Свет
Ирско „не“ ќе значи и губење на право на еврокомесар
Претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Баросо ги предупреди Ирците дека гласајќи против Лисабонскиот договор…
Претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Баросо ги предупреди Ирците дека гласајќи против Лисабонскиот договор ќе останат без свој еврокомесар. „Единствен начин на кој што ќе и осигураме на Ирска да има свој еврокомесар е позитивен исход од претстојниот референдум за Лисабонскиот договор“, изјави Баросо за весникот Ајриш Тајмс. Ирците на 2 октомври по втор пат ќе излезат на референдум за Лисабонскиот договор, откако во 2007 со 53,4 отсто го отфрлија и целосно ја шокираа Европа. Последните анкети укажуваат на растечки тренд на гласачите кои ќе го поддржат референдумот, а според едно релевантно истражување таа бројка надминува 50 отсто, наспроти 26 отсто кои ќе гласаат против и 21 отсто неопределени. /крај/хи/ап
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
ХДЗ слави победа на изборите во Хрватска по првите официјални резултати
Објавени се првите официјални резултати од изборите одржани денеска во Хрватска.
Според првите официјални информации, по 25 отсто преброени гласови, ХДЗ слави победа. ХДЗ води убедливо, а резултатите во штабот беа дочекани со ентузијазам и скандирања „победа“.
ХДЗ 65, „Реке правде“ (СДП) со 41, ДП 14, Мост 9, ИДС 4, Можемо 3, Фокус 3, НП Север 2.
Од друга страна, во штабот на СДП владееше молк.
Регион
Три сантиметри снег на Копаоник
На Копаоник се измерени три сантиметри снег, соопштија вечерва за агенцијата Бета во локалната метеоролошка станица.
Врне снег со слаб интензитет и со повремени прекини.
Температурата е минус три Целзиусови степени, а во моментов дува северен ветер со брзина и до три метри во секунда.
Свет
Столтенберг свика кризен состанок на Советот НАТО
На барање на Украина, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, за овој петок закажа состанок на Советот НАТО-Украина.
Главна тема на вонредниот состанок ќе биде потребата на Украина од повеќе системи за противвоздушна одбрана и артилериски гранати, изјави Столтенберг во Брисел.
На состанокот треба да присуствува и украинскиот претседател Володимир Зеленски, како и министрите за одбрана на земјите-членки на НАТО. Дали средбата ќе биде организирана преку видео конференција или со физичко присуство, првично не се знае.