Свет
Лавров: Саакашвили провоцира конфликт меѓу САД и Русија

Претседателот на Грузија, Михаел Саакашвили е заинтересиран да ја дестабилизира ситуацијата во јужен Кавказ, обидувајќи се да создаде конфликт меѓу
Претседателот на Грузија, Михаел Саакашвили е заинтересиран да ја дестабилизира ситуацијата во јужен Кавказ, обидувајќи се да создаде конфликт меѓу САД и Русија.
Ова денеска го изјави рускиот шеф на дипломатијата Сергеј Лавров, кој истакна дека планот на Саакашвили е да „ги исправи американските набљудувачи пред руските војници.
„Саакашвили се обидува да ја дестабилизира ситуацијата, користејќи разноразни методи. Европа и САД ги разбираат ризиците што тој ги создава.
Вклучувањето на американските набљудувачи би било едноставно некоректно, бидејќи мисијата на ЕУ работи во Грузија согласно т.н. план Медведев-Саркози“, потенцираше Лавров. /крај/бг/мс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Лавров пристигна на самитот Г20, денеска ќе разговара со колегите од Турција и Кина

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска ќе разговара со турските и кинеските колеги на маргините на состанокот на министрите за надворешни работи на Г-20 во Индонезија, се наведува во соопштението на МНР.
Лавров утре треба да одржи и серија средби со колегите од другите земји од Г20.
Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, претходно изјави дека страните ќе разговараат за итните прашања поврзани со зајакнувањето на основите на мултилатерализмот во полицентричен свет, обезбедувањето храна и енергетска безбедност.
„ Се очекува посебно внимание да се посвети на враќањето на економскиот раст, решавањето на последиците од пандемијата на коронавирусот и спроведувањето на целите за одржлив развој во светлината на енергетската транзиција и дигиталната трансформација“ наведе таа, пренесе ТАСС.
Свет
Русија: Убивме Украинци кои го кренаа знамето на Змискиот остров

Руското Министерство за одбрана денеска соопшти дека убиле украински војници кои го подигнале украинското знаме на Змискиот остров, стратешки важен остров на Црното Море од кој неодамна се повлекоа руските сили.
„ Ноќта меѓу 6 и 7 јули, режимот во Киев, оптоварен со воени порази и големото повлекување на украинските сили во Донбас, се обиде симболично да постави знаме на Змискиот остров“, објави руското Министерство за одбрана.
„ Околу 5 часот наутро неколку украински војници слетаа на островот и се фотографираа со знамето. Авион на руското воено воздухопловство веднаш лансираше високопрецизни проектили кон островот, кои го уништија украинскиот воен персонал. Преживеаните избегаа во правец на островот Приморскоје во регионот Одеса“, се додава во соопштението на руското Министерство за одбрана.
Овие руски тврдења не се независно проверени, но властите во Одеса претходно објавија дека Русите го ракетирале Змискиот остров.
Свет
Се удавила себеси и трите деца откако мажот ѝ се самоубил

Жена од Минесота ги удавила своите три деца и себеси минатата недела откако претходно ја повикала полицијата за да пријави смрт на својот сопруг, јавуваат тамошните власти.
Телата на трите деца и нивната мајка биле извлечени од езерото Ваднаис, а неколку дена подоцна шерифот на округот Ремси го објави идентитетот.
Мајката Моли Ченг (23) ги удавила децата на 3, 4 и 5-годишна возраст, пренесува „NBC news“.
Таткото на децата, Џи Ли (27), неколку дена претходно се самоубил со огнено оружје. Шерифот сè уште ги истражува околностите околу трагичниот настан.
Ченг пријавила во петокот дека нејзиниот сопруг се застрелал. Истиот ден роднина на семејството ја алармирал полицијата дека Ченг би можела да се самоубие, по што тргнала потрага по жената и трите деца.
Бил следен нејзиниот мобилен телефон, сè до езерото каде што бил пронајден и нивниот автомобил.
Безживотните тела на мајката и децата биле извлечени од езерото минатиот викенд.