Свет
Наумовски – Македонија најбрзо ќе ги заврши преговорите со ЕУ
Позитивниот извештај на Европската комисија е поттик Македонија посветено да продолжи со реформите и преговорите за влез во Европската унија
Позитивниот извештај на Европската комисија е поттик Македонија посветено да продолжи со реформите и преговорите за влез во Европската унија (ЕУ) да ги заврши побрзо од сите нејзини нови членки.Ова во понеделник го порача вицепремиерот задолжен за евроинтеграции Васко Наумовски, во обраќањето пред студентите од прва година на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје. Вицепремиерот Наумовски пред студентите нагласи дека Македонија од Комисијата во Брисел го добила досега најдобриот Извештај за напредокот во исполнувањето на критериумите за членство во ЕУ“ и јасна препорака за датум за почеток на преговори. „Ова не е нашата последна станица. Крајната цел на Македонија е членство во ЕУ и ние како држава сме посветени да ги исполните сите потребни реформи за тоа.“, посочи Наумовски.Според него, Македонија располага со сите потребни капацитети, откако ќе добие датум,преговорите за членство во ЕУ да ги заврши во најкус можен рок.„Уверени сме дека Македонија ќе биде земја, која најбрзо ќе ги заврши претпристапните преговори со ЕУ, коишто вообичаено траат од три до пет години. По добивањето на толку очекуваниот датум ќе следи анализа на нашето законодавство и ќе има нови одредници што ќе треба да се исполнат, но, сигурни сме дека со капацитетите со кои располагаме ќе можеме побрзо од сите други земји досега да ги завршиме преговорите за влез во ЕУ“, наведе вицепремиерот за евроинтеграции Васко Наумовски./крај/ег/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шолц: Војната во Украина може да трае уште неколку години
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека верува оти војната во Украина може да се пролонгира уште неколку години.
„Никој не може да каже дали оваа војна ќе трае можеби пет години“, рече Шолц вечерва во источниот германски град Кемниц.
Тој ја бранеше германската воена помош за Украина и додаде дека заедно со неа мора да се негува и дипломатијата.
„Меѓутоа, од почетокот на војната, рускиот претседател Владимир Путин не покажа знаци на движење напред“, рече тој.
„Диктиран мир е неприфатлив. Не смее да се дозволи да се извлече со ова“, додаде германскиот канцелар.
Свет
Шефот на НАТО: Никој нема корист од војната на Блискиот Исток
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изрази загриженост за ситуацијата на Блискиот Исток по израелскиот напад врз Иран.
„Клучно е конфликтот да не излезе од контрола и затоа ги повикуваме сите страни на воздржаност“, изјави Столтенберг денеска во Брисел. „Никој нема корист од војната на Блискиот Исток“, рече тој.
Израел го нападна иранскиот Исфахан
Според извештаите на медиумите, Израел ја нападнал иранската провинција Исфахан рано во петокот како одговор на големиот ирански напад со беспилотни летала и ракети минатиот викенд.
Според израелскиот весник Jerusalem Post, нападот бил насочен кон воздушна база во Исфахан, недалеку од иранските нуклеарни постројки. Сепак, според Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), нуклеарните капацитети не биле погодени.
Свет
Шефот на МААЕ: Не ги напаѓајте иранските нуклеарни постројки
Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, ги предупреди земјите да не ги напаѓаат иранските нуклеарни постројки.
Во Исфахан, каде што беше извршен нападот, има неколку нуклеарни постројки во земјата. Гроси за програмата на Би-би-си Радио 4 изјави дека му олеснало кога слушнал дека ниту една нуклеарна постројка не била погодена во нападот.
„Нападот врз иранските нуклеарни постројки би бил страшна работа“, вели Гроси.
Тој смета дека во светот деновиве се појавува прашањето за таргетирање на нуклеарни постројки и дека МААЕ го смета за жално.