Свет
Повик на бојкот на турското кафе во Израел
Голем израелски ланец на кафеани прекина да продава турско кафе по затегнување на дипломатските односи меѓу Турција и Израел.
Голем израелски ланец на кафеани прекина да продава турско кафе по затегнување на дипломатските односи меѓу Турција и Израел.
„Одлучивме да престанеме со продавање на кафето Истанбул, наш турски специјалитет, додека состојбата не се смири“, изјави за медиумите, маркетинг директорот на кафеаните Илан.
Ваквите реакции доаѓаат по неодамнешната одлука на Анкара да го исклучи Израел од воздушните маневри во Турција.
Истовремоно и директорот на одборот на израелската авиокомпанија ЕЛ – АЛ, Јоси Леви повика на бојкот на туристичките дестинации во Турција, омилени меѓу Израелците.
Израел и Турција воспоставија блиски економски врски по потпишувањето на воениот договор за соработка во 1996 година, но односите меѓу двете држави се влошија по воената интервенција на Израел во Газа во декември, 2008 година./крај/хи/амп
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
ХДЗ слави победа на изборите во Хрватска по првите официјални резултати
Објавени се првите официјални резултати од изборите одржани денеска во Хрватска.
Според првите официјални информации, по 25 отсто преброени гласови, ХДЗ слави победа. ХДЗ води убедливо, а резултатите во штабот беа дочекани со ентузијазам и скандирања „победа“.
ХДЗ 65, „Реке правде“ (СДП) со 41, ДП 14, Мост 9, ИДС 4, Можемо 3, Фокус 3, НП Север 2.
Од друга страна, во штабот на СДП владееше молк.
Регион
Три сантиметри снег на Копаоник
На Копаоник се измерени три сантиметри снег, соопштија вечерва за агенцијата Бета во локалната метеоролошка станица.
Врне снег со слаб интензитет и со повремени прекини.
Температурата е минус три Целзиусови степени, а во моментов дува северен ветер со брзина и до три метри во секунда.
Свет
Столтенберг свика кризен состанок на Советот НАТО
На барање на Украина, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, за овој петок закажа состанок на Советот НАТО-Украина.
Главна тема на вонредниот состанок ќе биде потребата на Украина од повеќе системи за противвоздушна одбрана и артилериски гранати, изјави Столтенберг во Брисел.
На состанокот треба да присуствува и украинскиот претседател Володимир Зеленски, како и министрите за одбрана на земјите-членки на НАТО. Дали средбата ќе биде организирана преку видео конференција или со физичко присуство, првично не се знае.