Контакт

Свет

99-годишна жена од Шпанија го победи коронавирусот

Објавено пред

Кога 99-годишната Флорентина Мартин се заразила со коронавирус во септември, нејзината внука стравувала дека ќе заврши сама на одделот за интензивна нега.

„Постојано се плашев дека осаменоста ќе ја докрајчи пред вирусот. Таа стравуваше дека ќе остане сама, особено во болница“, рече Ноелија Вале.

Внуката претпоставува дека нејзината баба се заразила на 99. роденден на 16 септември, кога семејството се собрало и се напило пијалак на терасата во семејниот стан.

„Мислам дека тоа се случи тогаш, во време кога сите бевме заедно без маска“, рече Вале.

Неколку дена подоцна Мартин почнала да се чувствува слабо и паднала во кревет.

Сепак, таа имала само благи симптоми и оздравела дома во Мадрид, со помош на нејзиното семејство, негувателката Олга Арауз и верното наглуво куче Луна.

Сега повторно може да ги гледа своите омилени претстави и да игра игри со таблет.

„Добро сум, навистина сум добро“, рече Мартин, а нејзините сеќавања за вирусот се нејасни.

Florentina Martin, a 99 year-old woman who survived coronavirus disease (COVID-19), enters a room at her home in Pinto, near Madrid, Spain, October 20, 2020. Picture taken October 20, 2020. REUTERS/Sergio Perez

Иако нејзината баба заздрави, Вале, биолог, сепак инсистира да носи маска кога ќе ја посети.

„Јас сум сè уште на готовс, но секако чувствувам огромно олеснување“, рече таа.

Со над милион случаи, Шпанија има најголем број на зараза со коронавирус во Западна Европа.

Повеќе од 34.000 луѓе починаа од Ковид-19 во земјата, повеќето над 80-годишна возраст.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа

(Видео) Сомнителен пакет во близина на една од највисоките згради во Лондон, блокирани сите приоди

Објавено пред

Британската полиција ги блокираше приодите кон кулата „Херон“ во Лондон по пријавата дека во непосредна близина е забележан сомнителен пакет.

„Околу зградата е воспоставена блокада ширина од 200 метри, затворени се пристапите за пешаци и патишта“, се вели во соопштението на лондонската полиција.

Кулата „Херон“ е една од највисоките згради во Лондон,висока е 230 метри.

Во Англија, во моментов е на сила блокада поради спречување на ширењето на коронавирусот, а многу канцеларии се главно затворени затоа што повеќето вработени работат од дома.

Прикажи повеќе...

Свет

(Видео) Раул Ганди го обвини индискиот премиер Моди за злосторства против земјоделците

Објавено пред

Во екот на актуелните протести на земјоделците во различни делови на главниот град на Индија, Делхи, политичарот од Конгресната партија, Раул Ганди ја обвини владата на Нарендра Моди за злосторства врз земјоделците, пренесува „Спутник“.

Ганди ги повика и луѓето да се приклучат на онлајн кампања за да покажат солидарност со каузата на земјоделците. Тој на Твитер рече:

„Прво, владата на Моди ги врати црните закони, а потоа ги натепа земјоделците кои протестираат. Но, тие заборавија дека кога земјоделците ќе го кренат својот глас, тоа одекнува низ целата земја. Придружете се во знак на протест против третманот што го добија нашите браќа и сестри земјоделци користејќи го наштагот #SpeakUpForFarmers“, додаде Ганди.

Земјоделците од Пенџаб, каде што владата е предводена од Конгресната партија, протестираат во областа Бурари во Њу Делхи, додека оние од Утар Прадеш кампуваат на границата Газипур, што Делхи ја дели со државата. Земјоделците се заканија дека ќе ги блокираат сите влезни точки во Делхи ако не бидат исполнети нивните барања.

​Земјоделците протестираат против двата клучни закона за реформи во земјоделството на владата на Моди, кои индискиот парламент ги одобри во септември годинава. Законите, кои имаат за цел да ја промовираат либерализацијата на земјоделскиот сектор, се предлог-законот за земјоделски производи за трговија и Договорот за земјоделците за осигурување цени и за земјоделски услуги.

Додека првиот закон им дозволува на земјоделците да ги продаваат своите производи и на други места освен на назначените агропазари на владата, вториот закон дозволува земјоделците да склучуваат договори за снабдување со приватни фирми за однапред одредени цени.

И покрај тоа што законодавството елиминира одредена владина контрола врз земјоделците, тие се спротивставуваат на законите, бидејќи сметаат дека новите правила му се закануваат на Системот за поддршка на минимална цена (МСП) – стапката на државни набавки што ја објавува владата на крајот од секоја жетва.

Прикажи повеќе...

Свет

Портпаролот на Италегзит тврди дека Рим е подготвен да излезе од ЕУ за две години

Објавено пред

Портпаролот на партијата Италегзит, Серџо Монтанаро откри дека планира да ја извади Италија од Европската Унија за помалку од две години, пренесува „Експрес“. Во ексклузивно интервју за британскиот медиум, тој рече: „Нашата цел е да ја напуштиме ЕУ затоа што тоа е можно. Станува збор за политичка волја. Италијанскиот народ, исто како и Британците, сакаат да излезат од овој кафез“.

Монтанаро го претстави планот како прилично едноставен и се обидува да донесе во парламентот луѓе кои сакаат да ја напуштат ЕУ.

„Неодамна беа собрани неколку колекции на потписи, но тие се бесмислени бидејќи на крајот само собираат прашина. Имаме намера да донесеме сè во парламентот“, забележа Монтанаро.

Портпаролот на, како што се нарекува, италијанска верзија на партијата Брегзит, посочи: „Проблемот е што има многу конфузија околу тоа што да се прави кога всушност е многу едноставно. Да бевме владејачка партија, првото нешто што би го сториле е да го активираме членот 50 од Лисабонскиот договор. Потоа би создале паралелна валута придружена со еврото во период од две години потребни за реално напуштање на блокот“.

Портпаролот на Италегзит,  партијата основана и предводена од италијанскиот сенатор и поранешен телевизиски новинар Џанлуиџи Парагоне, рече дека последователно ќе се обидат да преговараат со други држави кои би сакале да склучат трговски договори со нив.

„Ова е затоа што веруваме дека носиме порака за национален идентитет.Ќе ја вратиме контролата врз вашата нација и нејзината валута“, вели тој. Монтанаро тврди дека Италегзит, формирана во јули 2020 година, била инспирирана од лидерот на партијата Брегзит, Најџел Фараж, кого го сметаат за заслужен за излезот на Велика Британија од ЕУ.

„Ние му се восхитуваме. За луѓето кои сакаат да го напуштат блокот – и не само за Италијанците, туку и за Холанѓаните, Французите, Грците – тој е олицетворение на способноста да се стори тоа”, рече Монтанаро.

Лидерите во Брисел потпишаа огромен пакет за помош за пандемијата со Ковид-19 вреден 750 милијарди евра, вклучувајќи фонд на ЕУ од следната генерација што ќе се користи како заеми и грантови за земјите кои се најпогодени од пандемијата.

Бидејќи тука беа вклучени земји како Италија и Шпанија, големата сума се смета за корисна за Италија, но сè уште постојат сомнежи дека ќе го уништи анти-ЕУ расположението.

За Италијанците се вели дека сè повеќе ја губат вербата во ЕУ откако нацијата се најде на линијата на фронтот на европската мигрантска криза во 2015 година. Сепак, беше перципиран неуспех од страна на ЕУ да му помогне на Рим во екот на пандемијата на Ковид-19, а некои коментатори тогаш тврдеа дека одговорот на Брисел е напуштање на Италија.

Италијанскиот амбасадор во ЕУ, Маурицио Масари, во една статија за „Политико“ во март побара помош од ЕУ за неговата земја да се справи со вирусот.

„Рим не треба да се остави сам да се справи со оваа криза. Ова е криза која бара глобален и – пред сè и најважно – европски одговор“, напиша Масари.

Италија се соочи со удар кога ЕУ во април го отфрли предлогот на Рим да се воведат „корона-бондови“ – форма на долг поддржан од ЕУ за извлекување на земјите членки од рецесија.

Според анкетата спроведена од  „Еуроњуз“ летото меѓу „големата четворка“ на ЕУ – Италија, Германија, Франција и Шпанија,Италијанците беа најмногу за излез од ЕУ во рок од пет години ако се докаже дека Брегзит е корисен за Велика Британија.

​Истражувањето на „ Редфилд“ и „Вилтон стратеџис“ кај 1.500 луѓе во секоја од четирите земји помеѓу  17 и 18 јули, покажало дека 45 отсто од Италијанците или се согласуваат или силно се согласуваат со идејата ако брегзит се покаже добар за британската економија. Франција и Шпанија, според анкетата, покажаа умерена поддршка за измена на нивниот однос со ЕУ, со 38, односно 37 отсто. Германија најмалку да го поддржува излегувањето од ЕУ, со само 30 отсто „за“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија25 минути

Филипче: Состојбата во болниците се стабилизира, очекуваме повеќе исписи од приеми на болни

Министерот за здравство, Венко Филипче, утрово одржа состанок со директорите на ковид-центрите од клиниките во комплексот „Мајка Тереза“ на кој...

Македонија1 час

Престануваат да важат мерките против загадувањето во Тетово, Куманово и Кавадарци

Мерките против загадувањето кои пред два дена беа воведени во Тетово, Куманово и Кавадарци, престануваат да важат, соопшти Владата. „Согласно...

Европа1 час

Во поранешниот берлински аеродром наскоро ќе се вакцинираат по 4.000 луѓе дневно

Големиот натпис „Добре дојдовте“ сè уште виси пред берлинскиот аеродром Тегел, кој месецов беше затворен засекогаш. Но, наскоро се очекува...

Економија1 час

За време на пандемијата 15.000 лица останале без работа

За време на пандемијата без работа останале околу 15.000 лица во Македонија, истакна министерот за економија, Крешник Бектеши, повикувајќи се...

Економија2 часа

Бензините и дизелот поскапуваат

Горивата од ноќеска на полноќ ќе поскапат за 1 и за 1,5 денар, одлучи Регулаторната комисија за енергетика. Со денешната...

Македонија2 часа

Плевнелиев: Скопје да даде гаранции за реформи, Софија да се откаже од ветото

Oднecите меѓy Софија и Скопје треба итно да деескалираат со одлучен чекор направен од двете страни, вели поранешниот бугарски претседател...

Свет3 часа

Руската вакцина „Епиваккорона“ ќе биде пуштена во промет во декември

Вакцината „Епиваккорона“ против Ковид-19, изработена од Рускиот државен истражувачки центар за вирусологија и биотехнологија, може да биде пуштена во промет...

Македонија4 часа

Граѓански здруженија бараат закон со кој ќе се спречи изградба на хидроцентрали на Шар Планина

Четириесет и четири граѓански здруженија и иницијативи бараат закон со кој ќе се спречи изградба на хидроцентрали на Шар Планина....

Македонија4 часа

Дачиќ: Заев знае дека неговите изјави не се точни, но му треба согласност од Софија за ЕУ

Претседателот на српското Националното собрание, Ивица Дачиќ, оцени дека премиерот Зоран Заев не е политички незнајко и дека знае оти...

Регион4 часа

Во Словенија 51 починат од коронавирус и 428 нови случаи

Во последните 24 часа во Словенија се потврдени 428 нови случаи на коронавирус од 1.880 тестирани, а починале 51 лице....

Регион5 часа

„Франс прес“: Здравствените системи на Балканот се преоптоварени поради коронавирусот

Недоволниот број на кревети и лекари и масовниот пораст на инфекции со коронавирус ги доведоа болниците на Балканот на работ...

Македонија5 часа

Воено-медицински персонал ќе се распореди во ковид-центрите на Клинички

Медицински персонал од Воено-медицинскиот центар, составен од дванаесет лекари и дваесет медицински сестри, од денеска се вклучува во работата на...

Регион6 часа

„Фајненшл тајмс“: Бугарија проблематична членка на ЕУ која тоне во коруција

Фондовите на ЕУ ја зголемија корупцијата во Бугарија. Тие пари особено се користат за директно или преку јавни набавки купување...

Регион6 часа

Во Црна Гора на лекар само со лична карта

Од денеска црногорските осигуреници ќе можат да ја користат новата лична карта како здравствена книшка. Директорот на Фондот за здравствено...

Свет7 часа

(Видео) Во Индонезија 2.800 лица евакуирани поради вулканска ерупција

Вулкан во источна Индонезија, кој избувна во неделата, исфрлајќи пепел на 4.000 метри, ги принуди локалните жители да се евакуираат....

Македонија7 часа

Снег на Попова Шапка и Страцин

Сообраќајот на патиштата се одвива по влажни коловози. Врнежи од слаб снег има на Попова Шапка и Страцин, но без...

Македонија7 часа

ВМРО-ДПМНЕ ќе протестира во 11 градови

ВМРО-ДМНЕ најави дека денеска ќе протестира во 11 градови. „Продолжуваме, заедно со народот против продажбата на татковината. Народот се буди...

Свет21 час

СЗО: Лажните вести може да ја загрозат вакцинацијата против Ковид-19

Уште во февруари, кога пандемијата на коронавирус брзо се рашири, Светската здравствена организација (СЗО) предупреди за поплава од дезинформации и...

Македонија22 часа

Заев: Во ЕУ ќе влеземе како Македонци кои зборуваат македонски јазик

Македонскиот народ секогаш бил и ќе биде со поглед напред, вели премиерот Зоран Заев во објава на социјалните мрежи, посветена...

Македонија24 часа

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 44 пациенти

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје хоспитализрани се 44 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно...

Досие