Свет
Бројот на жители во ЕУ надмина половина милијарда

Бројот на жители во Европската унија (ЕУ) деновиве надмина половина милијарда, покажуваат најновите демографски податоци на Евростат
Бројот на жители во Европската унија (ЕУ) деновиве надмина половина милијарда, покажуваат најновите демографски податоци на Евростат.
Во истиот период лани населението на ЕУ изнесуваше 497,7 милиони.
Според официјалните податоци, населението на Унијата за една година е зголемено за над два милиона, од што околу 600 преку природен прираст, а над милион и половина преку доселување.
Додека стапката на смртност кај Европејците е стабилна и се задржа на 9,7 починати на 1.000 жители, стапката на новородени се зголеми за 0,3 промили на 10,9 новородени деца на 1.000 жители.
Во ЕУ во период од една година починале 4,8 милиони лица, а се родиле 5,4 милиони бебиња.
Најмногу се зголемило населението на Шпанија за 545 илјади, а најмногу се намалил бројот на Германци за 168 илјади.
Наталитетот процентуално најмногу се зголемил во Ирска (16,9 промили), Кипар (11,6), Полска (10,9) и Литванија (10,4).
Најголема стапка на смртност е евидентирана во Германија (10,3 промили), Франција (8,5) и на Малта (7,9).
Најнаселена држава во ЕУ и натаму е Германија со 82,1 милиони жители, пред Франција (64,4), Велика Британија (61,6), Италија (60,1), Шпанија (45,8) и Полска (38,1).
Најмалку жители има на Малта (414 илјади), по што следат Луксембург (494) и Кипар (794 илјади). /крај/по/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Уапсен е екс-потпретседател на владата во Хрватска

Томислав Толушиќ – екс хрватски владин потпретседател е уапсен поради сомнеж за измама во врска со конкурс за субвенции во винскиот сектор, кои се добиени од европските фондови, соопштено е денеска од Загреб. Полицијата утринава упаднала во куќата на Толушиќ во Вировитица.
Тамошното МВР соопшти дека по налог на Канцеларијата на европскиот јавен обвинител е спроведена криминалистичка истрага поради сомнеж за сторени кривични дела, односно субвенциски измами, злоупотреба на позицијата и поттик на злоупотреба.
Хрватското МВР не го наведува името на вториот осомничен во истиот случај, екс државен службеник, вработен во телата на државна управа. Во тек е спроведување на доказен материјал.
Толушиќ беше потпретседател на владата на Пленковиќ од мај 2018 до јули 2019 година.
Свет
Лавров пристигна на самитот Г20, денеска ќе разговара со колегите од Турција и Кина

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска ќе разговара со турските и кинеските колеги на маргините на состанокот на министрите за надворешни работи на Г-20 во Индонезија, се наведува во соопштението на МНР.
Лавров утре треба да одржи и серија средби со колегите од другите земји од Г20.
Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, претходно изјави дека страните ќе разговараат за итните прашања поврзани со зајакнувањето на основите на мултилатерализмот во полицентричен свет, обезбедувањето храна и енергетска безбедност.
„Се очекува посебно внимание да се посвети на враќањето на економскиот раст, решавањето на последиците од пандемијата на коронавирусот и спроведувањето на целите за одржлив развој во светлината на енергетската транзиција и дигиталната трансформација“, наведе таа, пренесе ТАСС.
Свет
Русија: Убивме Украинци кои го кренаа знамето на Змискиот Остров

Руското Министерство за одбрана денеска соопшти дека убиле украински војници кои го подигнале украинското знаме на Змискиот Остров, стратешки важен остров на Црното Море од кој неодамна се повлекоа руските сили.
„Ноќта меѓу 6 и 7 јули режимот во Киев, оптоварен со воени порази и големото повлекување на украинските сили во Донбас, се обиде симболично да постави знаме на Змискиот Остров“, објави руското Министерство за одбрана.
„Околу 5 часот наутро неколку украински војници слетаа на островот и се фотографираа со знамето. Авион на руското воено воздухопловство веднаш лансираше високопрецизни проектили кон островот, кои го уништија украинскиот воен персонал. Преживеаните избегаа во правец на островот Приморскоје во регионот Одеса“, се додава во соопштението на руското Министерство за одбрана.
Овие руски тврдења не се независно проверени, но властите во Одеса претходно објавија дека Русите го ракетирале Змискиот Остров.