Контакт

Свет

Во најновиот земјотрес нема загинати

Објавено пред

Нема информации за нови жртви во новиот земјотрес што во среда го погоди Хаити со јачина од 6,1 степени

Нема информации за нови жртви во новиот земјотрес што во среда го погоди Хаити со јачина од 6,1 степени.Земјотресот траел десетина секунди, а епицентарот бил на 50 километри од главниот град Порт о Пренс.

Новиот земјотрес ги погодил куќите кои биле релативно помалку оштетени од силниот земјотрес на 12 јануари. Осум дена по катастрофалниот земјотрес на Хаити се создадени 300 импровизирани населби, каде се сместени 370.000 жители на Хаити, кои останаа без покрив на главата, јави Меѓународната организација за миграција.

„Во набрзина создадени шаторски населби, живеат 370 000 луѓе кои немаат пристап до водовод, а на луѓето најмногу им се потребни пластични канти за вода и таблети за прочистување на вода“, стоеше во извештајот на Меѓународната организација за миграција.

Билансот на жртви во силниот земјотрес кој го погоди Хаити на 12 јануари се проценува на 200 000, а милиони останаа без своите домови./крај/инд/бт/сл



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион

Почина поранешниот турски премиер, Месут Јилмаз

Објавено пред

Поранешниот премиер на Турција, Месут Јилмаз почина на 72 години во Истанбул, пренесуваат турските медиуми.

Јилмаз минатата година заболе од рак на белите дробови, а во мај оваа година оперираше тумор на мозокот.

Тој беше на чело на партијата Матица од 1991 до 2002 година и за време на 90-те години трипати беше избиран за премиер, од што два мандати траеја само по неколку месеци поради падот на неговата коалициска влада.

Неговата трета влада траеше 18 месеци по таканаречениот воен меморандум од 1997 година, со кој е ставен крај на коалициската влада на тогашниот премиер Неџметин Ербакан во напнатото политичко време во Турција.

Ербакан се залагаше за исламски вредности и беше ментор на сегашниот турски претседател Реџеп Таип Ердоган, а соборувањето на Ербакан беше наречено „постмодерен удар“ од војската.

Пред да стане премиер, Јилмаз беше министер за надворешни работи и министер за култура во владата на Тургут Озал.

Прикажи повеќе...

Европа

Најавен најмасовен протест поради забраната за абортус во Полска

Објавено пред

Активистите за заштита на правата на жените се подготвуваат за, како што велат, најголемиот протест досега во Полска. Во таа земја повеќе од една недела се одржуваат протести поради пресудата на Уставниот суд за забрана за абортус во случај на вродено оштетување на фетусот.

Маршот е планиран за вечерва во главниот град Варшава, и покрај апелите на владата луѓето да останат дома поради големиот број случаи на заболени со коронавирус.

Вчера е потврден рекорден број на заболени во Полска – над 20.000 случаи и 301 смртен случај.

Јавниот обвинител најави дека ќе поднесе кривична пријава против организаторите на протестот за предизвикување епидемиолошка закана, за што им се заканува казна затвор од осум години.

Прикажи повеќе...

Европа

Уапсен маж за кој се сомнева дека е поврзан со нападот во Ница

Објавено пред

Четириесет и седумгодишен маж беше уапсен денес под сомнение дека бил во контакт со напаѓачот кој уби тројца и повреди неколку лица во Ница во четвртокот наутро, објави француската телевизија БФМ, повикувајќи се на полициски извори.

Човекот е осомничен дека бил во контакт со напаѓачот еден ден пред нападот.

Во четвртокот наутро, напаѓачот, по потекло од Тунис, за кој е утврдено дека пристигнал во Франција пред неколку дена, убил три лица извикувајќи „Алах акбар“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија17 минути

СОНК бара да се преиспита наставата со физичко присуство

СОНК бара Министерството за образование и наука да ја преиспита одлуката за настава со физичко присуство, односно да им овозможи...

Свет59 минути

Фаучи: Првите дози од вакцината ќе бидат достапни кон крајот на декември или почетокот на јануари

Ако сè оди добро, првите дози на безбедна и ефикасна вакцина против коронавирус најверојатно ќе бидат достапни кон крајот на...

Македонија1 час

Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ: Скандал е што наместо оставка, Шилегов го награди Караџовски

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ на град Скопје реагира за доделената награда „13 Ноември“ на епидемиологот Жарко Караџовски. Тие велат дека...

Регион2 часа

Во Хрватска 2.772 новозаразени од коронавирус, 20 починати

Во Хрватска се евидентирани 2.772 нови случаја на зараза од коронавирус, така што бројот на активни случаи во Хрватска е...

Македонија3 часа

Мицкоски предлага здравствените работници еднаш месечно бесплатно да се тестираат

Во време на ковид-пандемија, во насока да ги заштитиме тие што се грижат за нашето здравје и спасуваат животи, предлагам...

Актуелно3 часа

Почина актерот Данчо Чевревски

На 69 години синоќа во Скопје почина Данчо Чевревски, македонски театарски и филмски актер и продуцент. Чевревски е роден на...

Европа3 часа

Дарманин: Франција е во војна против исламистите

Францускиот министер за внатрешни работи, Жерар Дарманин, вели дека е можно повеќе напади да се случат на територијата на Франција...

Европа4 часа

ЕУ обезбеди 220 милиони евра за прекуграничен превоз на заболени од корона

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лаен, во четвртокот објави 220 милиони евра помош за прекуграничен транспорт на луѓе...

Европа4 часа

(Видео) Огромен метеж во Париз, луѓето повторно празнеа полици пред новото затворање

Десетици илјади парижани синоќа предизвикаа масовен сообраќаен метеж во обид да ја напуштат француската престолнина пред почетокот на новото затворање...

Свет16 часа

Автомобил удри во група луѓе во Германија – загина дете, а има и тешко повредени

Дванаесетгодишно момче загина, а тројца се тешко повредени во тешка сообраќајна несреќа што се случи доцна попладнево во Германија, пренесуваат...

Македонија17 часа

Во Скопје 390 новозаболени и петмина починати, најмладата жртва има 35 години

Во Скопје во изминатите 24 часа се регистрирани 390 нови случаи на Ковид-19 и петмина починати. Меѓу починатите најмладата жртва...

Македонија18 часа

Нови 862 заразени и 14 починати од Ковид-19 во земјава

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.699 тестирања, а регистрирани се 862 нови случаи на...

Свет20 часа

(Видео) Макрон се обрати на нацијата – нема да се откажеме од нашите вредности

Франција повторно беше цел на терористички напад, порача францускиот претседател, Емануел Макрон, во Ница, каде што утрово беа убиени тројца...

Македонија21 час

Кривична за Лидија Димова, се товари дека злоупотребила милиони од европски фондови

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција поднесе кривични пријави против директорката на...

Македонија22 часа

(Видео) За Заев е неприфатливо тоа дека македонскиот јазик извира од бугарскиот

Премиерот Зоран Заев изјави дека не се прифатливи некои од сигналите што доаѓаат од Бугарија. „Не е прифатливо“, изречно рече...

Македонија22 часа

Пендаровски: До овој момент не се размислува за полициски час каков што имавме

Претседателот Стево Пендаровски, по денешната седница на Советот на безбедност, изјави дека во овој момент не се размислува за полициски...

Македонија24 часа

Спасовски пренесен на Инфективната клиника во Скопје

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, вчеравечер е хоспитализиран на Клиниката за инфективни болести во Скопје. Согласно протоколите, тој со...

Економија1 ден

АЕК ќе спроведува физибилити-студија за влијанието на 5Г-мрежата врз здравјето на луѓето

Агенцијата за електронски комуникации набргу ќе распише меѓународен тендер за избор на компанија што ќе изработи физибилити-студија за влијанието на...

Македонија1 ден

Задолжителна самоизолација од закажувањето тестирање на Ковид-19, казните се 50 евра

Со новите законски измени самоизолацијата е задолжителна при тестирање на Ковид-19 од закажување на тестот или самото тестирање, па сè...

Свет1 ден

Во нападот во Ница убиени три лица, една жена е обезглавена

Во нападот што се случи во Ница, за кој се сомнева дека е терористички, убиени се три лица со нож,...

Досие