Контакт

Свет

Филипини – крвав политички масакр

Објавено пред

Загинувањето на 18 новинари во крвав политички масакр во Филипини, во понеделникот, е најцрн ден за новинарството во светот.

dobivaj vesti na viber

Загинувањето на 18 новинари во крвав политички масакр во Филипини, во понеделникот, е најцрн ден за новинарството во светот.

Ова се наведува во соопштението  на меѓународната новинарска организација „Репортери без граници“.

Вкупно има 52 убиени во незапаметениот политички злостор што се случи во понеделникот на Минданaо, еден од најјужните острови во Филипини.

Политичкиот масакр во Филипини е „гнасен злостор“ се вели во острата реакција на генералниот секретар на Обединетите нации  (ОН) Бан ки Мун.

Филипини денеска со ден на жалост се простува од жртвите на масакрот. Претседателката Глорија Макапагал Аројо прогласи вонредна состојба на островот Минданао и во неколку јужни провинции во оваа островска држава.

Незапаметениот политички масакр, во кој покрај политички противници,  повеќето жени, брутално беа убиени и новинари се случи на самиот почеток на кампањата за локални избори.

Нивните тела се пронајдени на повеќе локации во планинскиот дел на островот.Биле закопани во заеднички гробници. Според сведочењето на воени претставници жртвите биле групно стрелани. Имало и тела на кои им се отсечени главите.

Осомничени за злосторот се приврзеници на политичкиот клан Ампатуан, кои со години ја држат власта на островот Минданао. Жртвите се од кланот Мангуадату, чијj што претставник најави учество на претстојните  локални избори.

Кандидатура не е поднесена, откако се масакрирани неговите приврзеници. Во конвојот биле сопругата на кандидатот, неговите сестри, главно жени  и се очекувало дека противничкиот клан нема да врши насилства. Поради тоа во конвојот имало новинари.

Според тврдењето на опозициониот кандидат конвојот бил нападнат од околу сто вооружени цивили. Нив ги предводел еден од синовите на водачот на кланот Ампатуан, кој со години владее со островот Минданао.

Владеачкиот клан молчи и ова тврдење, засега не е демантирано. Војската и полицијата водат истрага. Според новинските извештаи кланот Ампатуан, е близок поддржувач на претседателката на Филипини.

На Филипини има најмалку 250 политички кланови, кои не избираат средства во борба за власт, бидејќи носи и висока заработувачка. Судирите, особено во јужниот дел од државата најчесто  завршуваат со крвопролевање.

На локалните избори на Филипини  во 2007 година имало 126 убиени, а три години пред тоа дури 189. / крај / ф/р



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа

Столтенберг: НАТО работи на испорака на повеќе „Патриоти“ во Украина

Објавено пред

НАТО работи на испраќање повеќе системи за противвоздушна одбрана во Украина, изјави генералниот секретар Јенс Столтенберг, додавајќи дека доцнењето во обезбедувањето таква помош им наштетува на напорите на Киев да се спротивстави на руските напади.

dobivaj vesti na viber

„Собравме податоци за различните системи за противвоздушна одбрана што ги имаме во НАТО и се фокусиравме на системите „Патриот“. И ние работиме со сојузниците за да се осигураме дека тие прераспоредуваат некои од нивните системи во Украина“, изјави тој за новинарите на маргините на состанокот на министрите за надворешни работи на Г7 во Италија.

„Работиме на можноста за испорака на повеќе батерии „Патриот“ за Украина. Водиме дијалог со некои земји“, рече Столтенберг, нарекувајќи го снабдувањето на „Патриотите“ „критично“, бидејќи тоа е најнапредниот одбранбен систем на кој алијансата може да смета.

Столтенберг рече дека други одбранбени системи, вклучително и ракетниот систем земја-воздух НАСАМС, може да и бидат доставени на Украина. Тој додаде дека состанокот на Советот НАТО-Украина ќе се одржи утре и дека се очекува виртуелно да учествува украинскиот претседател Володимир Зеленски.

„Охрабрен сум од посветеноста и одлучноста на сојузниците во НАТО да застанат во одбрана на Украина“, им рече тој на новинарите, додавајќи дека има охрабрувачки знаци дека американскиот Конгрес наскоро би можел да го отклучи пакетот помош од 60,84 милијарди долари за Украина.

Прикажи повеќе...

Свет

Земјотрес во Турција со јачина од 5,6 степени според Рихтеровата скала

Објавено пред

Земјотрес со јачина од 5,6 степени според Рихтеровата скала попладнево ја погоди централна Турција, соопшти државната агенција за справување со катастрофи. Веднаш не беше соопштено дали земјотресот предизвикал жртви или материјална штета.

dobivaj vesti na viber

Според Дирекцијата за управување со катастрофи и вонредни ситуации, земјотресот се случил во градот Сулусарај, во провинцијата Токат, на околу 450 километри источно од главниот град Анкара.

Според телевизијата Хабер Турк, земјотресот бил почувствуван во соседните провинции. Земјотресите во Турција се чести бидејќи земјата лежи на активни раседи.

Разорен земјотрес со јачина од 7,8 степени според Рихтер ја погоди минатата година

Прикажи повеќе...

Европа

(Видео) Катастрофални поплави во Русија, куќи под вода, илјадници евакуирани

Објавено пред

Поради последиците од големите поплави, во Русија се поплавени околу 18.000 домови, додека реката Тобол во областа во близина на границата со Казахстан се заканува да се искачи на рекордно ниво. Државната новинска агенција Тасс објави дека од вчера се поплавени уште 1.700 куќи. Илјадници луѓе се евакуирани во последните неколку дена.

dobivaj vesti na viber

Регионот Оренбург јужно од планината Урал и регионот Курган во Сибир беа најтешко погодени од катастрофални поплави во близина на јужната граница со Казахстан. Во главниот град на регионот, Курган, реката Тобол порасна за метар и половина за само 24 часа. Курган се подготвува за рекорден водостој и за големи поплави, изјави министерот за вонредни состојби Александар Куренков, кој рече дека нивото на водата се зголемува и во блиската област Тјумен во Сибир.

Во моментов има приближно 94 села каде живеат 34.000 луѓе во опасност од поплави. Во четвртокот властите евакуираа 1.500 луѓе од Тјумен и ги транспортираа на безбедно. По обилните дождови и невообичаено снежната зима, Русија оваа година се бори со исклучително тешки сезонски поплави.

Жителите на погодените подрачја ги обвинуваат властите дека доцна преземаат мерки за нивна заштита и дека не реагираат доволно брзо. Слични поплави ги погодија областите преку границата во соседен Казахстан, каде властите претходно почнаа да ги евакуираат луѓето. Досега од таа област се евакуирани повеќе од 100.000 жители.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија30 минути

(Видео) „Мицкоски на чист бугарски јазик му кажа на Борисов дека го поддржува договорот“, рече Пендаровски во Виница

Како дел од изборната кампања, кандидатот за претседател Стево Пендаровски попладнево беше меѓу граѓаните на општина Виница. На прашање на...

Македонија4 часа

Министерството за здравство за приватните специјализанти: Решение ќе има после изборите

„Министерството за здравство секогаш се залага за подобрување на условите за работа на здравствените работници и соработници, кои меѓу нив...

Македонија7 часа

Ќе го оставиме срцето на терен за интересот на Македонија, рече Мицкоски и најави позитивна кампања

Ние водиме позитивна кампања, кампања на проекти, кампања на надеж, кампања која ќе ја врати довербата во институциите по шест...

Македонија8 часа

(Видео) „Нема откажување од иднината“ – СДСМ и коалицијата „За европска иднина“ го означија почетокот на кампањата за парламентарните избори

Со настан во Музејот на современа уметност, Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и Kоалицијата за европска иднина, го означија почетокот на...

Македонија8 часа

Наместо покачена 12 отсто, вработените во културата не добија никаква плата, од утре излегуваат на протести

Доколку до крајот на денот не им биде исплатена платата за март на 3.000 вработени во културата, од утре тие...

Македонија8 часа

Сексизам, дискриминација, навреди и говор на омраза од Пендаровски и лица вклучени во неговата кампања: Силјановска-Давкова со нова претставка

Гордана Силјановска-Давкова денеска поднесе нова претставка до Државната изборна комисија, Комисијата за заштита од дискриминација, ОБСЕ – Организација за безбедност...

Македонија8 часа

ДУИ симулира седница на која Бугарите влегоа во Уставот, Села е претседател на Собранието, а Османи на државата

„Европскиот фронт“ предводен од Демократската Унија за интеграција симулираше конститутивна седница на Собранието, со тоа, сликовито прикажувајќи што би се...

Македонија11 часа

Пендаровски: Ја вративме слободата, изградивме еднакво општество, имаме силна поддршка од најмоќните демократски држави

Кандидатот за претседател, Стево Пендаровски вчерашниот ден од изборната кампања го заокружи со граѓански митинг во Гостивар. Пред присутните Пендаровски...

Свет13 часа

ЕУ воведе нови санкции за Иран

Лидерите на Европската унија вчера одлучија да ги зголемат санкциите против Техеран додека светските сили се обидуваат да спречат поширок...

Свет13 часа

Украина предупредува на трета светска војна пред клучната одлука во Америка

Украинскиот премиер изјави за Би-Би-Си дека ќе има трета светска војна доколку Украина ја загуби војната со Русија, апелирајќи до...

Македонија23 часа

Мицкоски: Пендаровски не ги критикува ДУИ и Ахмети, што значи дека е нивен привезок и втор кандидат за претседател

Народот знае дека гласот за Стево е глас за ДУИ, Али Ахмети и Артан Груби. Гласот за Стево е глас...

Топ1 ден

Обид за убиство во прилепскиот затвор: со нож избоден осуденик

Полицијата поднесе кривична пријава против С.Р.(28) и Д.К.(39), двајцата од Прилеп, поради убиство во обид. Од МВР информираа дека инцидентот...

Македонија1 ден

Арсовска: Министерката за култура успеа самата себеси да се побие и не одговори на ниедно прашање

Министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска успеа самата да се побие и не одговори на ниту едно прашање коешто беше поставено,...

Топ1 ден

Кривична против Курто Дудуш: за директори на градинка именувал лица што не биле вработени таму

СВР Скопје – Единица за економски и компјутерски криминал поднесе кривична пријава против 49-годишниот К. Д., градоначалник на скопска општина...

Македонија1 ден

„Два месеца нема плата за вработените, а пред избори се примаат работници“ – „Национални шуми“ на протест

Триесет подружници се собраа пред Јавното претпријатие „Национални шуми“ со цел да го изразат незадоволството оти втор месец немаат добиено...

Македонија1 ден

Со Арсовска ќе се видиме на суд да објасни како јас сум знаела, а не сум пријавила пожар во Универзалната сала, најави министерката за култура

За министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, вчерашните обвинувања од градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, се лаги, скандалозни тврдења и обид...

Македонија1 ден

Грејната сезона продолжува поради временските услови

АД ЕСМ ги информира потрошувачите приклучени на системот за централно греење со кој управуваат компаниите формирани од АД ЕСМ, како...

Македонија1 ден

Училиштата не може да објаснат како е направен изборот на фирмите за чии услуги плаќаат родителите: набавките за униформи за учениците, за фотографирање и за ужина се нетранспарентни

Центарот за граѓански комуникации го објави истражувањето „Отсуство на процедури, транспарентност и отчетност кај набавките што се финансираат со пари...

Регион2 дена

По високите температури, Србија во снег: мештаните шокирани

Силниот дожд во утринските часови на територијата на западна Србија прерасна во лапавица и снег, а на Златибор веќе е...

Свет2 дена

ОН се обидуваат да го спречат гладот ​​во Газа: „Постојано некои нови проблеми“

Обединетите нации(ОН) се уште се борат да се обидат да го спречат гладот ​​во Појасот Газа. Иако има одредено подобрување...