Свет
Заработката на Адидас намалена за 93%

Германската компанија за спортска опрема Адидас објави намалување на добивката од 93 проценти во второто тромесечие од годинава
Германската компанија за спортска опрема Адидас објави намалување на добивката од 93 проценти во второто тромесечие од годинава.
Според официјалните пресметки, заработката на компанијата во вториот квартал годинава се намалила на девет милиони евра, наспроти 116 милиони евра за истиот период лани.
Загубите на компанијата главно се должат на слабата продажба во Европа. Првите луѓе на Адидас сепак очекуваат подобрување на финансиската ситуација до крајот на годината. /крај/бг/мс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Русија: Убивме Украинци кои го кренаа знамето на Змискиот остров

Руското Министерство за одбрана денеска соопшти дека убиле украински војници кои го подигнале украинското знаме на Змискиот остров, стратешки важен остров на Црното Море од кој неодамна се повлекоа руските сили.
„ Ноќта меѓу 6 и 7 јули, режимот во Киев, оптоварен со воени порази и големото повлекување на украинските сили во Донбас, се обиде симболично да постави знаме на Змискиот остров“, објави руското Министерство за одбрана.
„ Околу 5 часот наутро неколку украински војници слетаа на островот и се фотографираа со знамето. Авион на руското воено воздухопловство веднаш лансираше високопрецизни проектили кон островот, кои го уништија украинскиот воен персонал. Преживеаните избегаа во правец на островот Приморскоје во регионот Одеса“, се додава во соопштението на руското Министерство за одбрана.
Овие руски тврдења не се независно проверени, но властите во Одеса претходно објавија дека Русите го ракетирале Змискиот остров.
Свет
Се удавила себеси и трите деца откако мажот ѝ се самоубил

Жена од Минесота ги удавила своите три деца и себеси минатата недела откако претходно ја повикала полицијата за да пријави смрт на својот сопруг, јавуваат тамошните власти.
Телата на трите деца и нивната мајка биле извлечени од езерото Ваднаис, а неколку дена подоцна шерифот на округот Ремси го објави идентитетот.
Мајката Моли Ченг (23) ги удавила децата на 3, 4 и 5-годишна возраст, пренесува „NBC news“.
Таткото на децата, Џи Ли (27), неколку дена претходно се самоубил со огнено оружје. Шерифот сè уште ги истражува околностите околу трагичниот настан.
Ченг пријавила во петокот дека нејзиниот сопруг се застрелал. Истиот ден роднина на семејството ја алармирал полицијата дека Ченг би можела да се самоубие, по што тргнала потрага по жената и трите деца.
Бил следен нејзиниот мобилен телефон, сè до езерото каде што бил пронајден и нивниот автомобил.
Безживотните тела на мајката и децата биле извлечени од езерото минатиот викенд.
Свет
Британски медиуми: Борис Џонсон е подготвен да поднесе оставка

Британскиот премиер Борис Џонсон е подготвен да поднесе оставка, јавуваат британските медиуми, додавајќи дека денеска се очекува официјално соопштение.
Тој се соочува со невидена владина криза бидејќи во последните 24 часа над 50 членови на неговиот кабинет поднесоа оставки. Џонсон досега одбиваше да го стори тоа, а го разреши министерот кој јавно го повика да поднесе оставка.
Но, соочен со распадот на кабинетот, се чини дека веќе нема избор, а како што пренесуваат британските медиуми, тој е подготвен да поднесе оставка, а неговата официјална изјава за оваа работа се очекува за неколку часа.
„Франс прес“ и Би-би-си јавуваат дека Џонсон денеска ќе поднесе оставка на местото лидер на Конзервативната партија. Тој наводно се согласил, како што пренесуваат медиумите, дека сака да најде нов лидер на партијата и дека ќе остане на премиерската позиција додека не се најде нов.
Други медиуми велат дека тој е подготвен да поднесе оставка од премиерската функција.