Свет
Во светот има 250.000 деца-војници
Близу 250.000 деца се користат од бунтовнички или вооружени групи, соопшти претставник на Генералниот секретаријат на Обединетите нации
Близу 250.000 деца се користат од бунтовнички или вооружени групи, соопшти претставник на Генералниот секретаријат на Обединетите нации за деца и вооружени конфликти.„Ние сметаме дека во моментот има близу 250.000 деца војници во светот“, соопшти претставничката на ОН Радика Кумарасвами, на вчерашната прес конференција пред објавувањето на Годишниот извештај.Според податоците на ОН, пред пет години оваа бројка изнесувала 300.000 деца војници, а светската организација нема евиденција колку деца се загинати во конфликтите.„Оваа година е многу тешко за децата во вооружените конфликти…Ужасни нешта им се случија на децата во Газа“, рече Кумарасвами.Таа како проблематични подрачја ги посочи Шри Ланка, Пакистан, ДР Конго, Ирак и Авганистан, каде што поради судирите дојде до многу жртви и масовно напуштање на домовите, најмногу на деца.„Друга област на загриженост е промената на природата на конфликтите, посебно во рамки на борбата против тероризмот и контратероризмот, во која цивилите стануваат цел“, појаснува специјалниот претставник на ОН. /крај/бг/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Швајцарија ги замрзна руските средства во вредност од 5,8 милијарди франци
Швајцарија го замрзна рускиот имот во вредност од 5,8 милијарди швајцарски франци или 5,95 милијарди евра, објави денеска Државниот секретаријат за економски прашања на земјата (SECO).
Оваа бројка се однесува на вкупната вредност на руските средства замрзнати од Швајцарија од почетокот на војната во Украина до крајот на 2023 година.
Вредноста на замрзнатите руски средства во Швајцарија е значително помала отколку на крајот на 2022 година, кога изнесуваше 7,5 милијарди швајцарски франци, пренесува Ројтерс.
Регион
(Видео) Во Хрватска падна снег
На подрачјето на Горски котар во Хрватска синоќа падна снег, а на места имаше и вистинска снежна покривка.
Снег ја зафати и Горанската делница на автопатот А6 Риека-Загреб, но работниците на зимската служба минаа низ снегот и до утрово нема ограничувања во сообраќајот, јавува Н1.
Свет
Лидерот на Северна Кореја ја надгледуваше воената вежба: се симулираше нуклеарен контранапад
Северна Кореја ги изведе своите први воени вежби кои симулираа нуклеарен контранапад, објави државната новинска агенција на земјата KCNA, како и други државни медиуми.
Врховниот водач Ким Џонг-ун ја надгледуваше вежбата која беше дел од тестот на системот за управување со нуклеарно оружје на нацијата.
Покрај тоа што севернокорејското раководство сака да ја тестира различноста на сопствените нуклеарни капацитети, тоа беше, според КЦНА, протест против американските и јужнокорејските „провокативни и инвазивни“ воени вежби.
Симулациските вежби на севернокорејската војска вклучуваа маневрирање на војниците во позиција за нуклеарен контранапад и истрелување на лажни нуклеарни боеви глави во случај на предупредување за нуклеарна криза.
Во таа прилика беа истрелани неколку балистички ракети со краток дострел кон морето, во близина на источниот севернокорејски брег.
Резолуциите на ОН и забрануваат на Северна Кореја да тестира балистички ракети од кој било дострел, од кои некои се способни да носат нуклеарни боеви глави.