Свет
Снајперистот од Вашингтон ќе биде погубен денеска
Снајперистот Џон Ален Мухамад кој во текот на 2002 година три недели ги тероризираше жителите на Вашингтон се очекува да биде погубен денес, јавија западните агенции.
Снајперистот Џон Ален Мухамад кој во текот на 2002 година три недели ги тероризираше жителите на Вашингтон се очекува да биде погубен денес, јавија западните агенции.
Смртоносната инјекција со која треба да биде погубен Мухамад ќе му биде вбризгана денеска, а единствениот спас неговите адвокати го гледаат во гувернерот на Вирџинија Тим Кејн кој може да го спаси од смртна казна и да го смести во доживотен затвор.
Снајперистот беше осуден на смрт поради убиството на Ден Херолд на една бензиска станица во Вашингтон, а подоцна се дозна дека извршил и десетина други убиства во државите Мериленд, Вирџинија, Вашингтон, Аризона и Луизијана.
За роднините на загинатите ова е долго очекуван ден и тие се надеваат дека убиецот ќе си го добие заслуженото.Шерил Виц чиј татко бил застрелан додека играл голф на едно игралиште во Аризона ќе присуствува на погубувањето на Мухамад.
“Кога тој можеше да го гледа татко ми како умира, зошто не би го гледала и јас него”-рекла Виц.
Мухамад ги демнееше жителите на Вашингтон додека ги извршуваа секојдневните обврски, додека одеа на шопинг или на бензинска пумпа. Многумина од нив се затвораа во своите домови плашејќи се дека можат да станат жртви на ладнокрвниот убиец.
Полицијата го уапси Мухамад на 24 октомври 2002 година во моментот додека спиел во автомобилот на еден паркинг во државата Мериленд./крај/ап/вм
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шолц: Војната во Украина може да трае уште неколку години
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека верува оти војната во Украина може да се пролонгира уште неколку години.
„Никој не може да каже дали оваа војна ќе трае можеби пет години“, рече Шолц вечерва во источниот германски град Кемниц.
Тој ја бранеше германската воена помош за Украина и додаде дека заедно со неа мора да се негува и дипломатијата.
„Меѓутоа, од почетокот на војната, рускиот претседател Владимир Путин не покажа знаци на движење напред“, рече тој.
„Диктиран мир е неприфатлив. Не смее да се дозволи да се извлече со ова“, додаде германскиот канцелар.
Свет
Шефот на НАТО: Никој нема корист од војната на Блискиот Исток
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изрази загриженост за ситуацијата на Блискиот Исток по израелскиот напад врз Иран.
„Клучно е конфликтот да не излезе од контрола и затоа ги повикуваме сите страни на воздржаност“, изјави Столтенберг денеска во Брисел. „Никој нема корист од војната на Блискиот Исток“, рече тој.
Израел го нападна иранскиот Исфахан
Според извештаите на медиумите, Израел ја нападнал иранската провинција Исфахан рано во петокот како одговор на големиот ирански напад со беспилотни летала и ракети минатиот викенд.
Според израелскиот весник Jerusalem Post, нападот бил насочен кон воздушна база во Исфахан, недалеку од иранските нуклеарни постројки. Сепак, според Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), нуклеарните капацитети не биле погодени.
Свет
Шефот на МААЕ: Не ги напаѓајте иранските нуклеарни постројки
Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, ги предупреди земјите да не ги напаѓаат иранските нуклеарни постројки.
Во Исфахан, каде што беше извршен нападот, има неколку нуклеарни постројки во земјата. Гроси за програмата на Би-би-си Радио 4 изјави дека му олеснало кога слушнал дека ниту една нуклеарна постројка не била погодена во нападот.
„Нападот врз иранските нуклеарни постројки би бил страшна работа“, вели Гроси.
Тој смета дека во светот деновиве се појавува прашањето за таргетирање на нуклеарни постројки и дека МААЕ го смета за жално.