Свет
Апсења за прибирање на ДНК
Британската полиција врши рутински апсења на луѓе само за да ги внесе ДНК податоците во националната база, се вели во извештајот на Комисијата за човековата генетика, пишува британскиот “Тајмс“. Весникот истакнува дека базата на ДНК податоци ја сочинуваат две
Британската полиција врши рутински апсења на луѓе само за да ги внесе ДНК податоците во националната база, се вели во извештајот на Комисијата за човековата генетика, пишува британскиот “Тајмс“. Весникот истакнува дека базата на ДНК податоци ја сочинуваат две третини млади црномурести луѓе на возраст меѓу 18 и 35 години. Комисијата за човековата генетика е независно советодавно тело на британската влада. Тие ја советуваат владата за социјалните, правните и етичките аспекти на генетиката. Комисијата ја повика владата да направи ревизија на базата на податоци. Во извештајот се препорачува парламентот да усвои нови закони со кои јасно ќе се наведат овластувањата на полицијата и базата на податоци на ДНК. Британската база на ДНК податоци е воспоставена во 1995 година и содржи податоци за пет милиони граѓани или осум проценти од населението, што ја прави најголема ваква база на светот. “Парламентот никогаш официјално не дискутирал за воспоставување на Национална база на ДНК податоци и за безбедносните мерки што ја опкружуваат“, вели претседателот на комисијата Џонатан Монтгомери.Во извештајот на комисијата се наведува дека уште не е јасно како базата на ДНК податоци ќе ги подобри полициските истраги. Портпаролот на британското Министерство за внатрешни работи вели дека националната база на податоци е “клучно оружје во борбата против криминалот и дека во периодот меѓу 1998 и 2009 година поврзала повеќе од 410 илјади места на злосторство со можните прекршители. /крај/ мо /мв/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Сообраќајка на бугарски автобус во Турција, повредени 11 лица
Единаесет лица се повредени кога автобус со бугарски регистарски таблици што сообраќал од Истанбул за Бугарија се превртел во областа Киркларели во Турција, јави агенција та Анадолија.
Сообраќајната несреќа се случила на 50 километри од бугарската граница. Автобусот е на компанијата „Метро туризам“.
На местото на несреќата се упатени екипи на полиција и медицински лица.
Повредените, вклучувајќи го и возачот на автобусот, се хоспитализирани во околните болници.
Европа
Шолц: Војната во Украина може да трае уште неколку години
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека верува оти војната во Украина може да се пролонгира уште неколку години.
„Никој не може да каже дали оваа војна ќе трае можеби пет години“, рече Шолц вечерва во источниот германски град Кемниц.
Тој ја бранеше германската воена помош за Украина и додаде дека заедно со неа мора да се негува и дипломатијата.
„Меѓутоа, од почетокот на војната, рускиот претседател Владимир Путин не покажа знаци на движење напред“, рече тој.
„Диктиран мир е неприфатлив. Не смее да се дозволи да се извлече со ова“, додаде германскиот канцелар.
Свет
Шефот на НАТО: Никој нема корист од војната на Блискиот Исток
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изрази загриженост за ситуацијата на Блискиот Исток по израелскиот напад врз Иран.
„Клучно е конфликтот да не излезе од контрола и затоа ги повикуваме сите страни на воздржаност“, изјави Столтенберг денеска во Брисел. „Никој нема корист од војната на Блискиот Исток“, рече тој.
Израел го нападна иранскиот Исфахан
Според извештаите на медиумите, Израел ја нападнал иранската провинција Исфахан рано во петокот како одговор на големиот ирански напад со беспилотни летала и ракети минатиот викенд.
Според израелскиот весник Jerusalem Post, нападот бил насочен кон воздушна база во Исфахан, недалеку од иранските нуклеарни постројки. Сепак, според Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), нуклеарните капацитети не биле погодени.