Свет
Намалени платите на директорите и менаџерите во Чешка
Привремената влада на Чешка донесе одлука со која се намалуваат екстремно високите плати на директорите и менаџерите во државните и полудржавните фирми, објави весникот „Хосподарске новини“.
Привремената влада на Чешка донесе одлука со која се намалуваат екстремно високите плати на директорите и менаџерите во државните и полудржавните фирми, објави весникот „Хосподарске новини“.
Во време кога има огромен буџетски дефицит предизвикан од економска криза, владата на премиерот Јан Фишер на сите начини настојува да заштеди.
Како што пишува весникот, на многу Чеси “им боде очи“ фактот што дури и директорите на државните фирми, кои продуцираат загуби, имаат огромни примања, а најспецифичен е примерот со директорот на железницата, чија месечна плата изнесува 20.000 евра.
Согласно новите мерки, платите на директорите ќе бидат во заслуга со нивните постигнати резултати, при што дел од платата ќе биде фиксен, дел ќе зависни од постигнатиот годишен успех, а дел од резултатот на подолг рок. /крај/б/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Украинските власти: Седум лица се повредени во напад со руски дрон во Одеса
Седум лица се повредени, меѓу кои две деца, во напад на руски дрон врз украинското пристаниште Одеса, соопштија украинските власти.
Градоначалникот на Одеса, Генадиј Труханов, изјави дека се оштетени најмалку 14 станови, пренесе агенцијата „Униан“.
Целта на руските беспилотни летала беше и Киев, а шефот на градската управа Серхи Попко изјави дека украинската противвоздушна одбрана соборила неколку беспилотни летала испукани од Русија кон Киев, додавајќи дека нема извештаи за штета или повредени во нападот.
Украинската морнарица соопшти дека се уништени четири руски беспилотни летала над јужниот регион Николаев.
Свет
Зеленски: Ако француските авиони можат да го заштитат небото на Израел, зошто да не и нашето
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека ја очекува посетата на неговиот француски колега Емануел Макрон на Киев за да разговара со него во врска со неколку точки на соработка, особено како најефективно да се зајакне заштитата на украинското небо.
„Ако француските авиони со француски пилоти можат да го заштитат небото на Израел, зошто француските авиони не можат да го заштитат небото на Украина. Но, во секој случај, неопходно е таквите иницијативи да доаѓаат од личноста од која зависи одлуката. И Емануел Макрон сè уште не разговарал за овие точки со мене. Тој вети дека ќе дојде во Киев и тука ќе имаме можност да го направиме тоа“, изјави претседателот на Украина во интервју за познатиот француски медиумски блогер Хуго Травер, на прашањето за можноста за испраќање француски војници во Украина.
Зеленски изјави дека не е во надлежност на украинскиот претседател да ја повика француската армија во Украина.
„Немам право да кажам дека утре француската армија треба да биде во Украина со полна сила и да се бори за нас, едноставно немам право на тоа и затоа никогаш не го покренав ова прашање“, рече тој.
Што се однесува до другите точки на соработка, како што наведе, тие се пред се мисии за обука на воени инструктори од Франција, пренесува Укринформ.
Макрон требаше да ја посети Украина во февруари, но потоа посетата беше одложена, според медиумите, од безбедносни причини. Подоцна, средината на март беше спомната меѓу можните датуми.
Зеленски рече дека е уверен оти ќе се најде формат за разговор со Русија за одлуките што водечките земји во светот ќе ги договорат на Мировниот самит во Швајцарија, кој беше најавен за 15 и 16 јуни.
– Ако по првиот самит заминеме со разбирање дека имаме точки за кои сите се согласуваме… Ако на маса има земји кои навистина сакаат мир и бараат праведен мир од Русија, тогаш документ со нашата визија ќе биде подготвени и ќе дојде моментот кога за тоа ќе се разговара со претставници на непријателот – рече Зеленски.
Според Зеленски, повеќе од 80 земји во светот ќе можат да постигнат договор за најмалку три точки од Формулата за мир.
Регион
Вучиќ во ОН: Курти денес не е во Њујорк оти води тајна кампања во Северна Македонија
За време на седницата на Советот за безбедност на Обединетите нации посветена на шестмесечниот извештај на генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш за работата на УНМИК, српскиот претседател Александар Вучиќ го обвини лидерот на движењето Самоопределување, Аљбин Курти за мешање во внатрешните работи на Македонија.
Вучиќ истакна дека Курти не бил присутен на седницата во Њујорк бидејќи бил зафатен со водењето на изборната кампања на неговата партија во соседна држава.
Вучиќ изрази изненаденост од тоа што, според него, најпопуларен политичар во Македонија е претседателот на Србија, иако нема кампања во таа земја.
Тој посочи дека како претседател на Србија се извинува за постапките на, како што го нарече, српскиот граѓанин Аљбин Курти и истакна дека мешањето во внатрешните работи на Северна Македонија не е политика на Србија, туку постапка на неодговорен граѓанин.