Свет
Хуманитарните интервенции во Хаити станаа панаѓур на суети
Начинот на кој што САД се справија со земјотресот на Хаити, наиде на критики од страна на водечкиот италијански експерт за помош во природните катастрофи.
Начинот на кој што САД се справија со земјотресот на Хаити, наиде на критики од страна на водечкиот италијански експерт за помош во природните катастрофи.Според познатиот италијански експерт, Гвидо Бертолацо самата организација во давањето на помош била лоша, а војниците кои биле испратени на Хаити не биле доволно обучени.Шефот на италијанската служба за цивилна заштита, кој ја предводеше хуманитарната операција по земјотресот во Абруцо во април минатата година, меѓународните напори на Хаити ги нарече неорганизиран панаѓур на суети.„Американците се извонредни, но кога се соочени со хаос, имаат обичај да ги изедначат воените интервенции со дистрибуцијата на хуманитарната помош, која не може да и се довери на војската“ рече Бертолацо, кој во петок пристигна на Хаити.Хозе Руис, портпарол на Јужната команда на американската војска во Генералштабот во Мајами, рече дека војската на САД ги прифатила критиките на своја сметка, но дека Бертолацо мора да знае дека војниците не се тие кои ја водат хуманитарната операција на Хаити.„Од првиот момент кога владата на САД донесе одлука да му помогне на Хаити, војниците имаа само улога на логистичка поддршка. На она што треба да го правиме не упатува владата на Хаити, ОН, УСАИД“ наведе Руис.Континентот од 16.000 американски војници помага во последиците од разорниот земјотрес со јачина од седум степени според Рихтер, кој го погоди Хаити на 12 јануари кога загинаа 200.000 луѓе, а според процените на владата на Хаити и 350.000, додека три милиони се повредени и без дом.Италијанскиот премиер, Силвио Берлускони, веднаш се огради од изјавите на Бертолацо, а министерот за надворешни работи Франко Фратини рече дека владата не го дели мислењето со италијанскиот експерт. /крај/фп/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Пентагон испраќа милијарда долари воена помош за Украина
Пентагон е подготвен брзо да испрати пакет воена помош од милијарда долари за Украина, изјавија неколку американски претставници, додека горниот дом на американскиот Конгрес ја започнува расправата за долгоочекуваниот нацрт-закон за финансирање на Украина и другите сојузници на САД, којa веќе го помина долниот дом.
Членовите на Конгресот беа длабоко поделени околу средствата, поради што претседателот на Претставничкиот дом, Мајк Џонсон, формираше сојуз од двете водечки партии за усвојување на законот.
Пакетот за странска помош од 95 милијарди долари беше усвоен од Претставничкиот дом во саботата, а денеска или утре се очекува одобрување од Сенатот.
Од вкупниот пакет помош околу 61 милијарда долари се наменети за Украина.
Регион
(Видео) Атина прекриена со сахарска прашина, нереални сцени во градот
Атина и јужните делови на земјата повторно беа обвиени со сахарска прашина, со нијанси на жолта и портокалова боја што создава нереална атмосфера во градот.
Облаци од прашина, пренесени преку Средоземното Море од Северна Африка, го обвиле Акропол и другите знаменитости на Атина, пишува „АП“.
Силните јужни ветрови носеа прашина од Сахара, па во последните часови од денот грчката престолнина изгледаше како да е користен филтер за фотографирање, пренесува Euronews.
🚨🇬🇷
HAPPENING NOW
The sky is totally orange over Athens, Greece
— Alex Barnicoat (@mrbarnicoat) April 23, 2024
Во среда се прогнозира разведрување на небото со поместување на ветровите и поместување на прашината и опаѓање на температурите.
Дневниот максимум во делови од јужниот остров Крит надмина 30 степени Целзиусови, повеќе од 20 степени Целзиусови над она што беше забележано во поголемиот дел од северна Грција.
Корисниците на социјалната мрежа Икс објавија видеа од необична „портокалова“ појава од територијата на цела Атина.
Веста за Атина во „портокалово“ многу брзо се прошири низ светските медиуми, а видеата ги споделија и профили на социјалните мрежи кои се занимаваат со глобални актуелни вести.
Свет
Уапсен заменикот на Сергеј Шојгу, осомничен е за примање мито
Рускиот заменик министер за одбрана Тимур Иванов е приведен под сомнение дека примил поткуп, соопштиРускиот истражен комитет.
„Заменик-министерот за одбрана на Русија, Тимур Владимирович Иванов, е приведен поради сомнение дека сторил кривично дело примање поткуп“, се наведува во соопштението објавено на каналот Телеграм на Истражниот комитет, пренесува РИА.
Во 2012 година, Иванов беше вицепремиер на Московскиот регион.
Од 2013 до 2016 година, тој беше генерален директор на АД Оборонстрој.
Во мај 2016 година со претседателски указ е назначен за заменик министер за одбрана.