Регион
Албанија доби условна препорака за почетокот на преговорите за пристапување на ЕУ, Хан ја критикуваше Турција
Европската комисија во средата ги усвои годишните извештаи за напредокот на земјите кандидати за членство во Европската унија, во којшто се истакнува, меѓу другото, и дека за Албанија е дадена условна препорака за отворање на пристапните преговори.
„Перспективата на членството во ЕУ и натаму е инструмент за трансформација и сидро за стабилноста во земјите во југоисточна Европа, а доследната политика на проширувањето и натаму е незаменлива алатка за јакнење на овие земји и за пружање помош на тие земји во спроведување на политичките и економските реформи“,м изјави еврокомесарот за соседска политика и преговори за проширувањето на ЕУ, Јоханес Хан во Брисел.
Главната вест во годинешниот пакет за проширувањето е условната препорака за Албанија за почеток на преговорите.
„Препораката е строго условена со веродостоен и чувствителен напредок во спроведувањето на реформите во правосудството, особено во довербата во судиите и обвинителите“, се наведува во извештајот на Европската комисија.
Препораката за отворање на преговорите не значи многу, доколку тоа не го поддржат земјите членки. Притоа најочигледен е примерот на Македонија, којашто веќе осум години добива препорака за отворање на преговорите, но тоа во Советот на ЕУ е блокирано поради противењето на Грција поради спорот со името.
Ова се последните проширувања кои се објавуваат во есен. Следните извештаи ќе бидат објавени дури во пролетта 2018 година и во иднина ќе се објавуваат напролет.
ЕК наведува во извештајот дека земјите кандидати и потенцијали кандидати оствариле напредок во изминатата година, но и оти се големи разликите меѓу нив.
Еврокомесарот Хан ја критикуваш состојбата во Турција.
„Таа (Турција) сигурно не се движи во европска насока“, изјави Хан изразувајќи загриженост поради масовните чистки на судии, образовниот и воениот кадар, по неуспешниот обид за воен преврат од 15-ти јули годинава. „Време е Турција да каже што сака“, порача Хан./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Завршено вештачењето на мобилниот телефон на мајката на Данка, биле бришени пораки и повици, објавија српските медиуми
Мобилниот телефон на мајката на Данка Илиќ бил испратен на вештачење по исчезнувањето на девојчето. Неофицијалните податоци говорат дека мајката избришала многу пораки и повици ден пред и на денот на исчезнувањето на Данка, објави српски „Блиц“.
Според неофицијални сознанија од истрагата, вештачењето на мобилниот телефон на Ивана Илиќ покажало дека се избришани многу пораки и податоци за повици, пишува српски „Информер“.
„На ден пред исчезнувањето и на денот на исчезнувањето на Данка Илиќ многу пораки и повици се избришани од телефонот. Ова го утврдиле инспекторите за високотехнолошки криминал. Пораките и повиците може да се избришат од телефонот, но да останат во базата на податоци“, рекол изворот.
Како што се дознава, пред исчезнувањето на Данка Илиќ мајката трипати го фотографирала детето од разни агли.
Да потсетиме, мајката на Данка Илиќ, Ивана, денеска повторно е во полициската станица во Бор, каде што е на распит за околностите на својата исчезната ќерка. Таткото помина на полиграфското тестирање.
Регион
„Клучот е кај родителите, тие мора да одговорат на едно прашање“, вели поранешен шеф на белградската полиција за случајот со исчезнувањето на Данка
Родителите се тие што имаат многу да објаснат. Прво, зошто чекаа да го пријават исчезнувањето? Колку што знам, чекаа два часа. Познато е дека кога ќе исчезне дете, веднаш се пријавува за да се реагира бргу, изјави Марко Ницовиќ, поранешен началник на белградската полиција, за „Телеграф.рс“.
Според Ницовиќ, полицијата оди во добра насока бидејќи ја проверува секоја педа од земјата, но се надеваат и дека темелно се проверуваат граничните премини бидејќи не ја исклучуваат можноста за киднапирање.
„Би можело да биде сè, не е исклучена никаква можност. Ако мајката рече дека го оставила девојчето на минута, го поставуваме прашањето каде би можело да оди двегодишното дете? Колку далеку, без мајка му да го најде? Второ, зошто чекаа два часа? Има простор и за киднапирање, а знаеме дека границата е блиску, но и за многу повеќе. Отворени се многу прашања и останува да се почека истражните органи да си ја завршат работата“, вели Ницовиќ за српски „Телеграф“.
Да потсетиме, потрагата по двегодишната Данка Илиќ влезе во четвртиот ден. Во потрагата од утрово се вклучени уште 18 пожарникари и кучето Зиги.
Багери вчера цел ден копаа и вадеа ѓубре и шут од куќата, а пред куќата каде што последен пат беше видена исчезнатата Данка по која трага цела Србија, пристигна тешка механизација, која ќе продолжи да работи денес за да се расчисти теренот.
Регион
Нов силен земјотрес ја погоди Грција: се стресе на Крит
Нов земјотрес со јачина од 3,7 степени според Рихтеровата скала ја погоди Грција, соопшти ЕМСЦ.
Земјотресот е регистриран на Крит, на 62 километра од Ираклион, на длабочина од 16 километри.
Земјотресот е регистриран во 12.37 часот по локално време.
Засега нема информации за повредени или материјална штета.
Грција утрово ја погоди силен земјотрес со јачина од 5,7 степени според Рихтеровата скала по што следеа афтершокови.