Свет
Ахмадинеџад бара нова „ОПЕК“
Претседателот на Иран, Махмуд Ахмадинеџад сака неговата земја, Русија, Венецуела, Алжир и Еквадор да договорат една цена на нафтата, за да можат да манипулираат со Запад.
Претседателот на Иран, Махмуд Ахмадинеџад сака неговата земја, Русија, Венецуела, Алжир и Еквадор да договорат една цена на нафтата, за да можат да манипулираат со Запад.
Иранскиот претседател всушност сака нова Организација на земји извознички на нафта (ОПЕК).
Ахмадинеџад оваа идеја ја откри во интервјуто за руското списание ВИП-премиер, и како што истакнува, тој оваа понуда на Кремљ му ја предложил уште пред осум месеци.
„Да воспоставиме една цена на нафтата и да објавиме дека не продаваме под 80 долари за барел“, им рекол иранскиот лидер на Русите. По мислењето на Ахмадинеџад, западните земји ќе бидат принудени да се согласат на слични услови и ќе почнат да се имплементираат нови заштеди на технологијата.
„Доколку си помагаме едни на други, ќе можеме да ги контролираме енергоресурсите“, појаснува иранскиот претседател.
Иран зазема второто место во светот по докажани резерви на нафта. До почетокот на 2009 година, нафтените резерви на земјата се проценуваат на 138 милијарди барели, а беа откриени и резерви на црното злато.
Во производство на нафта, Иран е на петто место во светот./крај/бг/ин
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шолц: Војната во Украина може да трае уште неколку години
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека верува оти војната во Украина може да се пролонгира уште неколку години.
„Никој не може да каже дали оваа војна ќе трае можеби пет години“, рече Шолц вечерва во источниот германски град Кемниц.
Тој ја бранеше германската воена помош за Украина и додаде дека заедно со неа мора да се негува и дипломатијата.
„Меѓутоа, од почетокот на војната, рускиот претседател Владимир Путин не покажа знаци на движење напред“, рече тој.
„Диктиран мир е неприфатлив. Не смее да се дозволи да се извлече со ова“, додаде германскиот канцелар.
Свет
Шефот на НАТО: Никој нема корист од војната на Блискиот Исток
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изрази загриженост за ситуацијата на Блискиот Исток по израелскиот напад врз Иран.
„Клучно е конфликтот да не излезе од контрола и затоа ги повикуваме сите страни на воздржаност“, изјави Столтенберг денеска во Брисел. „Никој нема корист од војната на Блискиот Исток“, рече тој.
Израел го нападна иранскиот Исфахан
Според извештаите на медиумите, Израел ја нападнал иранската провинција Исфахан рано во петокот како одговор на големиот ирански напад со беспилотни летала и ракети минатиот викенд.
Според израелскиот весник Jerusalem Post, нападот бил насочен кон воздушна база во Исфахан, недалеку од иранските нуклеарни постројки. Сепак, според Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), нуклеарните капацитети не биле погодени.
Свет
Шефот на МААЕ: Не ги напаѓајте иранските нуклеарни постројки
Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, ги предупреди земјите да не ги напаѓаат иранските нуклеарни постројки.
Во Исфахан, каде што беше извршен нападот, има неколку нуклеарни постројки во земјата. Гроси за програмата на Би-би-си Радио 4 изјави дека му олеснало кога слушнал дека ниту една нуклеарна постројка не била погодена во нападот.
„Нападот врз иранските нуклеарни постројки би бил страшна работа“, вели Гроси.
Тој смета дека во светот деновиве се појавува прашањето за таргетирање на нуклеарни постројки и дека МААЕ го смета за жално.