Свет
Продолжен куќниот притвор на лидерката на опозицијата во Мјанмар

Судот во Мјанмар ја осуди денеска продемократската лидерка Аунг Сан Су Кји на три години затвор и принудна работа, но водачот на владеачката хунта ја
Судот во Мјанмар ја осуди денеска продемократската лидерка Аунг Сан Су Кји на три години затвор и принудна работа, но водачот на владеачката хунта ја преиначи казната во 18 месеци домашен притвор.
Аунг Сан Су Кји (64) добитничка на Нобеловата награда за мир е осудена поради кршење на домашниот притвор, откако во својот дом на почетокот на мај примила на два дена непознат Американец, кој го препливал езерото до нејзината куќа.
Американецот Џон Јетау, кој неовластено дошол до куќата на Су Кји е осуден на седум години затвор и принудна работа.
Судењето што започна на 18 мај предизвика меѓународна осуда и со внимание е следено во светот.
Сегашната пресуда не и дозволува на Аунг Сан Су Кји да учествува на изборите во Мјанмар најавени за идната година.
Во изминатите две децении, таа мина 14 години во затвор или во домашен притвор. /крај/бт/мп
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Уапсен е експотпретседател на владата во Хрватска

Томислав Толушиќ – ексхрватски владин потпретседател е уапсен поради сомнеж за измама во врска со конкурс за субвенции во винскиот сектор, кои се добиени од европските фондови, соопштено е денеска од Загреб. Полицијата утринава упаднала во куќата на Толушиќ во Вировитица.
Тамошното МВР соопшти дека по налог на Канцеларијата на европскиот јавен обвинител е спроведена криминалистичка истрага поради сомнеж за сторени кривични дела, односно субвенциски измами, злоупотреба на позицијата и поттик на злоупотреба.
Хрватското МВР не го наведува името на вториот осомничен во истиот случај, ексдржавен службеник, вработен во телата на државна управа. Во тек е спроведување на доказен материјал.
Толушиќ беше потпретседател на владата на Пленковиќ од мај 2018 до јули 2019 година.
Свет
Лавров пристигна на самитот Г20, денеска ќе разговара со колегите од Турција и Кина

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска ќе разговара со турските и кинеските колеги на маргините на состанокот на министрите за надворешни работи на Г-20 во Индонезија, се наведува во соопштението на МНР.
Лавров утре треба да одржи и серија средби со колегите од другите земји од Г20.
Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, претходно изјави дека страните ќе разговараат за итните прашања поврзани со зајакнувањето на основите на мултилатерализмот во полицентричен свет, обезбедувањето храна и енергетска безбедност.
„Се очекува посебно внимание да се посвети на враќањето на економскиот раст, решавањето на последиците од пандемијата на коронавирусот и спроведувањето на целите за одржлив развој во светлината на енергетската транзиција и дигиталната трансформација“, наведе таа, пренесе ТАСС.
Свет
Русија: Убивме Украинци кои го кренаа знамето на Змискиот Остров

Руското Министерство за одбрана денеска соопшти дека убиле украински војници кои го подигнале украинското знаме на Змискиот Остров, стратешки важен остров на Црното Море од кој неодамна се повлекоа руските сили.
„Ноќта меѓу 6 и 7 јули режимот во Киев, оптоварен со воени порази и големото повлекување на украинските сили во Донбас, се обиде симболично да постави знаме на Змискиот Остров“, објави руското Министерство за одбрана.
„Околу 5 часот наутро неколку украински војници слетаа на островот и се фотографираа со знамето. Авион на руското воено воздухопловство веднаш лансираше високопрецизни проектили кон островот, кои го уништија украинскиот воен персонал. Преживеаните избегаа во правец на островот Приморскоје во регионот Одеса“, се додава во соопштението на руското Министерство за одбрана.
Овие руски тврдења не се независно проверени, но властите во Одеса претходно објавија дека Русите го ракетирале Змискиот Остров.