Контакт

Свет

Репрезентацијата на Того се откажа од Купот на Африка

Објавено пред

Фудбалската репрезентација на Того сепак нема да учествува на Купот на африкански нации во Ангола, откако Владата го повика националниот тим да се врати во земјата.

Фудбалската репрезентација на Того сепак нема да учествува на Купот на африкански нации во Ангола, откако Владата го повика националниот тим да се врати во земјата. Претходно репрезентативците соопштија дека ќе играат на Купот, и покрај оружениот инцидент што се случи во сабота во кој загинаа возачот на автобусот во кој се возеа, помошниот тренер и портпаролот на тимот. „Целосно ја разбираме одлуката на нашата влада да ја напуштиме Ангола, бидејќи не добивме доволни гаранции за безбедноста. Ние сакавме да играме на турнирот во чест на загинатите, но ја разбираме одлуката“, изјави Томас Досеви, фудбалски репрезентативец на Того. Владата на Того во недела ги обвини организаторите на турнирот дека не успеале доволно да ги заштитат фудбалерите.  /крај/б/ст



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Автомобил удри во група луѓе во Германија – загина дете, а има и тешко повредени

Објавено пред

Дванаесетгодишно момче загина а тројца се тешко повредени во тешка сообраќајна несреќа што се случи доцна попладнево во Германија, пренесуваат германските медиуми.

До несреќата дошло кога автомобил, од засега нејасни причини, излетал од патот и удрил во група луѓе, кои стоеле на тротоарот.

Како што пренесеува „Билд“, меѓу повредените се мајката (39) на загинатото дете и друг пешак (43) кој не припаѓа на семејството. Тие се сериозно повредени и со спасувачки хеликоптери се итно пренесени во болница. Возачот на автомобилот и двегодишно дете кое седело во детска количка на тротоарот, се здобиле со полесни повреди, соопшти полицијата.

Од полицијата соопшти дека засега ништо не укажува дека се работи за терористички напад.

„ Во моментов нема докази дека возачот намерно влетал во толпата“, рече главниот детектив Антје Хејманс од полицискиот орган во областа Вјерсен.

Прикажи повеќе...

Свет

Над 140 мигранти се удавија во близина на Сенегал

Објавено пред

Најмалку 140 мигранти се удавиле на брегот на Сенегал во најсмртоносниот бродолом забележан оваа година, објави Меѓународната организација за миграција.

Бродот кој пренесувал 200 луѓе се запалил и се превртел во саботата неколку часа откако го напуштил рибарскиот град Мбоур, 100 километри јужно од главниот град Дакар, соопшти организацијата.

Сенегалската и шпанската морнарица и рибари спасиле околу 60 луѓе, но најмалку 140 се удавиле.

Опасниот морски премин од западна Африка на Канарските Острови некогаш бил главна рута за оние кои сакале да побегнат од сиромаштијата. Откако Шпанија ги зајакна патролите кон средината на 2000 година, оваа рута привлекува помалку мигранти, но оваа година повторно им станала многу интересна.

Прикажи повеќе...

Свет

Напаѓачот од Ница е 21-годишен Тунижанец

Објавено пред

Напаѓачот со нож, кој уби тројца луѓе во базиликата Нотр Дам во Ница е 21-годишен Тунижанец по име Брахим Ауисауи, јавуваат француските медиуми.

Тој не е барател на азил во Франција, но пристигнал во Европа преку Лампедуза на крајот на септември, каде што бил ставен во карантин од италијанските власти, а потоа морал да ја напушти италијанската територија. Напаѓачот влегол на Франција од почетокот на месецов.

Според судски извори, неговиот идентитет сè уште не е официјално потврден. Истражителите во моментот имале само документ на италијанскиот Црвен крст што одговара на идентитетот на Брахим Ауисауи.

Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ив Ле Дријан испрати „порака за мир кон муслиманскиот свет“, нагласувајќи дека Франција е „земја на толеранција“, а не на „презир или одбивање“.

„Не слушајте ги гласовите на оние што сакаат да предизвикаат недоверба. Да не бидеме заробени во ексцесите на малцинството на манипулатори“, изјави тој за време на разгледувањето на буџетот на неговото министерство во Националното собрание.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет6 минути

Автомобил удри во група луѓе во Германија – загина дете, а има и тешко повредени

Дванаесетгодишно момче загина а тројца се тешко повредени во тешка сообраќајна несреќа што се случи доцна попладнево во Германија, пренесуваат...

Македонија52 минути

Во Скопје 390 новозаболени и петмина починати, најмладата жртва има 35 години

Во Скопје во изминатите 24 часа се регистрирани 390 нови случаи на Ковид-19 и петмина починати. Меѓу починатите најмладата жртва...

Македонија2 часа

Нови 862 заразени и 14 починати од Ковид-19 во земјава

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.699 тестирања, а регистрирани се 862 нови случаи на...

Свет3 часа

(Видео) Макрон се обрати на нацијата – нема да се откажеме од нашите вредности

Франција повторно беше цел на терористички напад, порача францускиот претседател, Емануел Макрон, во Ница, каде што утрово беа убиени тројца...

Македонија5 часа

Кривична за Лидија Димова, се товари дека злоупотребила милиони од европски фондови

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција поднесе кривични пријави против директорката на...

Македонија6 часа

(Видео) За Заев е неприфатливо тоа дека македонскиот јазик извира од бугарскиот

Премиерот Зоран Заев изјави дека не се прифатливи некои од сигналите што доаѓаат од Бугарија. „Не е прифатливо“, изречно рече...

Македонија6 часа

Пендаровски: До овој момент не се размислува за полициски час каков што имавме

Претседателот Стево Пендаровски, по денешната седница на Советот на безбедност, изјави дека во овој момент не се размислува за полициски...

Македонија7 часа

Спасовски пренесен на Инфективната клиника во Скопје

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, вчеравечер е хоспитализиран на Клиниката за инфективни болести во Скопје. Согласно протоколите, тој со...

Економија9 часа

АЕК ќе спроведува физибилити-студија за влијанието на 5Г-мрежата врз здравјето на луѓето

Агенцијата за електронски комуникации набргу ќе распише меѓународен тендер за избор на компанија што ќе изработи физибилити-студија за влијанието на...

Македонија9 часа

Задолжителна самоизолација од закажувањето тестирање на Ковид-19, казните се 50 евра

Со новите законски измени самоизолацијата е задолжителна при тестирање на Ковид-19 од закажување на тестот или самото тестирање, па сè...

Свет9 часа

Во нападот во Ница убиени три лица, една жена е обезглавена

Во нападот што се случи во Ница, за кој се сомнева дека е терористички, убиени се три лица со нож,...

Македонија11 час

МОН најави реформа на учебниците по честите реакции за грешки и стереотипи во нив

Министерството за образование и наука формира работна група која развива концепт за целосна и суштинска промена на учебниците за основно...

Македонија11 час

Стапија во сила новите мерки – забрането е групирање по 22 часот, казната е 500 евра

Од денеска забрането е групирање на отворено на повеќе од четири лица по 22 часот, а казната за непочитување на...

Свет12 часа

Едно од ретките места во светот без коронавирус ги забележа првите два случаја

Маршалските Острови, едно од последните места во светот каде што немаше коронавирус, ги забележаа првите два позитивни случаја, пишува Би-би-си....

Македонија12 часа

Од денеска маските се задолжителни на отворено

Собранието синоќа со 53 гласови „за“, 26 воздржани и ниту еден глас против ги изгласа измените во Законот за заштита...

Македонија12 часа

Седница на Советот за безбедност за состојбата со коронавирусот во Македонија

Во Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски во „Вила Водно“, со почеток во 11 часот, ќе се одржи седница на Советот...

Европа22 часа

(Видео) Од петок карантин во цела Франција

Францускиот претседател Емануел Макрон прогласи каратин од петок што ќе трае најмалку до 1 декември. „Бранот се рашири низ цела...

Македонија23 часа

Славјанка Петровска позитивна на коронавирус, качила температура додека била на седница во Собранието

Актуелната пратеничка во Собранието од СДСМ и поранешна дополнителна заменичка на министерот за внатрешни работи во техничката влада Славјанка Петровска...

Македонија23 часа

Во Скопје рекорден број новозаразени, Аеродром надмина 700 активни случаи

Во Скопје во изминатите 24 часа се регистрирани рекордни 422 нови случаи на Ковид-19, а во тој период починале тројца...

Македонија1 ден

Рекордни 870 нови случаи на коронавирус во Македонија, починаа 14 лица

Во последните 24 часа во Македонија 14 лица починаа од коронавирус, а потврдени се 870 нови случаи од  2.647 тестирања,...

Досие