Свет
Билд води Германци во Италија на лото

Лото треската од Италија, каде премијата на лото се искачи на 131 милион евра, се пресели и во Германија
Лото треската од Италија, каде премијата на лото се искачи на 131 милион евра, се пресели и во Германија.
Германскиот весник Билд во соработка со авиокомпанијата Ер Берлин денеска за 140 читатели организира бепслатен лет за Милано, каде Германците ќе можат да си ја пробаат среќата на лото.
Седиштето во авионот го добија дел од читателите на Билд, кои до вчера се јавија во весникот и одговорија точно на прашањето каде патува авионот од Берлин? Дали во Италија или во Тимбукту.
Добитниците опремени со 50 евра џепарлак на аеродромот во Милано можат да се напијат капучино, да јадат пица и ако сакаат да си ја пробаат среќата на италијанското лото, пишува Билд.
Потоа авионот се враќа во Берлин, а патниците ќе бидат превезени до своите домови ширум Германија./крај/ста/мп
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Европарламентарци: Србија итно треба да го преиспита својот став кон Русија

Застапниците во Европскиот парламент сакаат Србија да го преиспита својот став кон Русија, пренесува Euro news.
Од почетокот на руската инвазија во Украина официјален Белград одржува блиски контакти со Русија, спротивно на ставот на ЕУ.
Вчера членовите на Европскиот парламент одобрија годишен извештај за проценка во која се изразува жалење што Србија не ги усклади санкциите на ЕУ за Русија. Текстот е усвоен со 523 гласа за, 78 против и 34 воздржани.
„Постои итност во случајот со Србија да направи промени `дома` во врска со ставот кон Русија. Тоа е земја која секогаш гледала во различни правци, кога станува збор за надворешната политика. Мислам дека сега е време Србија да одлучи каде стои и се надевам дека ќе донесат јасна одлука кон Европа“, рече европарламентарецот Владимир Билчик.
Свет
Прва реакција од Москва за најавената оставка на Борис Џонсон

Кремљ објави дека британскиот премиер Борис Џонсон не ја сака Русија, а дека ниту Москва не го сака него.
„ Џонсон не нè сака, не ни се допаѓа ниту на нас“ – изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Тој истакна дека веста дека Џонсон наскоро ќе поднесе оставка од премиерската функција не претставува ништо посебно за Кремљ.
Регион
Уапсен е експотпретседател на владата во Хрватска

Томислав Толушиќ – ексхрватски владин потпретседател е уапсен поради сомнеж за измама во врска со конкурс за субвенции во винскиот сектор, кои се добиени од европските фондови, соопштено е денеска од Загреб. Полицијата утринава упаднала во куќата на Толушиќ во Вировитица.
Тамошното МВР соопшти дека по налог на Канцеларијата на европскиот јавен обвинител е спроведена криминалистичка истрага поради сомнеж за сторени кривични дела, односно субвенциски измами, злоупотреба на позицијата и поттик на злоупотреба.
Хрватското МВР не го наведува името на вториот осомничен во истиот случај, ексдржавен службеник, вработен во телата на државна управа. Во тек е спроведување на доказен материјал.
Толушиќ беше потпретседател на владата на Пленковиќ од мај 2018 до јули 2019 година.