Свет
Сорос-Муслиманите во Европа се повеќе жртви на дискриминација
Муслиманите во Европа секој ден се соочуваат со се поголема дискриминација и потребни се итни мерки на локално, национално и на ниво на ЕУ за да се реши овој проблем.
Муслиманите во Европа секој ден се соочуваат со се поголема дискриминација и потребни се итни мерки на локално, национално и на ниво на ЕУ за да се реши овој проблем.
Ова се вели во соопштението на Институтот Отворено Општество, на мултимилијардерот Џорџ Сорос, каде се посочува дека илјадници муслимани секојдневно се изложени на општа и државна дискриминација и покрај тоа што се интегрирани во градовите во кој живеат.
Европа треба да го исполни своето ветување за отворено општество-рече Назиа Хусеин, директорка на институтот и додаде дека неодамнешната забрана за градење минариња во Швајцарија е знак дека исламофобијата е вистински проблем во Европа.
Во извештајот, кој е втемелен врз основа на разговорите со 2.000 испитаници во 11 европски градови, се вели дека во ЕУ живеат помеѓу 15 и 20 милиони муслимани, а според очекувањата тој број ќе се удвои до 2025 година./крај/хн/вм
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
ХДЗ слави победа на изборите во Хрватска по првите официјални резултати
Објавени се првите официјални резултати од изборите одржани денеска во Хрватска.
Според првите официјални информации, по 25 отсто преброени гласови, ХДЗ слави победа. ХДЗ води убедливо, а резултатите во штабот беа дочекани со ентузијазам и скандирања „победа“.
ХДЗ 65, „Реке правде“ (СДП) со 41, ДП 14, Мост 9, ИДС 4, Можемо 3, Фокус 3, НП Север 2.
Од друга страна, во штабот на СДП владееше молк.
Регион
Три сантиметри снег на Копаоник
На Копаоник се измерени три сантиметри снег, соопштија вечерва за агенцијата Бета во локалната метеоролошка станица.
Врне снег со слаб интензитет и со повремени прекини.
Температурата е минус три Целзиусови степени, а во моментов дува северен ветер со брзина и до три метри во секунда.
Свет
Столтенберг свика кризен состанок на Советот НАТО
На барање на Украина, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, за овој петок закажа состанок на Советот НАТО-Украина.
Главна тема на вонредниот состанок ќе биде потребата на Украина од повеќе системи за противвоздушна одбрана и артилериски гранати, изјави Столтенберг во Брисел.
На состанокот треба да присуствува и украинскиот претседател Володимир Зеленски, како и министрите за одбрана на земјите-членки на НАТО. Дали средбата ќе биде организирана преку видео конференција или со физичко присуство, првично не се знае.