Свет
Спектакуларно одбележување на 60-тиот роденден на НР Кина
Комунистичка Кина прогласена 1949 година, која во прерасна во светска сила, денеска слави 60-ти роденден со спектакуларна програма.
Комунистичка Кина прогласена 1949 година, која во прерасна во светска сила, денеска слави 60-ти роденден со спектакуларна програма.Роденденот, ќе биде одбележан со воена парада и најголем огномет на светот, со невидени мерки на обезбедување и по подготовките, кои со месеци го парализираа животот во метрополата.„Народна Република Кина, народната влада се создадени денеска“, прогласи на 1 октомври 1949 година тогаш 55-годишниот лидер на кинеската револуција Мао Це Тунг, комунистичка држава од 476 милиони луѓе.Во денешна Кина со 1,3 милијарди жители, една од ретките преостанати комунистички држави, прославата со месеци ја подготвуваа војската и батаљони доброволци, кои ќе учествуваат во маршот низ Пекинг, песните и танцот во чест на режимот и неговите достигнувања.За обезбедување на свеченоста се ангажирани повеќе полицајци отколку за Олимписките игри 2008, со голема медиумска пропаганда и построга контрола на интернет и на странските новинари.Властите им препорачаа на 17-те милиони жители на Пекинг прославата да ја гледаат на телевизија.По говорот на кинескиот претседател Ху Џинтао ќе следи парада на Народната ослободителна армија , кој ќе заврши на плоштадот Тиенанмен пред насобраното кинеско раководство и членовите на дипломатскиот кор, а ќе биде изложен нов портрет на Мао Це Тунг.Кинеската војска, најбројна во светот, со парада ќе претстави 52 типа воена опрема, која е целосно од домашно производство, а 90 насто од опремата за прв пат ќе биде прикажана во јавноста. Воената парада од воздух ќе ја поддржуваат 150 авиони.Дефилето треба да трае 66 минути, а странските експерти со нетрпение очекуваат дали Кина ќе ја претстави својата верзија на балистичката интерконтинентална ракета Донфенг 31 и борбениот авион Јиан-10.Кинеската централна власт загрижена поради немирите кои неодамна ги потресоа покраините со малцинства Тибет и Џинјанг, населен со Ујгури, посебно внимание ќе им посвети на етничките групи.На рабовите на плоштадот Тиенанмен се подигнати 56 столбови во црвено-златната боја на кинеското знаме, како симболи за секое малцинство во големата Кина.Кога ќе се стемни, небото над Пекинг ќе биде осветлено со најголемиот огномет на светот, кој треба да трае 33 минути./крај/хи/мп
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Земјотрес во Србија
Земјотрес со јачина од 2,7 степени според Рихтеровата скала го погоди Чачак.
Според ЕМСЦ, епицентарот бил два километри северно од Чачак и 47 километри западно-северозападно од Крагуевац.
Земјотресот се случил на длабочина од осум километри.
Европа
Уапсен Полјак: „Планирал убиство на Зеленски“
Маж од Полска е уапсен под обвинение дека бил подготвен да шпионира за руското воено разузнавање и да и помогне да го испланира убиството на украинскиот претседател Володимир Зеленски, соопштија полските обвинители, а пренесе Асошиетед прес.
Полското национално обвинителство соопшти дека мажот, идентификуван само како Павел К., бил обвинет дека сакал да ги пренесе безбедносните информации на аеродромот на руски агенти и бил уапсен вчера во Полска.
Човекот побарал контакт со Руси директно вклучени во војната во Украина и се очекувало да пренесе детални информации за аеродромот Жешов-Јасионка во југоисточна Полска, во близина на границата со Украина, кој е портата за меѓународни воени и хуманитарни снабдувања за Украина. Аеродромот е под контрола на американски војници.
Доколку биде прогласен за виновен, тој може да добие и до осум години затвор, се вели во соопштението за печатот.
Обвинителите рекоа дека апсењето е резултат на блиска соработка со обвинителите и безбедносните служби на Украина, кои обезбедија клучни докази. Членката на ЕУ, Полска е цврст поддржувач на соседна Украина и Зеленски во одбрана од руската агресија повеќе од две години.
Европа
Столтенберг: НАТО работи на испорака на повеќе „Патриоти“ во Украина
НАТО работи на испраќање повеќе системи за противвоздушна одбрана во Украина, изјави генералниот секретар Јенс Столтенберг, додавајќи дека доцнењето во обезбедувањето таква помош им наштетува на напорите на Киев да се спротивстави на руските напади.
„Собравме податоци за различните системи за противвоздушна одбрана што ги имаме во НАТО и се фокусиравме на системите „Патриот“. И ние работиме со сојузниците за да се осигураме дека тие прераспоредуваат некои од нивните системи во Украина“, изјави тој за новинарите на маргините на состанокот на министрите за надворешни работи на Г7 во Италија.
„Работиме на можноста за испорака на повеќе батерии „Патриот“ за Украина. Водиме дијалог со некои земји“, рече Столтенберг, нарекувајќи го снабдувањето на „Патриотите“ „критично“, бидејќи тоа е најнапредниот одбранбен систем на кој алијансата може да смета.
Столтенберг рече дека други одбранбени системи, вклучително и ракетниот систем земја-воздух НАСАМС, може да и бидат доставени на Украина. Тој додаде дека состанокот на Советот НАТО-Украина ќе се одржи утре и дека се очекува виртуелно да учествува украинскиот претседател Володимир Зеленски.
„Охрабрен сум од посветеноста и одлучноста на сојузниците во НАТО да застанат во одбрана на Украина“, им рече тој на новинарите, додавајќи дека има охрабрувачки знаци дека американскиот Конгрес наскоро би можел да го отклучи пакетот помош од 60,84 милијарди долари за Украина.