Свет
Aбортусот повеќе не е кривично дело во Мексико, осудените жени се ослободуваат од затвор
Врховниот суд на Мексико пресуди дека третирањето на абортусот како злосторство е неуставен, што во таа претежно католичка нација се гледа како голема победа за поборниците за здравјето на жените и човековите права, пренесуваат медиумите.
„Ова е историски чекор за жените“, рече судијата на Врховниот суд Луис Марија Агилар.
Пресудата на водечкиот мексикански суд сега отвора можност, жените затворени за абортус да бидат ослободени.
Во јули, државата Веракруз стана четврта од 32-те мексикански држави што го декриминализираа абортусот.
Групите кои се борат за правото на абортус за оваа одлука велат дека е историска.
„Се надеваме дека низ целата земја, жените и луѓето што можат да добијат дете ќе имаат услови и слобода да ја одредат својата репродуктивна судбина“, се наведува во групата „ГИРЕ“.
Сите жени кои досега беа осудени на затвор за абортус ќе бидат ослободени, проценуваат од групата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Драма во Америка: во куќа пронајдени тела на пет лица, меѓу нив и деца
Телата на пет лица, меѓу кои и две деца, се пронајдени во куќа во Оклахома Сити, соопшти денеска американската полиција.
Получникот Гери Најт од полицијата на државата Оклахома изјави дека загинатите биле семејство и дека починале од насилна смрт, пренесува „Ен-би-си њуз“.
Најт додаде дека полицијата сè уште не може да открие што точно откриле инспекторите.
Полицијата беше испратена во дом на 20-ина милји западно од центарот на Оклахома Сити под сомнение дека таму се наоѓаат телата, рече Најт.
Според него, на сите тела имало повреди, кои изгледале како да се работи за убиство.
Свет
Швајцарија ги замрзна руските средства во вредност од 5,8 милијарди франци
Швајцарија го замрзна рускиот имот во вредност од 5,8 милијарди швајцарски франци или 5,95 милијарди евра, објави денеска Државниот секретаријат за економски прашања на земјата (SECO).
Оваа бројка се однесува на вкупната вредност на руските средства замрзнати од Швајцарија од почетокот на војната во Украина до крајот на 2023 година.
Вредноста на замрзнатите руски средства во Швајцарија е значително помала отколку на крајот на 2022 година кога изнесуваше 7,5 милијарди швајцарски франци, пренесува „Ројтерс“.
Регион
(Видео) Во Хрватска падна снег
На подрачјето на Горски Котар во Хрватска синоќа падна снег, а на места имаше и вистинска снежна покривка.
Снег ја зафати и горанската делница на автопатот А6 Риека – Загреб, но работниците на зимската служба минаа низ снегот и до утрово нема ограничувања во сообраќајот, јавува Н1.