Свет
Пучистите целосно ја преземаа власта во Нигер
Водачите на пучот во Нигер, со кој синоќа е соборен претседателот Мамад Танџа, соопштија дека го суспендираа уставот и ги распуштиле сите државни институции.
Водачите на пучот во Нигер, со кој синоќа е соборен претседателот Мамад Танџа, соопштија дека го суспендираа уставот и ги распуштиле сите државни институции. „Нигер сега го предводи Врховниот совет за враќање на демократијата“, изјави полковникот Гукоје Абдул Кариму, портпарол на воената хунта. Тој додаде дека новата власт ќе се однесува со еднакво почитување кон сите граѓани и ја повика меѓународната заедница да има доверба во новиот режим. Светските новински агенции претходно јавија дека претседателот Танџа и неговите министри биле заробени од страна на војниците кога упаднале во претседателската палата по четиричасовен судир, во кој загинале тројца војници. Во Ниами, главниот град на Нигер, претходно избувнаа оружени судири, од тенкови биле истрелани гранати, а над претседателската палата се забележал чад. Бившиот воен офицер Танџа првпат е избран за претседател на Нигер во 1999. година, а вторпат го освои мандатот на изборите 2004. година. Минатата година Танџа го распушти Собранието и спроведе уставни реформи со кои доби поголема моќ и си го продолжи претседателскиот мандат што му истече во декември 2009. година. Со таквите одлуки предизвика политички тензии во земјата и критики од страна на меѓународната заедница, која воведе санкции на оваа сиромашна земја без излез на море.Нигер е бивша француска колонија со над 15 милиони жители. /крај/б/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шолц: Војната во Украина може да трае уште неколку години
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека верува оти војната во Украина може да се пролонгира уште неколку години.
„Никој не може да каже дали оваа војна ќе трае можеби пет години“, рече Шолц вечерва во источниот германски град Кемниц.
Тој ја бранеше германската воена помош за Украина и додаде дека заедно со неа мора да се негува и дипломатијата.
„Меѓутоа, од почетокот на војната, рускиот претседател Владимир Путин не покажа знаци на движење напред“, рече тој.
„Диктиран мир е неприфатлив. Не смее да се дозволи да се извлече со ова“, додаде германскиот канцелар.
Свет
Шефот на НАТО: Никој нема корист од војната на Блискиот Исток
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изрази загриженост за ситуацијата на Блискиот Исток по израелскиот напад врз Иран.
„Клучно е конфликтот да не излезе од контрола и затоа ги повикуваме сите страни на воздржаност“, изјави Столтенберг денеска во Брисел. „Никој нема корист од војната на Блискиот Исток“, рече тој.
Израел го нападна иранскиот Исфахан
Според извештаите на медиумите, Израел ја нападнал иранската провинција Исфахан рано во петокот како одговор на големиот ирански напад со беспилотни летала и ракети минатиот викенд.
Според израелскиот весник Jerusalem Post, нападот бил насочен кон воздушна база во Исфахан, недалеку од иранските нуклеарни постројки. Сепак, според Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), нуклеарните капацитети не биле погодени.
Свет
Шефот на МААЕ: Не ги напаѓајте иранските нуклеарни постројки
Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, ги предупреди земјите да не ги напаѓаат иранските нуклеарни постројки.
Во Исфахан, каде што беше извршен нападот, има неколку нуклеарни постројки во земјата. Гроси за програмата на Би-би-си Радио 4 изјави дека му олеснало кога слушнал дека ниту една нуклеарна постројка не била погодена во нападот.
„Нападот врз иранските нуклеарни постројки би бил страшна работа“, вели Гроси.
Тој смета дека во светот деновиве се појавува прашањето за таргетирање на нуклеарни постројки и дека МААЕ го смета за жално.