Свет
Американците трошат помалку за празниците
Американците оваа година за празниците ќе потрошат 15 отсто помалку во споредба со минатата година, покажува годишното истражување на Discover Financial Services.
Американците оваа година за празниците ќе потрошат 15 отсто помалку во споредба со минатата година, покажува годишното истражување на Discover Financial Services.
Просечно, еден Американец ќе потроши 723 долари за подароци за Божик напсроти 831 долари за 2008 година и 896 долари за 2007 година. Жените ќе потрошат малку повеќе од мажите, 742 долари наспроти мажите кои за подароци ќе дадат 702 долари.
Речиси 47 отсто од потрошувачите ќе ги олеснат паричниците од 100 до 500 долари, додека една четвртина се очекува да потрошат од 500 до 1000 долари.
Еден од секои двајца (43%) се очекува да потроши помалку во споредба со минатата година, а половина од нив признаваат дека економската ситуација ги принудила да го ревизираат празничниот буџет во надолна насока. Околу 63 отсто од анкетираните се загрижени за ситуацијата со личните финансии, што е помала бројка во споредба со минатата година, кога рецесијата беше со поголема јачина и бројката достигна 74 %./крај/бг/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Пожар во Атина: Се запали станбена зграда, пет противпожарни возила на лице место
Пожар избувна на високо приземје на станбена зграда во атинската населба Ризуполи. Како што јави грчкиот јавен сервис ЕРТ, на лице место излегле 16 пожарникари со пет возила.
Мобилизирани се и два камиони со скали, доколку е потребно да се евакуираат станарите од горните катови.
Свет
Лидерот на Хамас пристигна во Истанбул, ќе се сретне со Ердоган
Лидерот на Хамас, Исмаил Ханија денеска е во Истанбул на средба со турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, кој го поддржува палестинското движење.
Ердоган синоќа ја потврди посетата, нивна прва средба лице в лице од јули 2023 година, но беше многу дискретен за нејзината цел. „Да ја зачуваме агендата за нас и господинот Ханија“, им рече тој на новинарите.
Ќе се разговара за војната во Појасот Газа, соопшти Хамас.
Ханија вчера вечерта пристигна во Истанбул на чело на делегацијата на неговото движење.
Тој град е едно од неговите места на живеење од 2011 година, но од почетокот на војната во Појасот Газа во октомври 2023 година, тој бил таму само еднаш официјално, во јануари. Потоа се сретна со турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан, со кого во средата во Доха имаше долг разговор.
Фидан денеска ќе се сретне со египетскиот министер за надворешни работи Самех Шукри.
Турција, која сака да биде лидер во поддршката на палестинското прашање, дава цврста и постојана поддршка на претставниците на Хамас, но остана на страна во посредувањето меѓу Израел и палестинското движење.
Посетата на Ханија на Турција доаѓа во време кога Катар, кој игра клучна улога во разговорите меѓу Израел и Хамас, сака да ја „преоцени“ својата улога во застојот на разговорите за прекин на огнот и ослободувањето на израелските заложници.
Свет
Бројот на палестинските жртви во Појасот Газа надмина 34.000
Најмалку 34.049 Палестинци се убиени во израелската воена офанзива во Појасот Газа од 7 октомври, соопшти Министерството за здравство на палестинската енклава.
Во соопштението се додава дека во овој период биле ранети 76.901 лице.
Во текот на претходните 24 часа загинаа 37 Палестинци, а 68 беа повредени, се наведува во објавата.