Контакт

Свет

Најмалку 23 загинати при уривање на импровизирана црква во Непал

Објавено пред

Најмалку 23 лица, меѓу кои жени и деца, ги загубија животите кога трикатна колиба изградена од бамбус, која служела и како црква,

dobivaj vesti na viber

<!– /* Style Definitions */ p.MsoNormal, li.MsoNormal, div.MsoNormal {mso-style-parent:””; margin:0cm; margin-bottom:.0001pt; text-align:justify; mso-pagination:widow-orphan; font-size:11.0pt; mso-bidi-font-size:12.0pt; font-family:Arial; mso-fareast-font-family:”Times New Roman”;} @page Section1 {size:612.0pt 792.0pt; margin:72.0pt 90.0pt 72.0pt 90.0pt; mso-header-margin:36.0pt; mso-footer-margin:36.0pt; mso-paper-source:0;} div.Section1 {page:Section1;} –> Најмалку 23 лица, меѓу кои жени и деца, ги загубија животите кога трикатна колиба изградена од бамбус, која служела и како црква, се урнала во источниот дел на Непал, соопшти полицијата. Во несреќата, до која дошло во време кога луѓето спиеле во колибата, најмалку 62 лица биле повредени. Христијанските верници сочинуваат помалку од еден процент во Непал, во кој мнозинството се хиндуси. /крај/тн/ст



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа

(Видео) Шумски пожар зафати патнички воз во Шпанија, патниците скокале од вагонот, повеќе од 20 луѓе се повредени

Објавено пред

Повеќе од 20 патници се здобиле со изгореници откако скокнале од воз кој бил зафатен од шумски пожар во близина на Кастелон во североисточна Шпанија.

dobivaj vesti na viber

Во еден момент машиновозачот го запрел возот, за да се обиде да го сврти во друга насока, кога видел дека е опасно да продолжат.

Голем број патници ги фатила паника од страв од пожар, па решиле да ги скршат стаклата и да скокнат од возот.

Двајцата најтешко повредени се евакуирани со хеликоптер, додека останатите патници, меѓу кои и едно десетгодишно девојче, се пренесени во локалните болници.

Во моментот на инцидентот во возот имало 48 патници.

– Кога видоа дека се опколени со оган, се вратија во возот и неколку од нив се здобија со тешки изгореници – изјавил портпаролот на железничката компанија, пишува Гардијан.

Претседателот на регионот Валенсија рече дека повеќе од 1.000 луѓе се евакуирани од своите домови бидејќи силните ветрови во последните денови го разгореа пламенот.

Двајца пожарникари се тешко повредени додека го гаснеле пожарот.

Валенсија е последниот во низата региони во Шпанија кои летово беа погодени од пожари поради високите температури. Досега низ земјава се уништени десетици илјади хектари шуми, пренесе Телеграф.рс.

Прикажи повеќе...

Свет

Жена од Саудиска Арабија е осудена на 34 години затвор поради користење на Твитер

Објавено пред

Салма ал Шебаб (34) е осудена на 34 години затвор бидејќи користела Твитер за да ги следи неистомислениците и активистите, одлучи судот во Саудиска Арабија.

dobivaj vesti na viber

Ал Шебаб, мајка на две мали деца која студирала на британскиот универзитет во Лидс, била уапсена и осудена по враќањето од Велика Британија. Таа пристигна во својата земја на одмор, пренесува Гардијан.

Таа првично беше осудена на три години затвор за користење на Твитер за „поттикнување јавни немири и дестабилизирање на граѓанската и националната безбедност“. Откако јавниот обвинител побара од судот да разгледа и други наводни кривични дела, судот во петокот изрече нова казна од 34 години затвор по што следуваше 34-годишна забрана за напуштање на државата.

Во обвинението се наведува дека Шебаб им помагал на оние кои сакале да предизвикаат јавни немири и да ја дестабилизираат националната безбедност.

Инаку, како што пишува угледен британски весник, овој случај претставува најнов пример за кампања против сите корисници на Твитер што ја започна Мохамед бин Салман, саудискиот престолонаследник, кој поседува повеќе од пет отсто од акциите на популарната социјална платформа преку Саудискиот фонд за јавни инвестиции.

Прикажи повеќе...

Свет

Алигатор убил жена откако несакајќи паднала во езеро додека работела

Објавено пред

88-годишна жена е убиена од алигатор откако случајно паднала во езеро додека работела во градината на заедница на постари лица, соопштија властите во американската сојузна држава Јужна Каролина.

dobivaj vesti na viber

Во понеделникот во 11:15 часот по локално време, властите биле повикани во населбата Хилтон Хед во Сан Сити, кога добиле повик дека алигатор држи женско тело во вилиците во езерото и не сака да ја пушти – Анџела Виенс од канцеларијата на шерифот изјави за Си-Ен-Ен.

Сан Сити Хилтон Хед е старечка заедница со повеќе од 16.000 жители.

Ненси Бекер од Јужна Каролина се занимавала со градинарство кога се лизнала и паднала во езеро, каде ја нападнал алигатор. Властите подоцна го фатиле животното и било евтаназирано.

Полицијата и форензичарите сè уште вршат увид.

Се проценува дека во десет југоисточни држави во САД живеат околу 5 милиони американски алигатори. Сепак, фаталните напади не се честа појава. Во Флорида, секоја година помеѓу 1948 и 2021 година, имало шест неиспровоцирани инциденти на малтретирање животни.

Од 442 случаи, 26 резултирале со смрт,пренесе Телеграф.рс.

Прикажи повеќе...

Најново

Европа6 минути

(Видео) Шумски пожар зафати патнички воз во Шпанија, патниците скокале од вагонот, повеќе од 20 луѓе се повредени

Повеќе од 20 патници се здобиле со изгореници откако скокнале од воз кој бил зафатен од шумски пожар во близина...

Свет15 минути

Жена од Саудиска Арабија е осудена на 34 години затвор поради користење на Твитер

Салма ал Шебаб (34) е осудена на 34 години затвор бидејќи користела Твитер за да ги следи неистомислениците и активистите,...

Свет25 минути

Алигатор убил жена откако несакајќи паднала во езеро додека работела

88-годишна жена е убиена од алигатор откако случајно паднала во езеро додека работела во градината на заедница на постари лица,...

Свет56 минути

Северна Кореја лансираше две крстосувачки ракети

Денеска Северна Кореја најверојатно тестирала две крстосувачки ракети кон Жолтото Море, изјави јужнокорејски воен претставник, а пренесува Јонхап. Лансирањето се...

Свет59 минути

Бајден го потпиша Законот за климата вреден 430 милијарди долари

Американскиот претседател Џозеф Бајден ја потпиша сметката од 430 милијарди долари, која се смета за најголем пакет климатски мерки во...

Македонија13 часа

(Видео) Невреме во Неготино – паднати дрвја, бандери, поплавени дуќани и автомобили

Големото невреме кое денеска го зафати Неготино зад себе остави паднати дрвја, бандери, поплавени дуќани и автомобили. Силниот ветер носел...

Топ15 часа

Скопјанка киднапирала бебе во ГТЦ и со такси го однела во Ѓорче Петров

Денеска полициски службеници од СВР Скопје ја лишија од слобода С.С. од Скопје, набрзо по добиена пријава околу 11.30 часот...

Македонија18 часа

Вилма Русковска е суспендирана, дисциплинска за уште две обвинителки

Шефицата на Обвинителството за организиран криминал и корупција Вилма Русковска добила решение за суспензија.  Според информации на „Макфакс“, одлуката е...

Македонија19 часа

Обвинителството ќе го испитува регистрирањето на бугарските здруженија во Македонија

Основното јавно обвинителство Охрид денеска по допрен глас оформи предмет за да ги испита наводите за евентуални пропусти при регистрацијата...

Македонија20 часа

ВМРО-НП: Тие што гласно се чудат да се прашаат зошто некој манипулирал и ги учел со лажни податоци

ВМРО-Народна партија го поздравува напредокот на двете историски комисии како чин на позитивниот пат на Северна Македонија кон Евро-атланската интеграција....

Економија20 часа

Од септември мерки за штедење на струја, државните институции ќе мора да ги намалат сметките за 15 отсто

Државните институции од септември ќе мора да ги намалат сметките за електрична енергија за 15 отсто во однос на истиот...

Македонија20 часа

Регистрирани 590 нови случаи на коронавирус, починаа 2 лица

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 1.593 тестови,...

Македонија22 часа

Бугарските историчари прогласија победа: „Ќе продолжиме да ги браниме позициите и за јазикот, браќата Миладиновци и Гоце Делчев“

Двегодишната битка за одбрана на позицијата на Бугарија во историските спорови со Северна Македонија ја достигна првата победа. Ова се...

Регион24 часа

Ќе требаат нови операции за децата повредени во автобуската несреќа во Бугарија

Двете повредени деца, кои вчера од Стара Загора беа пренесени во болницата „Пирогов“ во Софија, сè уште се во тешка...

Македонија1 ден

Демократски сојуз: Грешки со историски димензии

Демократскиот сојуз предупредува на процес на сечење на македонските корени преку заедничката комисија за историски и образовни прашања, со што...

Македонија1 ден

СДСМ: Потонаа сите лаги на ВМРО-ДПМНЕ за наводно менување на историјата

„Паднаа во вода сите лаги на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски со кои со месеци ги вознемируваа граѓаните и се обидуваа...

Европа1 ден

Киевскиот градоначалник Виталиј Кличко се разведува по 25 години брак

Градоначалникот на Киев и поранешен светски шампион во бокс Виталиј Кличко (51) се разведува од сопругата Наталија, по 25 години...

Македонија1 ден

ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски да одговори, или уставни измени веднаш во Собрание или оставка и избори

„Секојдневните предавства од криминалната власт на СДСМ и ДУИ треба да престанат. Константните притисоци од власта на Ковачевски кон пратениците...

Европа1 ден

Путин: Тоа што го прави Западот е глупаво

Владимир Путин ги нарече „залудни“ обидите да се поништи руската култура и самата Русија. „Тоа е едноставно глупаво. А оние...

Европа1 ден

Зеленски ги разреши шефовите на безбедносните служби

Зеленски ги разреши шефовите на безбедносните служби на четири регионални одделенија. Според декретите објавени на претседателската веб-страница, Серхи Зајац беше...