Свет
Европа окована во мраз, во Германија најава за снежна катастрофа
Студен бран ќе ја зафати Германија во сабота, поради што властите упатија апел до населението да се снабди со храна во случај да останат блокирани во своите куќи поради снежните врнежи.
Студен бран ќе ја зафати Германија во сабота, поради што властите упатија апел до населението да се снабди со храна во случај да останат блокирани во своите куќи поради снежните врнежи. Метеоролозите во Германија најавија обилни снежни врнежи проследени со ниски температури и силни ветришта, што би можеле да парализираат одделни делови на земјата. Канцеларијата за цивилна заштита предупредува дека невремето може да предизвика и прекини во снабдувањето со електрична енергија и сериозни проблеми во сообраќајот. Населението е предупредено, освен со храна, да се снабди и со алтернативни енергенси, кои би помогнале ако снема струја. Во Дизелдорф Црвениот крст подигна шатори со греење, за да можат во нив да се засолнат бездомниците, откако изминатите денови десетмина бездомници замрзнаа поради екстремно ниските температури. Слични временски неприлики има и Швајцарија, каде што конвој тешки камиони поради снегот се блокирани во тунелите низ Алпите. Во некои тунели сообраќајот е целосно прекинат. Екстремно ниски температури има и во Велика Британија, каде изминатите денови температурите паднаа и под -20 степени Целзиусови. Нов снежен бран ги очекува и Франција и Шпанија, а британските метеоролози предупредуваат на нов студен бран од Арктикот, што носи снежни врнежи, студен ветер и ниски температури. Најавите се дека екстремно студеното време над Велика Британија би можело да се задржи и во следните две недели. Претставниците на националната мрежа за снабдување со природен гас во оваа земја веќе најавуваат дека во следните денови очекуваат екстремна потрошувачка на гас, а до сега испорачаните количини веќе ги надминале сите досегашни рекорди. /крај/ин/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Атина во густ облак од прашина и песок од Сахара
Главниот град на Грција, Атина, се најде во облак од прашина и песок од пустината Сахара и Северна Африка, феномен кој е проследен со особено високи температури.
Воздухот во градот треба да се подобри од утре наутро, велат метеоролозите.
„Во пролетта, март-април, циклоните, кои се движат кон исток по северноафриканскиот брег, носат прашина кон источниот Медитеран. Типична песочна бура со домет од 200 километри носи од 20 до 30 милиони тони прашина, понекогаш и до 100 милиони, објаснува директорот на грчката метеоролошка служба Теодорос Колидас.
Главниот град често се наоѓа на патот на тие песочни бури, но оваа година беше проследен со особено високи температури, поради што е речиси невозможно да се дише.
Во центарот на Атина на 27 март беа забележани 25,3 степени Целзиусови, што е рекорд од март 2009 година, а на Крит температурите достигнаа и до 32 степени, истакнаа грчките метеоролошки служби.
Сојузот на пулмолозите на Грција препорача најранливите групи на населението, особено луѓето кои страдаат од астма, да избегнуваат „непотребни движења и спортови на отворено кога концентрациите на прашина се највисоки“.
„Африканската прашина носи честички кои можат да се интегрираат со полен, бактерии и габи, создавајќи многу токсична и опасна смеса за човечкото тело, а особено за респираторниот систем“, предупредува здружението.
Свет
Апсења во Пакистан по снимка во која брат ја убива сестрата, таткото гледал сè
Пакистанската полиција уапси татко и брат откога видеото од провинцијата Пенџаб, на кое брат ја дави својата сестра додека таткото гледа, стана вирална, соопштија официјални лица.
Настанот предизвика шок и бес во нацијата, која се бори со бранот насилство врз жените. 22-годишна девојка била убиена од својот брат додека таткото гледал, а непознато трето лице го снимило злосторството, изјави за ДПА претставникот на локалната полиција, Рана Акмал.
Инцидентот се случил во градот Тоба Тек Синг минатата недела. Семејството ја закопало жената тврдејќи дека умрела од колера.
И таткото и братот ѝ кажале на полицијата дека со години ја силувале жената и ја убиле за да го скријат своето злосторство, изјави полицискиот службеник Мохамед Имран.
Се спроведуваат рации за апсење на лицето, кое наводно го снимило злосторството.
Регион
Родителите на двегодишната Данка во полиција во Бор: мајката одбила полиграф
Родителите на исчезнатата двегодишна Данка Илиќ се донесени во полициската станица во Бор, објави „Телеграф.рс“.
Тие не се осомничени, но со нив се врши информативен разговор.
Ивана и Милош вчера дадоа исказ во присуство на Центарот за социјална работа.
Како што објави српски „Телеграф“, мајката го одбила полиграфскиот тест бидејќи е бремена.
„Девојчето Данка Илиќ сè уште не е пронајдено. Апелираме до сите луѓе да не објавуваат информации што не се проверени. Со тоа се нарушува и се загрозува истрагата, во која е инволвиран и Одделот за криминалистичка полиција“, изјавиле за „Телеграф.рс“ од српската полиција.