Свет
Визија на администрацијата на Обама за Југоисточна Европа
Администрацијата на американскиот претседател Барак Обама е фокусирана на постојан, посилен ангажман во Југоисточна Европа, за тој регион целосно да се интегрира во ЕУ и да стане демократски, стабилен и просперитетен.
Администрацијата на американскиот претседател Барак Обама е фокусирана на постојан, посилен ангажман во Југоисточна Европа, за тој регион целосно да се интегрира во ЕУ и да стане демократски, стабилен и просперитетен.
Ова го истакна помошникот на државната секретарка за Европа, Филип Гордон при обраќањето на Универзитетот Харвард.
„Стабилизацијата и интеграцијата во Европа, на областа од Јадранското до Црното Море е важна цел за надворешната политика на оваа администрација“, додал Гордон.
Тој истакнал дека по решавањето на спорот меѓу Македонија и Грција, вратите за членство во ЕУ и НАТО ќе бидат отворени за земјата.
Зборувајќи за напредокот на земјите од Југоисточна Европа кон членство во ЕУ, Гордон ја истакнал Хрватска, како земја која отишла најдалеку во преговорите за членство, а лани стана членка на НАТО.
Неподготвеноста на политичките лидери во БиХ за спроведување на реформи во последните три години, Гордон го посочил како причина за заостанување на земјата на патот кон ЕУ и НАТО.
Помошникот на државната секретарка за Европа, Филип Гордон изразил подготвеност во соработка со ЕУ, САД да и помогне на БиХ. /крај/бд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Сообраќајка на бугарски автобус во Турција, повредени 11 лица
Единаесет лица се повредени кога автобус со бугарски регистарски таблици што сообраќал од Истанбул за Бугарија се превртел во областа Киркларели во Турција, јави агенција та Анадолија.
Сообраќајната несреќа се случила на 50 километри од бугарската граница. Автобусот е на компанијата „Метро туризам“.
На местото на несреќата се упатени екипи на полиција и медицински лица.
Повредените, вклучувајќи го и возачот на автобусот, се хоспитализирани во околните болници.
Европа
Шолц: Војната во Украина може да трае уште неколку години
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека верува оти војната во Украина може да се пролонгира уште неколку години.
„Никој не може да каже дали оваа војна ќе трае можеби пет години“, рече Шолц вечерва во источниот германски град Кемниц.
Тој ја бранеше германската воена помош за Украина и додаде дека заедно со неа мора да се негува и дипломатијата.
„Меѓутоа, од почетокот на војната, рускиот претседател Владимир Путин не покажа знаци на движење напред“, рече тој.
„Диктиран мир е неприфатлив. Не смее да се дозволи да се извлече со ова“, додаде германскиот канцелар.
Свет
Шефот на НАТО: Никој нема корист од војната на Блискиот Исток
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изрази загриженост за ситуацијата на Блискиот Исток по израелскиот напад врз Иран.
„Клучно е конфликтот да не излезе од контрола и затоа ги повикуваме сите страни на воздржаност“, изјави Столтенберг денеска во Брисел. „Никој нема корист од војната на Блискиот Исток“, рече тој.
Израел го нападна иранскиот Исфахан
Според извештаите на медиумите, Израел ја нападнал иранската провинција Исфахан рано во петокот како одговор на големиот ирански напад со беспилотни летала и ракети минатиот викенд.
Според израелскиот весник Jerusalem Post, нападот бил насочен кон воздушна база во Исфахан, недалеку од иранските нуклеарни постројки. Сепак, според Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), нуклеарните капацитети не биле погодени.