодамна се повлекоа руските сили.
„Ноќта меѓу 6 и 7 јули режимот во Киев, оптоварен со воени порази и големото повлекување на украинските сили во Донбас, се обиде симболично да постави знаме на Змискиот Остров“, објави руското Министерство за одбрана.
„Околу 5 часот наутро неколку украински војници слетаа на островот и се фотографираа со знамето. Авион на руското воено воздухопловство веднаш лансираше високопрецизни проектили кон островот, кои го уништија украинскиот воен персонал. Преживеаните избегаа во правец на островот Приморскоје во регионот Одеса“, се додава во соопштението на руското Министерство за одбрана.
Овие руски тврдења не се независно проверени, но властите во Одеса претходно објавија дека Русите го ракетирале Змискиот Остров.