Свет
Aмериканец пукал во хотел на Флорида оти луѓето не држеле растојание
Маж во Флорида е приведен бидејќи пукал со огнено оружје, откако се изнервирал оти двајца гости не ги почитувале мерките за физичка дистанца, што сметал дека е неопходно.
„Да се оддалечите. Вие не го почитувате растојанието“, им рекол Даглас Маркс на гостите во хотелот, соопшти полицијата.
Гостинот на хотелот „Вероника Пена“ и нејзиниот син, туристи кои дошле на Флорида од Ново Мексико, го игнорирале неговото предупредување и седнале на софата и му свртеле грб.
„Ќе се погрижам за нив. Имаме двајца кои не ги почитуваат мерките“, рекол Маркс (29), пукајќи неколку истрели во холот.
Никој не е повреден, а Маркс тврди во полиција дека се свртел кон рецепцијата за да повика помош и како предупредување испукал четири истрели.
Инцидентот ја отсликува тензичната атмосфера на Флорида, едно од жариштата на пандемијата Ковид-19, каде е заразен секој 50-ти жител.
Маж во Флорида исто така беше уапсен минатата недела бидејќи вперил пиштол на лице кое го замолило да стави маска во супермаркетот „Волмарт“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Родителите на 2-годишната Данка во полиција во Бор: мајката одбила полиграф
Родителите на исчезнатата 2-годишна Данка Илиќ се донесени во полициската станица во Бор, објави „Телеграф.рс“.
Тие не се осомничени, но со нив се врши информативен разговор.
Ивана и Милош вчера дадоа исказ во присуство на Центарот за социјална работа.
Како што објави српски „Телеграф“, мајката го одбила полиграфскиот тест бидејќи е бремена.
„Девојчето Данка Илиќ се уште не е пронајдено. Апелираме до сите луѓе да не објавуваат информации кои не се проверени. Со тоа се нарушува и се загрозува истрагата во која е инволвиран и Одделот за криминалистичка полиција, изјавиле за „Телеграф.рс“ од српската полиција.
Регион
Дачиќ: Србија не е експериментално тело па на неа постојано да се крши меѓународното право
Министерот за надворешни работи и претседател на Социјалистичката партија на Србија, Ивица Дачиќ денеска изјави дека е срамно што Комитетот за политички прашања на Советот на Европа (СЕ) ја прифати препораката дека Косово ќе биде примено во Советот на Европа, и дека е спротивно на сите принципи на кои почива таа организација и посочи дека Србија не е „експериментално тело“ па на неа постојано да се крши меѓународното право.
„Првпат се препорачува членство на територија која не е меѓународно признаена, која не е членка на ОН. За да се постигне тоа се обидуваат да најдат оправдување и да кажат дека тоа не го прејудицира статусот, а потоа во втората реченица велат дека тогаш ставот на СЕ престанува да биде статусно неутрален“, рече Дачиќ.
Регион
Откриено кој го возел „пунтото“ во моментот на исчезнувањето на Данка
Кој го управувал автомобилот „пунто“ е откриено од видеото во случајот со исчезнувањето на девојчето Данка.
Преземено е видео од надзорната камера лоцирана во дворот на куќата на сосетката Јасмин Стојадиновиќ од Бањско Поле, која била прегледана од полицијата во текот на истрагата за исчезнувањето на Данка Илиќ (2) од Бор.
На видеото се гледа зелен автомобил „пунто“, кој во моментот на исчезнувањето на девојчето се движел по улицата со голема брзина. Возилото наводно било управувано од маж. Сепак, оваа информација не го олесни пребарувањето многу. Познато е дека бил сослушан во полиција.
Утврдено е дека се работи за сосед што живее недалеку од местото на кое исчезна Данка Илиќ. Според информациите, мажот бил во алкохолизирана состојба и возел со голема брзина.
Девојчето исчезна на 26 март во 13.45 часот.