Свет
Пожар на нафтен терминал во Индија
Најмалку десет лица се загинати, а половина милион се евакуирани по големиот пожар кој трет ден беснее на нафтен терминал во близина на индискиот град Џаипура.
Најмалку десет лица се загинати, а половина милион се евакуирани по големиот пожар кој трет ден беснее на нафтен терминал во близина на индискиот град Џаипура. Пожарот на терминалот, што е во сопственост на индиската државана компанија IOC во предградието ан Џаипура, избувна во четврток и досега зафатил 11 резервоари во кои има осум милиони литри нафта. Десетмина од вработените на компанијата загинале, а други четворица се водат како исчезнати, додека бројката повредени е поголема од 150. Локалните власти заради опасност од експлозии и проширување на пожарот, евакуирале околу 500 илјади жители од околните населби. Компанијата IOC издаде соопштение дека нема друг избор туку да чека нафтата од резервоарите да изгори до крај, бидејќи е многу ризично пожарникарите да се приближат додека тие се зафатени со пламен. Во недела се запалиле уште пет резервоари, но медиумите јавуваат дека огнот е со намален интензитет, во однос на првиот ден кога огнениот столб бил висок и преку 15 метри. /крај/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
ХДЗ слави победа на изборите во Хрватска по првите официјални резултати
Објавени се првите официјални резултати од изборите одржани денеска во Хрватска.
Според првите официјални информации, по 25 отсто преброени гласови, ХДЗ слави победа. ХДЗ води убедливо, а резултатите во штабот беа дочекани со ентузијазам и скандирања „победа“.
ХДЗ 65, „Реке правде“ (СДП) со 41, ДП 14, Мост 9, ИДС 4, Можемо 3, Фокус 3, НП Север 2.
Од друга страна, во штабот на СДП владееше молк.
Регион
Три сантиметри снег на Копаоник
На Копаоник се измерени три сантиметри снег, соопштија вечерва за агенцијата Бета во локалната метеоролошка станица.
Врне снег со слаб интензитет и со повремени прекини.
Температурата е минус три Целзиусови степени, а во моментов дува северен ветер со брзина и до три метри во секунда.
Свет
Столтенберг свика кризен состанок на Советот НАТО
На барање на Украина, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, за овој петок закажа состанок на Советот НАТО-Украина.
Главна тема на вонредниот состанок ќе биде потребата на Украина од повеќе системи за противвоздушна одбрана и артилериски гранати, изјави Столтенберг во Брисел.
На состанокот треба да присуствува и украинскиот претседател Володимир Зеленски, како и министрите за одбрана на земјите-членки на НАТО. Дали средбата ќе биде организирана преку видео конференција или со физичко присуство, првично не се знае.