Свет
Ирачката Влада ги забранува сајтовите со насилства и порнографија

Ирачката Влада реши да ги затвори интернет провајдерите и да ги забрани интернет страниците кои поттикнуваат насилство и содржат порнографија
Ирачката Влада реши да ги затвори интернет провајдерите и да ги забрани интернет страниците кои поттикнуваат насилство и содржат порнографија.
Портпаролот на ирачкото Министерство за комуникации Самир ал-Хасун вчера изјави дека планот е засилување на контролата на Владата над содржините и користењето интернет во Ирак, како и издавање дозволина интернет кафулињата и провајдерите.
Ал-Хасун рече дека дозволите ќе ги разгледува Владата и дека тие ќе бидат поништени доколку не бидат почитувани условите.
Застапниците на слободата на говорот остро ја критикуваа оваа одлука, оценувајќи дека тоа е прв чекор кон политичка цензура. /крај/б/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Европарламентарци: Србија итно треба да го преиспита својот став кон Русија

Застапниците во Европскиот парламент сакаат Србија да го преиспита својот став кон Русија, пренесува „Euro news“.
Од почетокот на руската инвазија во Украина официјален Белград одржува блиски контакти со Русија, спротивно на ставот на ЕУ.
Вчера членовите на Европскиот парламент одобрија годишен извештај за проценка во која се изразува жалење што Србија не ги усклади санкциите на ЕУ за Русија. Текстот е усвоен со 523 гласа за, 78 против и 34 воздржани.
„Постои итност во случајот со Србија да направи промени `дома` во врска со ставот кон Русија. Тоа е земја која секогаш гледала во различни правци, кога станува збор за надворешната политика. Мислам дека сега е време Србија да одлучи каде стои и се надевам дека ќе донесат јасна одлука кон Европа“ рече европарламентарецот, Владимир Билчик.
Свет
Прва реакција од Москва за најавената оставка на Борис Џонсон

Кремљ објави дека британскиот премиер Борис Џонсон не ја сака Русија, а дека ниту Москва не го сака него.
„ Џонсон не нè сака, не ни се допаѓа ниту на нас“ – изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Тој истакна дека веста дека Џонсон наскоро ќе поднесе оставка од премиерската функција не претставува ништо посебно за Кремљ.
Регион
Уапсен е експотпретседател на владата во Хрватска

Томислав Толушиќ – ексхрватски владин потпретседател е уапсен поради сомнеж за измама во врска со конкурс за субвенции во винскиот сектор, кои се добиени од европските фондови, соопштено е денеска од Загреб. Полицијата утринава упаднала во куќата на Толушиќ во Вировитица.
Тамошното МВР соопшти дека по налог на Канцеларијата на европскиот јавен обвинител е спроведена криминалистичка истрага поради сомнеж за сторени кривични дела, односно субвенциски измами, злоупотреба на позицијата и поттик на злоупотреба.
Хрватското МВР не го наведува името на вториот осомничен во истиот случај, ексдржавен службеник, вработен во телата на државна управа. Во тек е спроведување на доказен материјал.
Толушиќ беше потпретседател на владата на Пленковиќ од мај 2018 до јули 2019 година.