Контакт

Свет

Акција против исламски екстремисти во Германија

Објавено пред

Полицијата во Германија денеска ги претресе становите на околу четириесетина муслимани кои се сомничат за регрутирање на терористи.

dobivaj vesti na viber

Полицијата во Германија денеска ги претресе становите на околу четириесетина муслимани кои се сомничат за регрутирање на терористи.

Ова го изјави портпаролот на германската државна служба за кривична истрага Хорст Хауг кој наведе дека околу 300 полицајци во неколку градови на Германија претресувале станови на 43 муслимани, осомничени за регрутација и обука на терористи.

Обвинителството во Штутгарт обвини седум мажи на возраст меѓу 24 и 59 години за водење на повеќе од 100 лица од Германија во верско училиште во Египет познато по регрутација на исламски терористи.

Нивна цел е праќање на други муслимани во терористички кампови на обука, се наведува во соопштението на обвинителството од Штутгарт.

Истрагата открила дека дел од регрутираните муслимани добиле „финансиска помош“ од странски фондации за патување во Египет. Дел од нив се вратиле во Германија, а дел отпатувале во Авганистан и Пакистан./крај/бт/иа



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Јорданскиот министер: Нетанјаху се обидува да го префрли фокусот од Газа на конфликтот со Иран

Објавено пред

Јорданскиот министер за надворешни работи Ајман Сафади денеска изјави дека меѓународната заедница треба да го спречи израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху да го сврти вниманието на светската јавност од Појасот Газа кон конфликтот меѓу Израел и Иран.

dobivaj vesti na viber

Во изјава за медиумите за време на заедничката конференција со неговата германска колешка Аналена Бербок, тој рече дека Иран одговорил на нападот врз неговиот конзулат во Дамаск, пишува „Тајмс оф Израел“.

„Ние сме против ескалација. „Нетанјаху сака да го оттргне вниманието од Газа и да го префрли фокусот на Иран“, рече Сафади, пренесува Танјуг.

Воздухопловните сили на Јордан пресретнале десетици ирански беспилотни летала во сопствениот воздушен простор за време на нападот на Иран врз Израел изминатиот викенд, велејќи дека тоа го направиле за да се осигура безбедноста на своите граѓани.

Јордан, исто така, дозволи израелски борбени авиони да влезат во нејзиниот воздушен простор за да ги соборат дојдовните проектили, при што ловците на двете земји беа координирани од американската војска, што е како што се оценува првпат Израел и Јордан да се борат на иста страна, пренесуваат медиумите.

Прикажи повеќе...

Регион

(Видео) Страшно невреме и во Србија, силен ветар во Војводина

Објавено пред

Ситуацијата во северозападниот дел на Војводина во моментов е критична. Има невреме со прашина, изолирано невреме со врнежи проследени со грмежи и силен ветер, јавува страната hailz_srbija.

dobivaj vesti na viber

Како што е наведено на социјалните мрежи, бурниот изолиран ветер налик на урагани крева прашина и ја намалува видливоста на 0 метри, според извештаите, во делови на Војводина.

Во Белград во моментов дува силен ветер, пренесуваат српските медиуми.

Прикажи повеќе...

Свет

(Видео) Поплавен аеродром во Дубаи: авионите едвај се движат по пистата, прекинати бројни летови

Објавено пред

Силен дожд ги зафати ОАЕ, а обилните врнежи доведоа до целосно поплавување на автопатите и аеродромот во Дубаи.

dobivaj vesti na viber

На видеата кои се објавуваат на социјалните мрежи може да се видат авиони кои се движат по пистите кои се поплавени.

Поради ваквата состојба и ненадејната промена на времето откажани се многу летови.

На автопатите и улиците има цистерни со пумпи кои ја испумпуваат водата, со цел да се подобри состојбата во градот.

Како што пишуваат луѓето на социјалните мрежи, сите училишта во Дубаи се затворени, а целиот град е во застој, пишуваат медиумите во регионот.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија4 часа

Врз основа на кој проект е продолжена реконструкцијата на Универзалната сала, праша Арсовска

Градоначалничката на град Скопје, Данела Арсовска, праша врз основа на кој проект е продолжена реконструкцијата на Универзалната сала, како и...

Македонија7 часа

Намален е бројот на ученици во училиштата во државата

Намален е бројот на ученици во основните и средните училишта, во учебната 2022/2023 година, укажуваат податоците во извештајот на Државниот...

Македонија7 часа

Со нова систематизација Синдикатот на „Македонска пошта“ сам ќе ги укине вработените што не доаѓаат на работа оти Владата и Управниот одбор молчат

Синдикатот на „Македонска пошта“, во соработка со вработените и со ангажирање експерти, ќе подготви нова систематизација, која ќе ја достави...

Македонија7 часа

„Немам партиска книшка, само крводарителска“ – приватните специјализанти реагираат на изјавата на Демири за политичка заднина на штрајкот

Штрајкот на приватните специјализанти продолжи и денес и како што најавуваат ќе трае додека не добијат на писмено од Владата...

Свет8 часа

Израел: Мораме да го запреме Иран пред да биде предоцна, воведете му санкции

Министерот за надворешни работи на Израел, Израел Кац, денеска ги повика земјите да воведат санкции за ракетната програма на Иран...

Свет8 часа

Иран: Следниот напад ќе биде во рок од неколку секунди

Се’ повеќе високи ирански претставници ги предупредуваат и Израел и Западот за последиците од можната израелска одмазда. Така, иранскиот воен...

Македонија8 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Во ЕУ не се оди со политичари како Пендаровски

Во ЕУ не се оди со политичари како Пендаровски. Во ЕУ се почитуваат основните човекови права и се унапредуваат, а...

Македонија9 часа

Стојаноска во Тетово: угостителите сезонски се селат во други држави, не се задоволни од актуелната власт

Вчерашниот ден Дафина Стојаноска – членка на ИК на ВМРО-ДПМНЕ го искористи и за средба со Здружението на угостители од...

Регион9 часа

Го искористи правото да не сведочи: заврши сослушувањето на мајката на осомничениот за убиството на Данка Илиќ

Светлана Драгијевиќ, мајката на Дејан Драгијевиќ, кој е осомничен за убиството на двегодишната Данка Илиќ го искористи законското право да...

Свет10 часа

Полицијата нападот во црквата во Сиднеј го карактеризира како терористички чин, напаѓачот уапсен

Австралиската полиција го прогласи прободувањето со нож во црква во Сиднеј за верски мотивиран „терористички чин“. Момче (15) е уапсено...

Свет10 часа

Иран зад себе има незамислива сила, која е закана за целиот свет: група од најбруталните терористи подготвени да интервенираат

Иранскиот напад врз Израел го отвори патот за нова ескалација на Блискиот Исток. Директен конфликт меѓу овие две земји ќе...

Регион10 часа

Земјотрес ја погоди Грција

Земјотрес со јачина од 3,5 степени според Рихтеровата скала утрово ја погоди Грција. Епицентарот на земјотресот бил на Крит на...

Македонија20 часа

Силјановска -Давкова: Ќе се залагам АРМ секогаш да ги исполнува НАТО стандардите и да вклучва повеќе жени

„Претседателот е врховен командант на вооружените сили. А вооружените сили се бранителот на територијалната независност и интегритет на Македонија. Во...

Македонија21 час

(Видео) „Ако го интересира Мицкоски кој од неговите најблиски соработници биле кај мене, ќе му кажам“, рече Пендаровски

Вечерва претседателскиот кандидат Стево Пендаровски беше меѓу жителите на Гази Баба и одговараше на нивните прашања. Граѓаните побараа одговор дали...

Македонија1 ден

Протестите на специјализантите имаат политичка заднина, колкав притисок и да прават, решение е можно по изборите, вели Демири

Министерот за здравство ги поддржува барањата за поголеми плати и платени придонеси на приватните специјализанти, но нема мерки што би...

Македонија1 ден

Демири: Ќе предложам невакцинирани да не може да се вработат во јавното здравство

Министерот за здравство во техничката Влада, Илир Демири, ќе побара законски измени со кои ќе биде забрането во јавното здравство...

Македонија1 ден

Деветвалентната ХПВ-вакцина, која спречува 80 отсто од аналниот карцином и 70 отсто од карциномот на грлото на матката, достапна кај нас од следниот месец

За еден месец сите вакцинални пунктови ќе ја добијат деветвалентната ХПВ-вакцина, која од оваа година, покрај девојчињата на возраст од...

Македонија1 ден

Припадници на затворската полиција се сомничат дека му овозможиле на осуденикот да побегне од Идризово – може да добијат и до 10 години затвор

Седумнаесет полицајци се приведени по повеќемесечна предистражна постапка за бегството на затвореникот од Идризово, кое се случи во октомври минатата година....

Македонија1 ден

Османи со порака до Израел: Воздржете се од возвраќање, спиралата на конфликти може да се влоши

Министерот за надворешни работи Бујар Османи порача до Израел да не возраќа на нападот на Иран бидејќи состојбата може да...

Uncategorized1 ден

Укината социјалната помош на 1.134 лица оти имале возило и за 18 месеци ја оштетиле државата за над 2,5 милиона евра

Министерството за труд изготвило 1.134 решенија за прекин на гарантирана минимална помош и социјална пензија на лица што 18 месеци...