Контакт

Свет

Бретон: Клучот за решавање на конфликтот на Блискиот Исток е во рацете на Иран

Објавено пред

И покрај заканите на американскиот претседател Доналд Трамп, клучот за решавање на конфликтот на Блискиот Исток е во рацете на Техеран, изјави денес Тиери Бретон, поранешен европски комесар за внатрешен пазар за периодот од 2019 до 2024 година, во првата администрација на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен. Бретон рече дека деблокирањето и отворањето на Ормускиот теснец, клучна поморска рута за глобалниот проток на гас и нафта, зависи исклучиво од волјата на иранската влада, пренесува BFM TV. „Оние кои ги држат клучевите за решението се Иранците, без разлика дали ни се допаѓа или не. Иранците се организираа и не се сами. Таа земја влезе во асиметрична војна, соочувајќи се со најдобрата армија во светот, и се подготви за тој конфликт“, тврди Бретон.

Според него, и покрај успехот на операцијата за спасување на американскиот пилот кој падна зад американските линии, Тиери Бретон сè уште го гледа Иран во силна позиција. „Кина испорачува компоненти, знаење, GPS координати. Пентагон почнува да се грижи, воените резерви се намалуваат. Доналд Трамп е под притисок, особено од американските гласачи“, истакна Бретон.

Рокот од 10 дена за деблокирање на Ормуз што американскиот претседател Доналд Трамп му го даде на Иран истекува вечерва, но тој го продолжи рокот за 20 часа и потврди на својата мрежа Truth Social дека новиот рок е вторник во 20:00 часот по источно американско време (ET).

„Иран преговара за премин низ Ормускиот теснец со земји како Филипините, сојузник на САД, со Виетнам и Тајланд. Ормускиот теснец не е затворен за сите. Се прават дипломатски напори во односите со Иран“, забележува Тиери Бретон и додава дека е логично бродовите на Американците и нивните сојузници да се блокирани и дека тоа го иритира Доналд Трамп.

„Американскиот претседател се закани дека пеколот ќе владее над Иран ако конфликтот продолжи. Тој би можел да нареди уништување на мостови или електрани, но тоа е злосторство против човештвото“, рече Тиџери Бретон, пренесува Танјуг.

Најново

Свет7 часа

Трамп до американските телевизиски станици кои не го емитуваа неговото обраќање: Треба да им бидат одземени лиценците

Две од трите главни американски телевизиски мрежи, NBC и ABC, како и CNN, не го емитуваа обраќањето на Доналд Трамп...

Свет8 часа

Пекинг: Кина нема интерес да влијае на американските избори

Портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Лин Џиан, денес изјави дека Кина ги отфрли тврдењата на американскиот претседател Доналд...

Свет8 часа

Повеќе од 50 куќи уништени во пожар во Норвешка

Повеќе од 50 куќи беа уништени во пожар што избувна денес во близина на градот Драмен во јужна Норвешка, но...

Свет8 часа

(Видео) Канадските пожари ги зафатија Вашингтон, Чикаго, Детроит: постои загриженост пред финалето на Светското првенство

Околу двесте пожари надвор од контрола горат низ Канада, а чадот што се шири од овие пожари, исто така, зафати...

Свет9 часа

Девојче во Италија почина откако косата ѝ се заглави во одводот на базенот

Единаесетгодишно девојче почина во болница откако косата ѝ се заглави во одводот на базенот во Сестри Леванте. Девојчето, идентификувано како...

Црна хроника9 часа

Загина 54-годишен маж од Прилепско: се превртел со тракторот

Синоќа во 20:00 часот во СВР Битола било пријавено дека во атар на с. Подмол, прилепско, бил пронајден превртен трактор,...

Свет9 часа

Eвропа крева штит: Мерц и Макрон ги здружија силите против Кина

Германскиот канцелар Фридрих Мерц и францускиот претседател Емануел Макрон денес ветија дека ќе ја продлабочат одбранбената соработка и ќе се...

Македонија9 часа

ДОМ: Дали при оценката на оправданоста за изградба на Национален дата центар, покрај техничките и финансиските параметри се земени предвид и еколошките стандарди?

Најавата за изградба на Национален дата центар отвора важно прашање на кое засега нема јасни одговори. Министерот за дигитална трансформација...

Македонија10 часа

Левица по труењето во Гостивар: Време е да се признае колку државата назадува од Југославија наваму

По актуелната состојба во Гостивар, каде повеќе од илјада граѓани побарале лекарска помош, а поради сомнеж за неисправна вода за...