Контакт

Свет

„Аксиос“: Трамп не се спротивставил на британските санкции против израелските населби

Објавено пред

Администрацијата на американскиот претседател, Доналд Трамп, не се спротивставила на иницијативата на Велика Британија за воведување нови санкции против израелските населби на окупираниот Западен Брег, што претставува сигнал за незадоволство од политиката на владата на Бенјамин Нетанјаху, објави „Аксиос“, повикувајќи се на американски функционери и западни дипломати.

Велика Британија во вторникот објави санкции против поединци и компании вклучени во изградбата на населби на Западниот Брег, а најави и забрана за увоз на стоки произведени во израелските населби.

Мерките следуваат по одлуката на израелската влада да продолжи со изградба на нова населба во чувствителната област Е1. Според оценките, проектот би го поделил Западниот Брег и би ја оневозможил територијалната поврзаност на идната палестинска држава.

На британската иницијатива ѝ се приклучиле Канада, Данска, Финска, Франција, Исланд, Ирска, Норвешка, Полска, Португалија, Шпанија и Шведска. Земјите соопштиле дека имаат намера да воведат национални ограничувања или да поддржат европски ограничувања за трговијата со стоки од израелските населби на окупираниот Западен Брег.

Како одговор, владата на Нетанјаху најавила затворање на британскиот конзулат во Источен Ерусалим, протерување британски дипломати и воени претставници од работната група за Газа предводена од САД и прекин на британската мисија за воена обука на Западниот Брег.

Според „Аксиос“, британскиот премиер Енди Барнам го информирал Трамп за плановите пред официјалното објавување на санкциите. Два извора запознаени со разговорот велат дека Трамп не се спротивставил и не побарал од Барнам да се откаже од мерките.

Американски претставници, исто така, им пренеле на британските колеги дека ја споделуваат нивната загриженост за политиката на владата на Нетанјаху, иако не се согласуваат со конкретните санкции.

Американскиот државен секретар Марко Рубио вчера не го осудил британскиот потег.

„Претседателот не го коментираше тоа, па нема ни јас. Знаевме дека ќе ја донесат таа одлука. Ги сослушавме нивните причини зошто го прават тоа“, изјавил Рубио, додавајќи дека заедничка цел е стабилноста и спречувањето пораст на насилството и тензиите на Западниот Брег.

„Аксиос“ објавува и дека Белата куќа се оградила од изјавите на американскиот амбасадор во Израел, Мајк Хакаби, кој ги критикувал санкциите во интервју за Би-Би-Си. Функционер на Белата куќа за медиумот изјавил дека неговите коментари не биле усогласени ниту со Белата куќа ниту со Стејт департментот.

Најново

Македонија39 секунди

Ферати-Пелеши: Односите Албанија – Северна Македонија, клуч за унапредување на соживотот и соработката

Министерот за односи меѓу заедниците, Агон Ферати, за време на посетата на Тирана се сретна со претседателот на Собранието на...

Македонија13 минути

Шасивари – Нгефа: Меѓународниот дијалог отвора нови перспективи за соработка

Министерот за правда Јетон Шасивари оствари билатерална средба со министерот за правда на Демократска Република Конго, Гијом Нгефа, во Истанбул,...

Свет28 минути

Мерц огорчен од посетата на Шредер кај Путин: Крајно неморално

Германскиот канцелар Фридрих Мерц е „длабоко огорчен“ од посетата на поранешниот канцелар Герхард Шредер на домот на Владимир Путин, каде...

Спорт39 минути

Мурињо го осуди таргетирањето на Мбапе: Го имате Сити, го имате Роналдо, но секогаш „удирате“ по Реал

Реал Мадрид утре ќе го пречека Виљареал, во осмата рунда, во Ла Лига. Во пресрет на натпреварот, Жозе Мурињо одржа...

Спорт54 минути

Ферстапен на пол-позицијата пред спринтот во Сингапур

Макс Ферстепен ја освои пол-позицијата за утрешната спринт трка, во пресрет на Големата награда на Сингапур. Четирикратниот светски првак, до...

Македонија56 минути

ЛДП: Владата ги крие неверојатните хонорари како за Стевановска за „Скопје 2014“, ЈО разбудете се

Владата се чини ја користи истата добро позната финансова шема од проектот „Скопје 2014“ за 35-годишнината од независноста. Како што...

Свет1 час

Кос ја предупреди Турција: „Ова не е начинот за пристапување кон Европската Унија“

Потиснувањето на опозицијата, медиумите и ЛГБТ заедницата во Турција ја оддалечува Анкара од нејзините европски амбиции, изјави комесарката за проширување...

Македонија1 час

Клековски во Берлин: Германија е партнер за модерно здравство – дигитализација, кадри и нови технологии

Министерот за здравство, Сашо Клековски, денеска учествуваше на министерскиот панел на високо ниво на 9. Германско-источноевропски здравствен форум во Берлин....

Македонија2 часа

Меџити: Новиот базен во училиштето „7 Март“, инвестиција од околу 1 милион евра за децата од Чаир

Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, го посети основното училиште „7 Март“, каде што одблиску го проследи напредокот на градежните...