Свет
Бројот на жртвите од пожарот во Русија се зголеми на 117 лица
Бројот на жртви кои во петокот навечер изби во ноќен клуб во рускиот град Перм се зголеми на 117 лица, а голем дел од 120-те повредени и понатаму се во тешка состојба, гласи најновиот биланс од несреќата објавен денеска.
Бројот на жртви кои во петокот навечер изби во ноќен клуб во рускиот град Перм се зголеми на 117 лица, а голем дел од 120-те повредени и понатаму се во тешка состојба, гласи најновиот биланс од несреќата објавен денеска. “Во болницата во Перм починаа уште четири лица“, соопшти локалниот претставник на Министерството за вонредни состојби, пренесува Итер-Тасс. Во болниците во околните градови се згрижени околу 100 лица. Употребата на огномет беше причината за избувнувањето на пожарот во ноќниот клуб во Перм, кога над 200 лица во паника бегале кон излезот на клубот. Порати сомнеж за непочитување на противпожарните стандарди во притвор се наоѓаат сопственикот и двајца менаџери на клубот, како и лицето надлежно за огнометот. /крај/хи/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Што се случи на денот кога исчезна малата Данка, првиот сосед раскажува
Живанка Трајковиќ од Бањско поле, првата сосетка на семејството Данка Илиќ (2) која исчезна пред три дена, раскажа што се случило на денот кога исчезна девојчето.
– Беше емотивно за сите нас. За сите граѓани. Таткото плачеше, бабата, дедото. Тие беа многу потресени. Не ја познавам мајката, па не знам дали ја видов. Луѓето плачеа, плачев и јас. Беше тешко и жално за сите.
Соседот вели дека семејството на исчезнатото девојче не живее во селото каде што исчезнало, туку дека дедото доаѓа повремено.
-Тој ден мајката дојде да ги однесе децата на пат. Сега… не знам што се случи. Имаше малку сонце, ветровито – го опишува денот кога исчезна Данка и продолжува:
– Полицијата дојде. Кога слушнав дека девојчето исчезнало, се зачудив. Зошто овде? Како? Мирно е, тивко е… Јас сум првата куќа до нив. Видовме дека има некој во шумата, во нивниот дел, но не обрнавме внимание. Ја работевме нашата работа што ја работевме. И не обрнувавме внимание додека не не праша полицијата. Да, теренот е непристапен. Има дупки, има секакви работи. Некои подземни води, има и поток. Сосема е нелогично каде отиде девојчето. Некој од соседството рече дека ја виделе токму таму пред нашата врата. Таму имаме песок, децата сакаат песок. Сигурно ќе останеше некоја трага. Сепак, не најдовме никаква трага. Ништо не видовме“, рече сосетката.
Свет
ОН: Две третини од 36-те болници во Газа повеќе не функционираат
Две третини од 36-те болници во Појасот Газа повеќе не функционираат, а болницата Ал-Амал е затворена поради интензивна воена активност, се вели во извештајот на хуманитарните претставници на Обединетите нации.
Светската здравствена организација објави дека Газа сега има само 12 функционални болници, вклучувајќи две „минимално функционални“ и десет делумно, четири на север и шест на југ, изјави за новинарите портпаролот на ОН, Стефан Дижарик.
Повеќе од дваесет вработени, десет пациенти и луѓе кои ги придружуваа, како и телата на две лица, убиени во болницата Ал-Амал вчера беа преместени од страна на хуманитарната канцеларија на ОН, палестинската Црвена полумесечина и Меѓународниот комитет на Црвениот крст пред да биде затворена болницата.
Андреа Де Доменико, кој раководи со хуманитарните операции на ОН на палестинските територии, ја посети болницата Камал Адван на север, која е делумно функционална, и рече дека прима 15 неухранети деца дневно и дека се бори да продолжи да работи.
Портпаролот на ОН рече дека единствениот генератор на болницата е тешко оштетен и дека здравствените работници и пациентите имаат очајна потреба од храна, вода и канализација.
Според Светската програма за храна, околу 70 отсто од населението на северот на Газа се соочува со „катастрофален глад“, а напорите за испорака на помош се отежнати поради борбите и ограничениот пристап до оние на кои им е потребна храна.
Овој месец, Светската програма за храна можеше да испрати само 11 конвои на север со храна за околу 74.000 луѓе, што е далеку под огромните потреби на населението.
Во меѓувреме, израелската армија соопшти дека убила повеќе од 200 вооружени лица во континуираната операција против Хамас во болницата Ал-Шифа во градот Газа.
Според израелските медиуми, вооружени членови на Хамас излегле од оперативната сала каде се криеле и пукале во војниците.
Свет
Џакарта повеќе нема да биде главен град на Индонезија
Парламентот на Индонезија одлучи поранешната метропола Џакарта да остане економски центар на земјата како дел од планот за преселување на главниот град на островот Борнео.
Индонезија планира да го пресели својот главен град од преполната Џакарта во Нусантар, град вреден 32 милијарди долари кој се гради во џунглите на Источен Калимантан, Борнео.
Градот е водечки проект на претседателот во заминување Јоко Видодо, кој вети подобра дистрибуција на богатството и развој низ архипелагот, не само на островот Јава.
Министерот за внатрешни работи Тито Карнавијан по дебатата во парламентот рече дека Џакарта сè уште ќе треба да се развива понатаму за да се натпреварува со другите „градови од светска класа“ откако седиштето на владата се пресели во Нусантара.
„Откако повеќе не е главен град, Џакарта сепак мора да има печат на посебен град за да може да го забрза економскиот раст и да го зголеми својот придонес во БДП на земјата“, рече тој.