Свет
Украина: Измена на изборниот закон три дена пред избори
Украинскиот претседател Виктор Јушченко на три дена пред вториот круг на претседателските избори ги потпиша измените на изборниот закон.
Украинскиот претседател Виктор Јушченко на три дена пред вториот круг на претседателските избори ги потпиша измените на изборниот закон. Со последните измени е потребно мнозинство на гласови, наместо досега потребното двотретинско мнозинство од членовите на локалните изборни совети. Претседателскиот кандидат и актуелен премиер Јулија Тимошенко се закани со одржување на масовни протести ако дојде до победа на нејзиниот противкандидат Виктор Јанукович поради злоупотреба на новиот закон донесен на три дена пред изборите. Украинското парламентарно мнозинство, на чело со партијата на Јанукович ги одбори, а претседателот ги потпиша измените на изборниот закон, кои практично ќе оневозможат припадниците на помалите политички партии во локалните изборни совети да ги блокираат одлуките на мнозинството членови. Претходно, Тимошенко го повика претседателот Јушченко да не ги потпише измените на законот, поради тоа што „со потпишувањето на тој закон ќе се означи смртна пресуда на демократијата и чесните избори во Украина“. /крај/онаса/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Швајцарија ги замрзна руските средства во вредност од 5,8 милијарди франци
Швајцарија го замрзна рускиот имот во вредност од 5,8 милијарди швајцарски франци или 5,95 милијарди евра, објави денеска Државниот секретаријат за економски прашања на земјата (SECO).
Оваа бројка се однесува на вкупната вредност на руските средства замрзнати од Швајцарија од почетокот на војната во Украина до крајот на 2023 година.
Вредноста на замрзнатите руски средства во Швајцарија е значително помала отколку на крајот на 2022 година, кога изнесуваше 7,5 милијарди швајцарски франци, пренесува Ројтерс.
Регион
(Видео) Во Хрватска падна снег
На подрачјето на Горски котар во Хрватска синоќа падна снег, а на места имаше и вистинска снежна покривка.
Снег ја зафати и Горанската делница на автопатот А6 Риека-Загреб, но работниците на зимската служба минаа низ снегот и до утрово нема ограничувања во сообраќајот, јавува Н1.
Свет
Лидерот на Северна Кореја ја надгледуваше воената вежба: се симулираше нуклеарен контранапад
Северна Кореја ги изведе своите први воени вежби кои симулираа нуклеарен контранапад, објави државната новинска агенција на земјата KCNA, како и други државни медиуми.
Врховниот водач Ким Џонг-ун ја надгледуваше вежбата која беше дел од тестот на системот за управување со нуклеарно оружје на нацијата.
Покрај тоа што севернокорејското раководство сака да ја тестира различноста на сопствените нуклеарни капацитети, тоа беше, според КЦНА, протест против американските и јужнокорејските „провокативни и инвазивни“ воени вежби.
Симулациските вежби на севернокорејската војска вклучуваа маневрирање на војниците во позиција за нуклеарен контранапад и истрелување на лажни нуклеарни боеви глави во случај на предупредување за нуклеарна криза.
Во таа прилика беа истрелани неколку балистички ракети со краток дострел кон морето, во близина на источниот севернокорејски брег.
Резолуциите на ОН и забрануваат на Северна Кореја да тестира балистички ракети од кој било дострел, од кои некои се способни да носат нуклеарни боеви глави.